Стрелачки Клубови

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Дечки одамна не сум се активирала на форумов, па сакав да Ви ги честитам прво Новогодишните и Божиќните празници и да ви посакам успешна година исполнета со многу здравје и љубов.

Темава ја отварам затоа што еве веќе некое време размислувам да се пријавам во клуб за стрелаштво.
Во мојот град нема таков клуб и колку што се распрашавав само разбрав за некое си ловачко здружение , што не е она што јас го барам.

Уште како мала си правев мета од картон, го закачував на ѕид и пукав со пиштол на метци, додека моите другарки претежно играа некои поженски игри да ги наречам :) (Ѕидот долго време беше цел со дупчиња) :)

Дали знаете за некој таков клуб во Скопје, и кои се условите. Или дали некој од вас бил зачленет или познава некој кој е.
Значи сакам да научам да користам оружје, и да си земам дозвола здравје боже, да си биде се легално.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Имаш кај Кале, малку е скапо ама вреди да се издуваш. :)

А за легално оружје, со сегашниве закони, малку потешко... Потребни ти се добри врски за да извадиш дозвола...
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Имаш кај Кале, малку е скапо ама вреди да се издуваш. :)

А за легално оружје, со сегашниве закони, малку потешко... Потребни ти се добри врски за да извадиш дозвола...

Се плаќа на годишно ниво или така месечно, со што се оди одредени денови?
Клубот како се вика ако знаеш? Не сум од Скопје па за да знам да се распрашам.

А за дозвола знам дека е тешко.... Мислам дека би имала некоја врска да повлечам (пак ќе потенцирам мислам) , ама се во свое време.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Се плаќа на годишно ниво или така месечно, со што се оди одредени денови?
Клубот како се вика ако знаеш? Не сум од Скопје па за да знам да се распрашам.

А за дозвола знам дека е тешко.... Мислам дека би имала некоја врска да повлечам (пак ќе потенцирам мислам) , ама се во свое време.
Е не знам за тоа, јас два-три пати сум бил за разонода и плаќав по куршум (од 30 денари па нагоре). Стрелиштето се викаше Таргет, кај СРЦ Кале, исто така го имаш и попознатиот Камник, кој е на отворено. За членство во стрелачки клубови не сум се распрашувал, најдобро е ти да ги посетиш сама местава и да си прашаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Јас тренирам стрелаштво и сум 4 години член на спортска стрелачка федерација на Македонија :)
Ние во Охрид имаме клуб ама немаме доволно средства за издржување на стрелиштето и за потребите на стрелците.
Во Скопје има стрелиште ДТВ Партизан се вика (нешто така, можеби грешам) и се наоѓа одма позади Сити Мол. На последниот натпревар како да видов дека пишуваше 600 денари месечно е чланарина. Е сега како оди со оружјето, муницијата и опремата стварно не знам. Кај нас се` е бесплатно и плаќаме 600-800 денари годишно.
И да, ако си член на спортска стрелачка федерација и ако имаш добри резултати како и редовни тренинзи, автоматски ти следува легитимација од ссфм.
http://forum.crnobelo.com/threads/Стрелаштво.2549/
 
Фала emzzy на информацииве.