Србија ќе биде домаќин на ЕП во ракомет за жени 2012

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Европската ракометна федерација денеска донесе одлука организатор на Европското ракометно првенство за жени да биде соседна Србија.
Откако Холандија се повлече од организацијата на шест месеци до неговиот почеток, ЕХФ преговараше со неколку земји да ја преземат организацијата, но на крајот таа улога и беше доверена на Србија.
Првенството ќе се одржи од 4 до 16 декември оваа 2012 година, а на него ќе учествува и македонската репрезентација која го освои второто место во својата квалификациска група.
Исто како и на машкото европско првенство кое во Србија се одржа на почетокот на годинава, домаќини на натпреварите ќе бидат Ниш, Белград, Нови Сад и Вршац, а завршните натпревари ќе се играат во Белград.
Интерес за организација на шампионатот покажале 11 земји меѓу кои и Македонија.
ЕХФ одлучи да и го одземе местото на Холандија која требаше да учествува како домаќин, а таа позиција ќе ја заземе исландската репрезентација. Ждрепката за изгледот на групите ќе се одржи на 22 јуни во Монако.

Извор: http://www.sportmania.com.mk/rakomet/item/1825-srbija-ke-bide-domakin-na-ep-vo-rakomet-za-zeni

Вероватно повторно добра прилика за Србите. Кое е вашето мислење, ќе биде ли македончето загреано како во Јануари годинава и кои се шансите на девојките да се пласираат повисоко на табелите :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Има шанси за висок пласман, се надевам барем оваа година ќе отидам таму да навивам.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Малку е глупа статијата бидејќи погоре има пишано дека Холандија се откажала да биде домаќин, а па подолу дека и го одзеле местото на Холандија. Како и да е, првото е точно дека Холандија се откажала да биде домаќин, а причината беше изгледа поради недостаток на финансии, ако не се лажам. И имаше и некои мисли демек да сме биле заедно домаќини заедно со Србија, ама очигледно ништо од тоа. Останува само да се надеваме на лесна група и да навиваме од 4 до 16 декември за нашите ракометарки. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
идеме во србија, нема да пропуштам да не отидам башка жени се нели ќе има шо да се види
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD