Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач
.
Порака
<blockquote data-quote="SaraFighter" data-source="post: 272965" data-attributes="member: 3108"><p>Не можев да и кажам збогум,додека нејзините срнести очи ме стрелаа.Продираа низ рожниците и патуваа до срцето.Патував и јас таа ноќ од почетокот,па се до крајот.Некаква празнина ме обземаше,иако спомените беа полни со емоции.Секој минат ден беше една тешка слика,слика која тежеше од љубов и ме удираше по глава.Како да го видов животот да прелетува крај мене.Како да ја оставам таа е мојата малечка,таа е сонот поради кој и перницата ми стане омилена друшка.Таа е јаве на кое не смееш да замижеш.Таа е јас.И јас сум таа.Но веројатно не сме повеќе ние.Барем да се разделиме кукавички.Не сакам да ја паметам нашата последна средба по тагата.Само ќе ме премислува и ќе ме враќа назад.А слаб сум на нејзе..Силен за нашата љубов.Не сакам да и го запомнам ликот со солзи во очите.Јас се вљубив во нејзината насмевка сакам таква да ме отпрати.А може човек да се смее кога умира одвнатре?И ќе можам ли,јас да ја гледам таква насмеана,како да не и е грижа што ја оставам?Или потсвесно ги посакувам влажните очи,а насмевката ми е само сладок спомен.Кога би можела да ги свие усните и да ме избрка далеку,јас повторно би и притчал во прегратки.Но таа е добра пријателе.Таа не го заслужува телово кое копнее по секоја женска во градот.И млада е.Нека ги минува годините со радост,нека се вљуби во некој со кого ќе пораснe и ќе и ја одземе невиноста од очите.Ја сум стар волк кој еднаш го сменал руното.Вториот пат ќе биде катастрофален,а јас ќе се вратам на минатите корени.Ѕверот неможе да прерасне во човек,иако човекот станува ѕвер.Не љуби оној кој најгласно кажува туку оној кој молчи.А јас ќе премолчам дека ми недостига.Само така ќе се откаже од мене.А и јас ќе се откажам од неа телесно...Само зошто ја сакам и се грижам за нејзината иднина,во која за мене нема место.Таа тоа сеуште не го знае.Верувам дека еден ден ќе свати.Ќе свати дека нејзините години не одговараа на мојата непромисленост..И ќе го мрази од дното на душата човекот кој ја сакал најмногу.Нејзината прва љубов,а за мене последната на која сум ја вложил солзата од белкиве.Ретки се вистинските стории,а вистински се овие,реткиве како нашата.Оние кои имаат минато,без да очекуваат иднина.Би сторил се за тоа минијатурно човече.Веројатно сторив премногу се одреков од љубовта и се повредив себеси...</p></blockquote><p></p>
[QUOTE="SaraFighter, post: 272965, member: 3108"] Не можев да и кажам збогум,додека нејзините срнести очи ме стрелаа.Продираа низ рожниците и патуваа до срцето.Патував и јас таа ноќ од почетокот,па се до крајот.Некаква празнина ме обземаше,иако спомените беа полни со емоции.Секој минат ден беше една тешка слика,слика која тежеше од љубов и ме удираше по глава.Како да го видов животот да прелетува крај мене.Како да ја оставам таа е мојата малечка,таа е сонот поради кој и перницата ми стане омилена друшка.Таа е јаве на кое не смееш да замижеш.Таа е јас.И јас сум таа.Но веројатно не сме повеќе ние.Барем да се разделиме кукавички.Не сакам да ја паметам нашата последна средба по тагата.Само ќе ме премислува и ќе ме враќа назад.А слаб сум на нејзе..Силен за нашата љубов.Не сакам да и го запомнам ликот со солзи во очите.Јас се вљубив во нејзината насмевка сакам таква да ме отпрати.А може човек да се смее кога умира одвнатре?И ќе можам ли,јас да ја гледам таква насмеана,како да не и е грижа што ја оставам?Или потсвесно ги посакувам влажните очи,а насмевката ми е само сладок спомен.Кога би можела да ги свие усните и да ме избрка далеку,јас повторно би и притчал во прегратки.Но таа е добра пријателе.Таа не го заслужува телово кое копнее по секоја женска во градот.И млада е.Нека ги минува годините со радост,нека се вљуби во некој со кого ќе пораснe и ќе и ја одземе невиноста од очите.Ја сум стар волк кој еднаш го сменал руното.Вториот пат ќе биде катастрофален,а јас ќе се вратам на минатите корени.Ѕверот неможе да прерасне во човек,иако човекот станува ѕвер.Не љуби оној кој најгласно кажува туку оној кој молчи.А јас ќе премолчам дека ми недостига.Само така ќе се откаже од мене.А и јас ќе се откажам од неа телесно...Само зошто ја сакам и се грижам за нејзината иднина,во која за мене нема место.Таа тоа сеуште не го знае.Верувам дека еден ден ќе свати.Ќе свати дека нејзините години не одговараа на мојата непромисленост..И ќе го мрази од дното на душата човекот кој ја сакал најмногу.Нејзината прва љубов,а за мене последната на која сум ја вложил солзата од белкиве.Ретки се вистинските стории,а вистински се овие,реткиве како нашата.Оние кои имаат минато,без да очекуваат иднина.Би сторил се за тоа минијатурно човече.Веројатно сторив премногу се одреков од љубовта и се повредив себеси... [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom