Тишина

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ја гледав првата епизода на канал5 и морам да кажам дека серијата е интересна.Се надевам дека нема да ја зезнат како Езел на крајот ништо да не испадне од неа.Се работи за пет деца,четири момчиња и едно девојче.Еден ден тие прават една грешка.Една несреќа ќе го смени нивниот живот засекогаш и отогаш нивните патишта се разделуваат,со намера никогаш повеќе да не се сретнат и да не се присетат на таа грешка.По дваесет години,другарите од детството дознаваат дека едниот од дружината е в затвор за убиство.Го знаат убиениот и знаат зошто е убиен.Се обединуваат повторно со цел да го спасат другарот и да наплатат за нивната несреќа пред дваесет години.
Што друго да се каже,гледајте ја серијава па пишете некое коментарче.

2012-10-01-suskunlar-21.-bolum-tek-parca.jpg
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас па се затрчав, насловов ми заличи на некое поетско излагање, тоа Саваш да ти бил, на Надиде дечко и :D

Ќе ја гледам, док ми се киснат јамболиите, да се занимавам...па ќе ви пишам импресии обавезно .

:place:place ...ова дека осеќам колку солзи ќе се пролеат, колку тоалет папир ќе се потроши...
Има нешто таговно у погледот на Саваш ага.