Еве нешто да се запознаеме со нашиот балкан.
Југославија се растури, а многу луѓе тврдат дека има некои тајни како на пример оваа:
Според голем број статии и дискусии на Интернет, во ноември 1966 во Југославија се срушил НЛО, во близина на местото Оточек. Припадниците на Воената полиција на ЈНА извлекле тело на неидентификувано суштество од леталото кое веднаш го однеле во Белград на обдукција.
Иако југословенските власти објавиле дека всушност се срушил авион во кој загинал еден пилот, фотографиите кои се најдоа на Интернет во 1999 година зборуваат за една поинаква приказна.
На сликите, се гледаат доктори-хирурзи во мантили и нараквици кои извршуваат обдукција, а се гледа и дека суштеството сигурно не е човек.
Настанот е брзо заташкан, а за него бил известен и Јосип Броз кој наводно и сам го видел телото на вонземјанинот, пишуваат српските медиуми. Тогашната воена контра-разузнувачка служба ги уништила сите документи, но сепак некои слики се појавиле во јавност во 1999 кога наводно ги поставил внук на еден од лекарите кои ја вршеле обдукцијата, а кој сега живее во Словенија.
Треба да се напомене дека сликите веќе некое време кружат низ Интернет, но досега никој службено нема потврдено дека станува збор за веродостојни фотографии. Лекарите изгледаат типично за тогашните југословенски доктори, а квалитетот на црно-белите фотки се во склад со тогашните фото апарати. Вистина или не, останува да се види и времето да покаже!
Извор: http://www.fakulteti.mk/news/11-07-27/vonzemjani_vo_jugoslavija_-_najgolemata_tajna_na_tito.aspx
Ваше мислење дали е вистина, и некое друго откритие ако имате додадете да прокоментираме
Југославија се растури, а многу луѓе тврдат дека има некои тајни како на пример оваа:
ВОНЗЕМЈАНИ ВО ЈУГОСЛАВИЈА - НАЈГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ТИТО
Имајќи ја предвид силата на режимот на Тито, многу политички и општествени тајни се држени далеку од очите и ушите на тогашните граѓани на СФРЈ. Така, за еден настан од средината на 60-те знаеле само Јосип Броз и неговите најблиски соработници