Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач
.
Порака
<blockquote data-quote="Anushka" data-source="post: 279703" data-attributes="member: 3728"><p>Чудно е колку тишината и ноќта можат да ги надразнат сетилата..Во тој специфичен танц на сенки по ѕидовите чудно е колку перфектно е отсликана приказната за победите и поразите...Можам да седам до бесконечност непомрднувајќи ниту една трепка од очиве,да гледам во некоја измислена далечина..да сонувам со отворени очи или да вратам време ископано од сеќавања....Издишувам онака длабоко како да откопав бунар без дно,како да ја дувнав пепелта од некој стари камини покрај кои во некое минато време се раскажувале приказни за добро и зло...Дали душава има цена ??- Се прашувам онака колку да ја нарушам глувата тишина,не дека одговорот ќе ја задоволи мојата потреба за Се...Како пелин горко кафе се лизга низ грлово..Не сакам да заспијам вечерва,немам потреба да сонувам...сакам да украдам повеќе,само малку повеќе од се она што го пропуштам додека спијам...Прв пат забележувам дека старите дрва отсликани во рефлексијата на бледото светло некако како да танцуваат на празната улица,како тајни љубовници да се сплотуваат во едно,како да ги имаат испреплетено своите корења толку длабоко што веќе ги живеат истите години...истите векови на истото место...Прв пат слушам како звучи кога тишината е распарана со звукот на болен лелек,квичење на некое мало кученце кое бара топлина или можеби храна да ја засити својата глад...Исто како мене..Гладна сум за исполнувања,за зборови кои не ја губат својата смисла откако се набрзина кажани..гладна сум да ја отворам утробава и од неа да извадам надеж,како Пандорина кутија..на дно од сето лошо да воздигнам убавина...Некако едно по друго се навезуваат како камења,како горчини,како тежини...Живи сме...размислувам гласно,можеби за да докажам дека е така..дека живи сме...и,ах...се сепнувам,застанувам...колку ли само сето тоа е лага...Можно ли е да сме само школки од кои се извадени бисерите..празни тела без души...програмирани да мислиме дека живееме ??...Привидно сме исполнети се додека реалноста не не мавне по глава како со бумеранг од се она што го имавме а сега е изгубено...Денес,утре...некој друг ден...Само егзистраме во некоја рутина,се жалиме дека може подобро а не помрднуваме ниту со мало прсте за да го урнеме лошото...Секоја измислена убавина ја руши некоја грубо извајана реалност...паѓаат сите кули од карти...Чудно е колку тишината и ноќта ги надразнуваат сетилата....Како вчера да бевме деца и безгрижно се смеевме а сега растргнати на безброј страни се срамиме да заплачеме...а како само боли...кој признава е слабак,ќе му се потсмеваат...ќе го означат како отпадник од толпата....Колку само не има повлечено некоја чудна машина,и не врти во круг..секој ден истото-утринско кафе,пладневно уживање,вечерен секс...и дека некако мора,а не дека секогаш се сака...И се вртиме,се повредуваме,скришно плачеме и викаме....а едни пред други сме без емоции....Дали душата има цена ???-Мојата би ја продала за некоја искрена насмевка..за една засекогаш прегратка...за малку љубов....само да е лесно да се рипне од замислената патека по која се движат сите,да...душата би ја продала да трчам по ливада,да легнам на мокра земја,да помирисам свежо цвеќе и да гледам во бесконечно сино небо....Ех...се е круг...а јас како да побегнам ???</p></blockquote><p></p>
[QUOTE="Anushka, post: 279703, member: 3728"] Чудно е колку тишината и ноќта можат да ги надразнат сетилата..Во тој специфичен танц на сенки по ѕидовите чудно е колку перфектно е отсликана приказната за победите и поразите...Можам да седам до бесконечност непомрднувајќи ниту една трепка од очиве,да гледам во некоја измислена далечина..да сонувам со отворени очи или да вратам време ископано од сеќавања....Издишувам онака длабоко како да откопав бунар без дно,како да ја дувнав пепелта од некој стари камини покрај кои во некое минато време се раскажувале приказни за добро и зло...Дали душава има цена ??- Се прашувам онака колку да ја нарушам глувата тишина,не дека одговорот ќе ја задоволи мојата потреба за Се...Како пелин горко кафе се лизга низ грлово..Не сакам да заспијам вечерва,немам потреба да сонувам...сакам да украдам повеќе,само малку повеќе од се она што го пропуштам додека спијам...Прв пат забележувам дека старите дрва отсликани во рефлексијата на бледото светло некако како да танцуваат на празната улица,како тајни љубовници да се сплотуваат во едно,како да ги имаат испреплетено своите корења толку длабоко што веќе ги живеат истите години...истите векови на истото место...Прв пат слушам како звучи кога тишината е распарана со звукот на болен лелек,квичење на некое мало кученце кое бара топлина или можеби храна да ја засити својата глад...Исто како мене..Гладна сум за исполнувања,за зборови кои не ја губат својата смисла откако се набрзина кажани..гладна сум да ја отворам утробава и од неа да извадам надеж,како Пандорина кутија..на дно од сето лошо да воздигнам убавина...Некако едно по друго се навезуваат како камења,како горчини,како тежини...Живи сме...размислувам гласно,можеби за да докажам дека е така..дека живи сме...и,ах...се сепнувам,застанувам...колку ли само сето тоа е лага...Можно ли е да сме само школки од кои се извадени бисерите..празни тела без души...програмирани да мислиме дека живееме ??...Привидно сме исполнети се додека реалноста не не мавне по глава како со бумеранг од се она што го имавме а сега е изгубено...Денес,утре...некој друг ден...Само егзистраме во некоја рутина,се жалиме дека може подобро а не помрднуваме ниту со мало прсте за да го урнеме лошото...Секоја измислена убавина ја руши некоја грубо извајана реалност...паѓаат сите кули од карти...Чудно е колку тишината и ноќта ги надразнуваат сетилата....Како вчера да бевме деца и безгрижно се смеевме а сега растргнати на безброј страни се срамиме да заплачеме...а како само боли...кој признава е слабак,ќе му се потсмеваат...ќе го означат како отпадник од толпата....Колку само не има повлечено некоја чудна машина,и не врти во круг..секој ден истото-утринско кафе,пладневно уживање,вечерен секс...и дека некако мора,а не дека секогаш се сака...И се вртиме,се повредуваме,скришно плачеме и викаме....а едни пред други сме без емоции....Дали душата има цена ???-Мојата би ја продала за некоја искрена насмевка..за една засекогаш прегратка...за малку љубов....само да е лесно да се рипне од замислената патека по која се движат сите,да...душата би ја продала да трчам по ливада,да легнам на мокра земја,да помирисам свежо цвеќе и да гледам во бесконечно сино небо....Ех...се е круг...а јас како да побегнам ??? [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom