Европската ракометна федерација денеска донесе одлука организатор на Европското ракометно првенство за жени да биде соседна Србија.
Откако Холандија се повлече од организацијата на шест месеци до неговиот почеток, ЕХФ преговараше со неколку земји да ја преземат организацијата, но на крајот таа улога и беше доверена на Србија.
Првенството ќе се одржи од 4 до 16 декември оваа 2012 година, а на него ќе учествува и македонската репрезентација која го освои второто место во својата квалификациска група.
Исто како и на машкото европско првенство кое во Србија се одржа на почетокот на годинава, домаќини на натпреварите ќе бидат Ниш, Белград, Нови Сад и Вршац, а завршните натпревари ќе се играат во Белград.
Интерес за организација на шампионатот покажале 11 земји меѓу кои и Македонија.
ЕХФ одлучи да и го одземе местото на Холандија која требаше да учествува како домаќин, а таа позиција ќе ја заземе исландската репрезентација. Ждрепката за изгледот на групите ќе се одржи на 22 јуни во Монако.
Извор: http://www.sportmania.com.mk/rakomet/item/1825-srbija-ke-bide-domakin-na-ep-vo-rakomet-za-zeni
Вероватно повторно добра прилика за Србите. Кое е вашето мислење, ќе биде ли македончето загреано како во Јануари годинава и кои се шансите на девојките да се пласираат повисоко на табелите
