Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Имаше многу пред да каже дека биле доволно. Нападно,но минимално, со презир гледаше на минатото. Истите исвирени ноти што деноноќно не и даваа мир. Сите искази се сведуваа на еден..Скептицизам… Срце непробојно за куршуми,а издупчено од зборови. Зборови кои знаеја да и пробијат низ разумот како есенски ветрови. Како кашлица ги исфрлуваше,но како вирус и остануваа по телото. Она што те повредило не можеш да го заборавиш. Бледнее,гребе,удира,предизвикува,но не исчезнува.

Со отсутен поглед помина низ минатото. Постоеја секвенци на кои не сака да им придаде внимание. Но меѓу сите нив едно лице случајно,непознато за иднината,но добро познато на црнилото во душата ја запре токму во мигот кога реши да се врати назад,во оваа груба денешнина што не и донесе ништо повеќе од монотонија. Не ја пушти. Повторно го изви левиот агол на усните кон горе. И таа повторно падна на истата насмевка,како што паѓаше постојано, кога жедна за бакнежи се усидруваше до неговите пазуви. Беше непотребно да се вразумува со сомнежите што и плутаа,таа на срцето секогаш се ослонуваше. Дури и кога тоа ќе ја изневереше,пак наоѓаше причина да ја оправда сопствената наивност и да му се врати. Љубовта како слатка цреша,во подемот на нејзината препородба,цутеше и оставаше сладок сок околу усните,вкус што не сакаше да го избрише,се до следниот пат,се додека повторно не се заљуби. Но како дијареа ја спотерало секогаш да се вљубува во ист човек и секој доживеан нов почеток да има различен заплет,перипетија и кулминација,но веќе виден крај. Да,вистина бараше излез и никогаш не запомни дека враќањето во спомените е влез во пеколот. На погрешна врата тропаше и откако никој не и отвараше,сама решително,а со колебање,ќе ја завртеше рачката и таму пак… Запечатеното оживуваше. Беше цврста во ставот дека сака да ја плати цената на горката љубов,да се предаде на судбината и да се надева дека тие емоции ќе избледнеат,како платно изложено под силна сончева светлина. А надежта спрема стравот секогаш победува,но надежта е ефтина копија немоќна спрема оригиналот-одлука да ја земеш во свои раце и да ја создадеш иднината,макар од корен да мораш да ги откопаш старите болки и да ги пресадиш далеку од срцето. И како ронка сокриена меѓу жилавите влакна на неговата брада,седеше и чекаше. Гледаше се што не сакаше да види,но молчеше,зашто и покрај прочистените очи и белегот во срцето,вината за неспособноста да љуби други се зави околу нејзе како засенчен црвен фустан од бујните облини.

Узреана да љуби,да се помирува со тагата,а да живее во надежта проколната од едни неверни усни за кои незнаеше дали и се предаваат нејзе или веќе се ветени на некоја друга.

[QUOTE="SaraFighter, post: 283929, member: 3108"] Имаше многу пред да каже дека биле доволно. Нападно,но минимално, со презир гледаше на минатото. Истите исвирени ноти што деноноќно не и даваа мир. Сите искази се сведуваа на еден..Скептицизам… Срце непробојно за куршуми,а издупчено од зборови. Зборови кои знаеја да и пробијат низ разумот како есенски ветрови. Како кашлица ги исфрлуваше,но како вирус и остануваа по телото. Она што те повредило не можеш да го заборавиш. Бледнее,гребе,удира,предизвикува,но не исчезнува. Со отсутен поглед помина низ минатото. Постоеја секвенци на кои не сака да им придаде внимание. Но меѓу сите нив едно лице случајно,непознато за иднината,но добро познато на црнилото во душата ја запре токму во мигот кога реши да се врати назад,во оваа груба денешнина што не и донесе ништо повеќе од монотонија. Не ја пушти. Повторно го изви левиот агол на усните кон горе. И таа повторно падна на истата насмевка,како што паѓаше постојано, кога жедна за бакнежи се усидруваше до неговите пазуви. Беше непотребно да се вразумува со сомнежите што и плутаа,таа на срцето секогаш се ослонуваше. Дури и кога тоа ќе ја изневереше,пак наоѓаше причина да ја оправда сопствената наивност и да му се врати. Љубовта како слатка цреша,во подемот на нејзината препородба,цутеше и оставаше сладок сок околу усните,вкус што не сакаше да го избрише,се до следниот пат,се додека повторно не се заљуби. Но како дијареа ја спотерало секогаш да се вљубува во ист човек и секој доживеан нов почеток да има различен заплет,перипетија и кулминација,но веќе виден крај. Да,вистина бараше излез и никогаш не запомни дека враќањето во спомените е влез во пеколот. На погрешна врата тропаше и откако никој не и отвараше,сама решително,а со колебање,ќе ја завртеше рачката и таму пак… Запечатеното оживуваше. Беше цврста во ставот дека сака да ја плати цената на горката љубов,да се предаде на судбината и да се надева дека тие емоции ќе избледнеат,како платно изложено под силна сончева светлина. А надежта спрема стравот секогаш победува,но надежта е ефтина копија немоќна спрема оригиналот-одлука да ја земеш во свои раце и да ја создадеш иднината,макар од корен да мораш да ги откопаш старите болки и да ги пресадиш далеку од срцето. И како ронка сокриена меѓу жилавите влакна на неговата брада,седеше и чекаше. Гледаше се што не сакаше да види,но молчеше,зашто и покрај прочистените очи и белегот во срцето,вината за неспособноста да љуби други се зави околу нејзе како засенчен црвен фустан од бујните облини. Узреана да љуби,да се помирува со тагата,а да живее во надежта проколната од едни неверни усни за кои незнаеше дали и се предаваат нејзе или веќе се ветени на некоја друга. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom