Типови (видови) љубов

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
- Симпатија - кога постои симпатијата, постои интимноста, но не и страста и обврзувањето.

- Страсна љубов или вљубување на прв поглед – постои страст, но врската не се развива до блиски односи на интимност и приврзаност.

- Празна (измислена) љубов – постои приврзаност и страст. Овој тип љубов се пројавува во почетоците во кои двојката останува заедно од навика или кај брачни двојки што не прифаќаат разделување или развод поради најразлични причини: финансиски, морални, деца и слично.

- Романтична љубов – комбинација од интимност и страст. Тоа е бурна врска, која може да биде типична за првата фаза на вљубувањето, но без решение за обврзување.

- Слепа љубов или „тип Холивуд“ – кога мажот и жената се вљубуваат страсно еден во друг, се женат помпезно и гламурозно, без вистински да се познаваат и без да достигнат до интимноста и заемните преживувања. Тука има страст, но нема интимност.

- Љубов – другарство/партнерска или уште наречена сопружна љубов. Ова е љубов каде што има интимност и обврзување, но не и страст. Таа може да претставува долговремено пријателство, платонска љубов, а може да биде и брак. Во оваа љубов партнерите се многу блиски и интимни, но сексот не е основен фактор.

- Совршената љубов – е кога има страст, интимност и обврска.

Секако дека овие комбинации не мора да значат дека се крајни и одлучувачки за една врска. Секоја врска се раѓа на различен начин и поминува различен период. Можно е во одреден период од врската да постојат само две компоненти, а една да изостанува, па подоцна да се појави таа што ја немало, а да исчезне друг.
Сепак, партнерите во една здрава врска би требало да ги негуваат и да ги разгоруваат сите три компоненти и да постои еден баланс меѓу нив.
Во кој стадиум е вашата моментална љубов?
(извор нова македонија)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Оваква љубов онаква љубов
Романизирање и пробување да се опише со зборови. Ама брате коа ќе те пукне ич не те интересира у кој левел, стадиум, начин, шоидае, си влегол.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
СОВРШЕНА! има љубов, страст, интимност, обрвска, жестоки караници... уште по жестоки смирувања... разбирање, безусловно прифаќање, бранење пред сите, критикување на само!
како маж и жена сме си!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and N|ghtmare_f

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
- Совршената љубов – е кога има страст, интимност и обврска.
со лаптопот многу си се сакаме...
имаме страст, интимност и обврска(ама само јас спрема него)
дури имаме и заедничка песна:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and ZmajChe

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Хмм. да бидеме пореални, СОВРШЕНА љубов не постоии! :))
Сите мислиме дека е совршена кога сме заљубени и кога се е како “под конец“, ама.. баш тоаш не е :) Be sure :)
Тоа е реалноста..
А сите ние би сакале момче/девојка од соништата. Убав/а, да ни оди по кевот, да го/ја сакаме, да не сака и сл. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca