Став

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Извинете ако веќе постои ваква тема, не проверив, но деновиве на форумов поради отсуство од здрави теми и зрели дискусии и озбилни членови,на игра на препукувања со зборови беше и зборот СТАВ!
Неколкупати искритикувана дека јас немам свој став ме поттикна за оваа тема.Каква психолошка структура е ставот,дали се раѓаме со сопствен став,дали тој се учи,менува,надградува? Како се рефлектира и дали е поврзан со емоции,со зрелост,години на искуство?Дали ставот делува како реакција на некоја акција?
Има ли физички став,нели знаеме за некого да речеме дека има убав став или нема везе овој физичкиот со умствениот?
Мојот став искрено да си признам се менува со годините, со искуствата или животот и околината и сите збиднувања допринесуваат за негово моделирање.Постои ли нешто лошо ако човек нема цврст став?
Би сакала да прочитам размислувања од @Homunculus кој најмногу го смомна мојот став.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Prashina

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Директно се даунлодира, за клатење врата во државно, субвенции, сендвичи и понекој тендер...
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Директно се даунлодира, за клатење врата во државно, субвенции, сендвичи и понекој тендер...
Дали твоето мислење да го сфатам дека и твојот став иде даунлод кога ке те купат со еден сендвич,тендер или кога ке ти дадат да поклацкаш...врата!?
Ставот за мене е променлива состојба,треба да се гради и учи но продадена душа е вродена,таа не се менува,така се раѓа и нема врска со став.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Јас ставот го сметам за еден голем дел кој ја гради личноста. Никој не се раѓа со став така програмиран па да функционира цел живот со некое исто однесување и сфаќање. Кога човекот е дете нормално е да нема свој став туку за негов став се смета воспитувањето и знаењето кое му го предаваат неговите родители, учителките на училиште и слично.
Како расте човекот така почнува да го гради својот став. Се среќава со ситуации со кои мора да се соочи сам со своја глава, што значи дека како созреваш така својот став го градиш врз основа на искуствата. Исклучок е ако својот став го градиш врз основа на телевизијата како што е денес па останеш како тиква цел живот :D
Лошо е кога човек нема свој став. Тогаш наликува како неколку глупи личности да си го сменуваат местото на секои неколку минути. Најлошо е кога што од не воспитување, што од не образование, што од тврдоглавост човекот има предрасуди. Е тоа се тие луѓе кои немаат свој став па во нивното главче дозволуваат секој да им пикне нешто не логично, не основано, па тие без размислување тоа го користат. Ако некој покажува кон некого со прст и они ќе покажуваат, само жално е што тој што прв покажувал ќе се тргне а овие со предрасудава, без став цело време ќе покажуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Тоа „став“ е поим наметнат од водачите на светот за да му овозможат на обичниот човек да се почувствува како единка и различен од другите, а всушност дури и тоа што се нарекува став е контролирано од големите корпорациски умови затоа што нивните брендови владеат насекаде, сублиминалните пораки во филмовите кои се популарни исто придонесуваат за контрола на обичниот ум, вестите кои обичниот човек ги конзумира за градење став се исто контролирани од големите корпорациски умови, збиднувањата и се` што се случува ширум светот е иницирано од големите корпорациски умови со цел поголема контрола на обичниот човек.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тоа „став“ е поим наметнат од водачите на светот за да му овозможат на обичниот човек да се почувствува како единка и различен од другите, а всушност дури и тоа што се нарекува став е контролирано од големите корпорациски умови затоа што нивните брени владеат насекаде, сублиминалните пораки во филмовите кои се популарни исто придонесуваат за контрола на обичниот ум, вестите кои обичниот човек ги конзумира за градење став се исто контролирани од големите корпорациски умови, збиднувањата и се` што се случува ширум светот е иницирано од големите корпорациски умови со цел поголема контрола на обичниот човек.
Па не би го дефинирала зборот став како поим што е наметнат...пре би рекла дека СТАВ е една позиција која ја зазема секој човек зависно од ситуацијата во која се наоѓа и од целокупното негово знаење,неговата емоционална состојба и неговиот карактер.Ако ме рчкаш одма заземам противодбранбен став или борбен став(ова како за шала земи го).
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Тоа „став“ е поим наметнат од водачите на светот за да му овозможат на обичниот човек да се почувствува како единка и различен од другите, а всушност дури и тоа што се нарекува став е контролирано од големите корпорациски умови затоа што нивните брендови владеат насекаде, сублиминалните пораки во филмовите кои се популарни исто придонесуваат за контрола на обичниот ум, вестите кои обичниот човек ги конзумира за градење став се исто контролирани од големите корпорациски умови, збиднувањата и се` што се случува ширум светот е иницирано од големите корпорациски умови со цел поголема контрола на обичниот човек.
Не би рекол дека е така.Точно тоа дека ставот не прави да се чувствуваме како единка ама у случај кога ти наметнуваат став како што ти кажуваш тука,тогаш тоа не е твој став.Твој став е кога размислуваш за постапките и како ќе ги перцепираш работите околу тебе ама со своја глава,ако секогаш викаш дека магарето лета тогаш немаш став туку си марионета.Се имам сретнато со личности кои што се откажуваат од свој став за нешто поради тоа дека и некој друг мислел како нив.Па што?Од 7 милијарди луѓе неизбежливо е некој да има став сличен на твојот.И нормално е ставовите да ни се мењаат со текот на годините како старееме,природно е ставот да е флексибилен.
Друго,кога веќе има и прашање од типот дали ставот е вроден или стекнат,според мене производот од гените и работите прифатени од средината го дефинираат ставот кај една индивидуа,бидејќи работите кои што еден човек ги прифаќа од општеството зависи и тоа како од гените.На пример некој е наивен,друг е тврдоглав,трет си е едноставно свој по природа и слично.Немам јас со моите 18 години кој знае какви искуства ама мислам дека треба да сме секогаш свои и да ги согледуваме работите од свој аспект,но никако не треба и да ги потценуваме ставовите и на другите пошто мислам дека можеме да учиме и од нашите,но и од туѓите грешки и совети за да го поставиме ставот за кој што сме допринеле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Друго,кога веќе има и прашање од типот дали ставот е вроден или стекнат,според мене производот од гените и работите прифатени од средината го дефинираат ставот кај една индивидуа,бидејќи работите кои што еден човек ги прифаќа од општеството зависи и тоа како од гените.На пример некој е наивен,друг е тврдоглав,трет си е едноставно свој по природа и слично.Немам јас со моите 18 години кој знае какви искуства ама мислам дека треба да сме секогаш свои и да ги согледуваме работите од свој аспект,но никако не треба и да ги потценуваме ставовите и на другите пошто мислам дека можеме да учиме и од нашите,но и од туѓите грешки и совети за да го поставиме ставот за кој што сме допринеле.
Може да го појасниш ова малку?
(Се извинувам на оф - топик)
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
@--Анхис-- Убаво имам објаснато зш вака? :D
Со тоа сакам да кажам дека прифаќањето на некои работи од општеството и градењето на ставот зависи и од вродените карактерни особини на еден човек.