
Таеквондо

И покрај настојувањето на првата генерацијатеквондо-мајстори, кои се обиделе да го обединат теквондото во една стандардизирана боречка вештина, тоа не им успеало во целост. Главниот раздор вотеквондото е поделбата на kukki-теквондо(меѓународно претставено преку World Taekwondo Federation (WTF)) и ИТФ теквондо. Kukki-теквондо се тренира во Јужна Кореја, а во Северна Кореја е присутно само ИТФ теквондото.
Титули
Теквондо титулите се делат на десет ученички титули (keup) и десет мајсторски титули (дан). Се тргнува од десеттата титула keup (бел појас), сѐ до мајсторските титули дан (црн појас). Натпреварувањата во теквондо обично се групираат по титули, така што противниците се со слични можности меѓу себе.
Техники
Теквондото се дели на пет составни делови:
-Основи (Kibon)
-Форми (Poomsae)
-Самоодбрана (Hosinsul)
-Кршење (Kyokpa)
-Борба (Kyorugi)

Олимписко теквондо
Теквондото прв пат се појави како демонстрационен спорт наОлимписките игри во Сеул 1988 година, па повторно во Барселона 1992 година. Од Сиднеј 2000,теквондото е стандарден дел од Олимписките игри.НаОлимписките игри учествуваат и женски и машки натпреварувачи.

Борбата по правилата наWTF се состои од 3 рунди од 2 минути, по правила на full contact. Борбата се завршува со нокаут, предавање, дисквалификација или пребројување бодови на крајот од мечот. Во случај на нерешен резултат, се одржува додатна рунда по принцип на златен бод. Ако резултатот на крајот од додатната рунда сеуште е изедначен, судијата одредува победник.
Дозволени техники се удари со шака во тело, како и удари со нога над половината. Удар во тело вреди еден бод, удар во глава два бода.
За недозволени удари се добива опомена (kyonggo), две опомени претставуваат негативан бод (gamjeom). Во случај на тежок прекршок, судијата може автоматски да додели негативен бод. Четири негативни бода носат дисквалификација.
Опрема
WTF пропишува користење на следнава заштитна опрема при спортска борба: штитник за тело (hogu), штитник за глава, штитници за подлактици и потколеници, штитник за препони и штитник за заби.
Пред кратко време гледав видеа и ме заинтересира овде, побарав на нет и ги најдов момциве од Бутел. Страшни се секоја им чест!
Па ако имате искуство со овој спорт кажете импресии и дали сте задоволни или сепак да си одам на џудо или карате? Сериозно размислувам..
