Стив Ирвин (Ловец на Крокодили)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Поттик за да ја отворам темава ми даде емисија на 5+ (која моментално се прикажува), нешто како документарец за Стив Ирвин.

Стивен Роберт Ирвин е познат како ловец на крокодили и е телевизиска ѕвезда. А е познат и по неговата емисија Ловец на Крокодили - оригинален и научнопопуларен филм за животни во дивината со учество на неговата жена Тери Ирвин. Тие имаат сопствена Зоолошка градина во Квинсленд. Имаат две деца.

Стив Ирвин загинува на 4 септември 2006 година, кога при гнурење, ража го прободува со отровната опашка во близина на срцето.

702px-Steve_Irwin.jpg

Снимена смртта на Стив Ирвин

Телевизиската екипа која го придружуваше ловецот на крокодили на правењето на документарецот "Најсмртоносните животни на океанот" успеала да го сними целиот несреќен случај во кој Стив Ирвин го загуби животот. На клипот се гледа како ражата го прободува Ирвин во срцето и како тој успева да ја извади отровната опашка од своите гради. По ова Ирвин веднаш умира.

Според неговиот менаџер, снимката како доказ се наоѓа во полицијата, каде ќе остане до завршување на истрагата и обдукцијата. Од полицијата изјавиле дека нема ништо сомнително во смртта на Ирвин и дека тој на ниту еден начин не го провоцирал животното.
Австралиските медиуми ги пренесуваат сведоштвата на неколкумината кои биле сведоци на настанот и ја имаат видено снимката.
"Тој се наоѓаше во плитка вода, околу 2 метра, и пратеше ража голема околу 1 метар, тешка сигурно повеќе од 100 килограми. Животното најверојатно се почувствува загрозено, бидејќи Стив пливаше паралелно со него а еден од камерманите беше поставен пред него. Застана во одбранбена положба и замавна со опашка," објаснил еден од присутните на трагичниот настан.
Иако се вооружени со отровни и шилести опашки, ражите нив ги користат само за одбрана и екстремно ретко се одлучуваат да нападнат човек.
Во знак на почит, австралиската влада одобри Ирвин да биде закопан со сите државни почести, доколку тоа го дозволи неговото семејство. По информациите за неговата смрт, австралискиот парламент ја прекина седницата.
Инаку портите на неговата зоолошка градина се затрупани од цвеќе, венци и свеќи од илјадниците пријатели, колеги и фанови. Меѓу другите, сочувство изразија премиерот и министрите на австралиската влада, генералниот директор на ТВ мрежата Дискавери и повеќе универзитетски професори.

Снимка од смртта на Стив.

Сега ја даваат репризата на сите епизоди од Стив. Но јас и првпат кога почна да се емитува во Македонија, не го пропуштав. Омилен ми беше. Дури и сеа гледам некои епизоди кога имам слободно време.
 

Snow

Староседелец
29 април 2012
677
440
1,073
Марс
Само што го гледав на телевизија..
Бтв незнаев дека е мртов :place
 

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Колку само ги сакаше животните, застана лице во лице со сите опасни животни, беше чудо од човек кој за многу голема среќа сега има наследник кој сигурно ке биде полуд однего, неговиот син Воб.

irvin.jpg


article-2127859-1289e65b000005dc-799634x925.jpg


article-2127859-1289e60b000005dc-504634x743.jpg


А ова видено ми е најинтересно :D

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14 and Snow