Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

На крајот од денот, кога сето се собрало во тебе, имплозија па експлозија на сите работи во исто време... Палиш блант, пушташ музика, се фаќаш за тастатура. Некогаш мислиш дека е редно време да си искрен барем малку повеќе него претходно...

Тогаш, пишуваш текстови, конкретно со посвета.

Oh I wish you knew... but sometimes it's better left unsaid.

Јас бев тоа ладнокрвниот болен психопат, дап.

Ја знаеш приказната, одреден дел. Не знаеш многу во позадина. Не знаеш дека не знам што е детство и среќа... Не не, не знаеш. Немаш појма нити зошто сум ладнокрвен. Никогаш нити би разбрала, а искрено немој никогаш ни да го доживееш тоа.

Зошто кога светот ми се распаѓаше пред очи јас мораше да сум прибран за да го задржам заедно. Кога ги гледав мајка ми и сестра ми како плачеа, јас мораше да сум смирен. Не, не смеев да им се придружам, не смеев да се нервирам. Нити па да викам или спротиставам. Само седев и слушав. Цел живот од мене се очекувало нешто, а се што направија е да ме остарат пред време. Цело време слушав како некој урла од причина која никогаш не ја сфатив. Сето тоа се удираше од мене, за да заштитам некој. Бев штитот што издржа се, за од задната страна да видам како некој е барем малку среќен. Да видам дека некој го има тоа што јас никогаш не можев да го имам.

А верувај, таквата тортура, ќе те пукне. И ме пукна, поминаа години под истото. Поминаа години после кои почнаа да се менуваат работите. Поминаа години каде имаше падни-стани. Ама секогаш беше паѓање, се повеќе и повеќе.

Свесна ли си дека сум заборавил што е среќа, дека скоро секоја ебана насмевка... не била природна. Ама морам, не смеам да покажам дека крварам... Не не не немој да копаш, не барај нешто што требало да остане скриено. Имав милион изговори, никогаш конкретно. Не знаеш како е солзите да си ги враќаш во очите. Не знаеш како да заклучиш се во една огромна празнина од себеси. Немаш појма што е да се преродиш милион пати со некоја болна надеж дека ќе биде подобро. А залудно. Товарот бил секогаш мој, и уште стои на мојте рамења. Го носам, онеспособен од сите ножеви во грбот, од сите звучни бранови на сите викотници, од солзите на драги луѓе, од сите удари кои никогаш не ни болеле.

Јас сум скршен човек, остави ме да скапувам така... Секако веќе го додаде и твојот нож, еден од потешките, морам да ти признаам. Заврти го неколку пати, слободно, ако тоа те прави да се осеќаш подобро.

Но, сфати, ако се враќаш врати се насмеана, да знам дека вредело... Кај мене секако никогаш не се исполнила таа празнина... Нешто осеќав дека почна но, си го зеде твојот дел. Не можеш да ме составиш, оваа здробена душа и срце кое едвај чека да прекине да чука. Целата таа црнина во мене, никој нема да ја обои. Се надевам си благодарна за се, јас сум благодарен за уште еден нож... Истото што секогаш сум го добивал

Еднаш се ставив во твоите патики, видов и почуствував... а обратното... можеш ли?

[QUOTE="Andonisus, post: 331679, member: 6366"] На крајот од денот, кога сето се собрало во тебе, имплозија па експлозија на сите работи во исто време... Палиш блант, пушташ музика, се фаќаш за тастатура. Некогаш мислиш дека е редно време да си искрен барем малку повеќе него претходно... Тогаш, пишуваш текстови, конкретно со посвета. Oh I wish you knew... but sometimes it's better left unsaid. Јас бев тоа ладнокрвниот болен психопат, дап. Ја знаеш приказната, одреден дел. Не знаеш многу во позадина. Не знаеш дека не знам што е детство и среќа... Не не, не знаеш. Немаш појма нити зошто сум ладнокрвен. Никогаш нити би разбрала, а искрено немој никогаш ни да го доживееш тоа. Зошто кога светот ми се распаѓаше пред очи јас мораше да сум прибран за да го задржам заедно. Кога ги гледав мајка ми и сестра ми како плачеа, јас мораше да сум смирен. Не, не смеев да им се придружам, не смеев да се нервирам. Нити па да викам или спротиставам. Само седев и слушав. Цел живот од мене се очекувало нешто, а се што направија е да ме остарат пред време. Цело време слушав како некој урла од причина која никогаш не ја сфатив. Сето тоа се удираше од мене, за да заштитам некој. Бев штитот што издржа се, за од задната страна да видам како некој е барем малку среќен. Да видам дека некој го има тоа што јас никогаш не можев да го имам. А верувај, таквата тортура, ќе те пукне. И ме пукна, поминаа години под истото. Поминаа години после кои почнаа да се менуваат работите. Поминаа години каде имаше падни-стани. Ама секогаш беше паѓање, се повеќе и повеќе. Свесна ли си дека сум заборавил што е среќа, дека скоро секоја ебана насмевка... не била природна. Ама морам, не смеам да покажам дека крварам... Не не не немој да копаш, не барај нешто што требало да остане скриено. Имав милион изговори, никогаш конкретно. Не знаеш како е солзите да си ги враќаш во очите. Не знаеш како да заклучиш се во една огромна празнина од себеси. Немаш појма што е да се преродиш милион пати со некоја болна надеж дека ќе биде подобро. А залудно. Товарот бил секогаш мој, и уште стои на мојте рамења. Го носам, онеспособен од сите ножеви во грбот, од сите звучни бранови на сите викотници, од солзите на драги луѓе, од сите удари кои никогаш не ни болеле. Јас сум скршен човек, остави ме да скапувам така... Секако веќе го додаде и твојот нож, еден од потешките, морам да ти признаам. Заврти го неколку пати, слободно, ако тоа те прави да се осеќаш подобро. Но, сфати, ако се враќаш врати се насмеана, да знам дека вредело... Кај мене секако никогаш не се исполнила таа празнина... Нешто осеќав дека почна но, си го зеде твојот дел. Не можеш да ме составиш, оваа здробена душа и срце кое едвај чека да прекине да чука. Целата таа црнина во мене, никој нема да ја обои. Се надевам си благодарна за се, јас сум благодарен за уште еден нож... Истото што секогаш сум го добивал Еднаш се ставив во твоите патики, видов и почуствував... а обратното... можеш ли? [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom