Тепаниот тепан а онај другиот каков беше?

choslav

Нов член
28 септември 2012
1
2
3
Полу заспан или полу разбуден...( изгледа зависи што си праел пред тоа)..Јас дефинитивно бев нешто од овие две и ова сабајле. Ѕвони некоја чудесна мелодија од некојси силни басови помешани со синтисајзер ала Митар Мирич. Си викам ќе да е овај комшијата пак нешо од сабајле се карале со женаму па сеа и се одмаздува (неам појма кои се тие ликови,знам дека имаат малечко дете и дека му урлаат и викаат на кутрото дете секој заебан ден). Ко по навика перница на глава ама џабе,вришти музика ко на рингишпил да си. Да беееее (на крај ми светна), дефинитивно мојот мобилен. Незнам дали ми е ноф,пошо ми го дадоа кога мојот го однесов на сервис заради некој заебанции. Дефинитивно е стар ама пошо го иам од сношти ќе да е нов. Да не тупам. Ме разбуди еден стар пријател ( не мој стар,него типот беше стар) да се видиме за некој муабет, горе долу безвезален.После него дирек кај Шарк кој ме чекаше во Гоце. Се изнасобравме сВите...

Пијаме кафе,раскажуваме новитети, кога однекаде долета сестрата на Шарк М ,која инаку беше докторка, оваа недела дојдена во Гоце на некој ден, растревожена до максимум.
“Кај си бе М” – и дофрлам.
“Абе бегај никаде кај сум, незнам глата кај ми е. ”
“Одошто толку” – морав да прашам поќе као шаблонски
“Сношти се издешаваја триста срања, кај излегов во тоа проклето диско, кај се запустив. ”
“ААААААА – и викам – Пак си се испијанила БАЈЃИ” ( пази студент ко ќе пија не се пијани,студент ко ќе пија се пијани БАЈЃИ)
“Не бе ќоро” - како шо знаеше да ми се обрати како мене така и на сите..
.(јака беше една дешавка кога еден тип шо седеше исто во Гоце а беше со тотално слепило го помешала со еден наш другар и едно сабајле недорасонета му се избацила од далеку и му рекла –
КАЈ СИ ЌОРОООООО!!!!!..
.типов само се свртел и рекол – “Свашта”..одтогаш се крија ко ќе иди тој од некаде(не дека можи да ја види),ама ради реда)
“Зборувај ” – и викам,сега веќе заинтригиран.
“Сношти со цимеркиве бевме собрани кај едни другари од Берово, и решивме после тоа да појдиме во дисковоЦело време си седиме на шанк, пијаме се заебаваме и наеднаш се избацува еден тип во вид на шифоњер и почнува да се чепка со другаров. ”
“Такви се шофоњерите,заебани” - се надоврза Гоци видно изнервиран
“Гледав и јас се, кутро дете го сакатија од мање..”
“Кој бе” – му викам
“Абе некој Волк или Тигар или Овчар неам појма, едно детенце од Берово..абе крвој го напрај.”
“М го знајш детето?” – и викам на М
“Го знам како не,кај него бевме вечерта...јас на болница го носев, лицето му е Крш..”
“И добро М пријавивте во полиција, покренаа истрага ова она..”
“Дојдоја бе брат дојдоја , сакајa мене за сведок да ме земат ама изгледа нема да сведочам а незнам и некој друг шо би сведочел.”

Упс....Наидовме на препрека јас и мојата рационално справедлива мисла..Не стигнав ни да го процесирам одговорот кога се уфрли веднаш после ова диџејот.

“М и јас ти викам да не сведочиш, јас сум бил нон стоп во вакви срања со музикава, ич да не одиш, оти после ќе си имаш проблеми и со нив.. Не го гледаш Волкот колку е улав..ќе не фати сите ќе не испука..речиму не си видела ништо и готово..”

Се постигна апсолутно мнозинство.Сите беа ЗА овој предлог.
Се запрашав...добро бе само ние сме вакви будали или ги има секаде по светот...
Знаев за вакви фори уше одамна..уште од моето родно место каде што живееа една фамилија фраерчиња, “Килери” ги викаа...Праеја тепачки и пиздарии до кај шо ќе стигнеа и никој ништо не му можеше пошо никогаш неможеа да најдат сведоци што ќе сведочат против нив..Сите се плашеа од тоа што се може да ти направи чеок без мозок...
Си викам дали тек сега сме ние во онаа првобитна фаза на Италија пред Фалконе?....Дали треба некој да се ризикува за општото добро?...Кој би го направил тоа?...
Еве да сум јас во таква ситуација не верувам и јас дека ќе сакам да се заебавам цел живот со такви Неандерталци...

Кај е почетокот и дали се гледа крајот? Често се дешава ова или ние сме во момент на заблуда?....Кој ќе биди мразокршачот а кој куродркачот?...
Ако не сведочи никој, никој нема да заглави во нивната мизерна животна одмазда. Супер, ама стартно тоа со себе понесува можност за истово дело да се повторува безброј пати на различна “клиентела”...
На било кој начин, за некое време некој пак ќе го папа, вака или онака...
Тоа е тоа....финтата е дали свесно ќе избериш или ќе чекаш тебе да ти се падни паричето по случаен избор.
Кај се тука одржувачите на законот?...Кај се механизмите кои шо овие нешта треба да ги доведат пред лицето на правдата, и како да му помогнат на тие шо се пиуни со кој шо треба да ја решаваш партијата?.
Ако сведочиш...сам си одлучил да јадиш ќотек...,ако одбијаш чекаш во некое наредно пијано диско ,истите пијани типци, на истото место , повторно да те промаршат тебе за сметка на некој несреќник.......Меѓутоа изгледа за довека ни останува онаа поговорката шо опишува недостаток на ТЕСТИСИ....


Тепаниот - тепан, а тој другиот...тешко него”

П.С. Поради вулгарноста на нашите умотворби оваа поговорка нема да ја добие својата вистинска форма(инбокс е секогаш тука)