Таеквондо | 태권도

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
72px-Taekwondo.svg.png
Таеквондо
%D1%82%D0%B0%D0%B5%D0%BA%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%BE.png
Тае
квондо(Taekwondo) е корејска боречка вештина која настанала во 40-те години на 20-от век со спојување на различни вештини кои се вежбале во тоа време. Името доаѓа од зборовите Tae, што значи удар со нога, Kwon, што значи удар со рака и Do, што значи пат. Таеквондото е удирачка вештина која се одликува со атрактивни ножни техники и брзина. Денес теквондото се смета за еден од најпопуларните боречки вештини и спортови, а бројот на вежбачи во светот се проценува на повеќе од 100 милиони.
И покрај настојувањето на првата генерацијатеквондо-мајстори, кои се обиделе да го обединат теквондото во една стандардизирана боречка вештина, тоа не им успеало во целост. Главниот раздор вотеквондото е поделбата на kukki-теквондо(меѓународно претставено преку World Taekwondo Federation (WTF)) и ИТФ теквондо. Kukki-теквондо се тренира во Јужна Кореја, а во Северна Кореја е присутно само ИТФ теквондото.
Титули
Теквондо титулите се делат на десет ученички титули (keup) и десет мајсторски титули (дан). Се тргнува од десеттата титула keup (бел појас), сѐ до мајсторските титули дан (црн појас). Натпреварувањата во теквондо обично се групираат по титули, така што противниците се со слични можности меѓу себе.
Техники
Теквондото се дели на пет составни делови:
-Основи (Kibon)
-Форми (Poomsae)
-Самоодбрана (Hosinsul)
-Кршење (Kyokpa)
-Борба (Kyorugi)
%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%BE2.jpg
Повеќето клубови денес се специјализираат за натпреварувачкиот дел натеквондото (борбен тренинг и вежбање форма), но сите делови на теквондото се важни за постигнување на мајсторските титули.
Олимписко теквондо
Теквондото прв пат се појави како демонстрационен спорт наОлимписките игри во Сеул 1988 година, па повторно во Барселона 1992 година. Од Сиднеј 2000,теквондото е стандарден дел од Олимписките игри.НаОлимписките игри учествуваат и женски и машки натпреварувачи.
%D1%82%D0%B5%D0%BA%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D0%B4%D0%BE3.jpg
Правила
Борбата по правилата наWTF се состои од 3 рунди од 2 минути, по правила на full contact. Борбата се завршува со нокаут, предавање, дисквалификација или пребројување бодови на крајот од мечот. Во случај на нерешен резултат, се одржува додатна рунда по принцип на златен бод. Ако резултатот на крајот од додатната рунда сеуште е изедначен, судијата одредува победник.
Дозволени техники се удари со шака во тело, како и удари со нога над половината. Удар во тело вреди еден бод, удар во глава два бода.
За недозволени удари се добива опомена (kyonggo), две опомени претставуваат негативан бод (gamjeom). Во случај на тежок прекршок, судијата може автоматски да додели негативен бод. Четири негативни бода носат дисквалификација.
Опрема
WTF пропишува користење на следнава заштитна опрема при спортска борба: штитник за тело (hogu), штитник за глава, штитници за подлактици и потколеници, штитник за препони и штитник за заби.
Пред кратко време гледав видеа и ме заинтересира овде, побарав на нет и ги најдов момциве од Бутел. Страшни се секоја им чест!
WEB: http://macedonia-itf-taekwondo.com/
Па ако имате искуство со овој спорт кажете импресии и дали сте задоволни или сепак да си одам на џудо или карате? Сериозно размислувам.. :)
 

TKD123

Нов член
4 септември 2014
1
0
1
31
ЗА СИТЕ ШТО САКААТ ДА ОДБЕРАТ КОЈ СПОРТ КЕ ГО ТРЕНИРААТ ЗА НИВ ИЛИ ЗА СВОЈТЕ ДЕЦА , ЕВЕ ЕДНА МАЛА ДЕМОНСТРАЦИЈА НА ТАЕКВОНДО ОД ТАЕКВОНДО КЛУБ БУТЕЛ