Дечки одамна не сум се активирала на форумов, па сакав да Ви ги честитам прво Новогодишните и Божиќните празници и да ви посакам успешна година исполнета со многу здравје и љубов.
Темава ја отварам затоа што еве веќе некое време размислувам да се пријавам во клуб за стрелаштво.
Во мојот град нема таков клуб и колку што се распрашавав само разбрав за некое си ловачко здружение , што не е она што јас го барам.
Уште како мала си правев мета од картон, го закачував на ѕид и пукав со пиштол на метци, додека моите другарки претежно играа некои поженски игри да ги наречам
(Ѕидот долго време беше цел со дупчиња)
Дали знаете за некој таков клуб во Скопје, и кои се условите. Или дали некој од вас бил зачленет или познава некој кој е.
Значи сакам да научам да користам оружје, и да си земам дозвола здравје боже, да си биде се легално.