Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Постои ли барем една личност што со нејзиното присуство ќе те натера да ја почувствуваш сета болка на светот?

Кога ќе му го одземеш небото на сонувачот, тој ќе си создаде свое. А јас сум пак тука, помеѓу моите синтетички ѕвезди. Зарем не ги забележуваш навечер и ти како што ги забележувам јас? Наброј ги. Изброј ги. Изброј ме и мене со нив. Не се сеќаваш ли? Се нурнав помеѓу нив, стегајќи се во моите димензии навнатре, за да ти дадам простор слободно да продолжиш – биди светлост, а јас ќе се снајдам некако со темнината во мене, реков. Сакаше да бидам трагична позадина, за да се појавиш целиот во светлина... За неколку вперени прста тајно да проговорат како си храбар да сакаш некоја која е очигледно тажна. Некоја што не изустува ниту еден единствен збор и чиј поглед безмилосно испраќа молитви кон вечното престројување на ѕвездите. Сакаше да бидам мрачното небо нели? Сакаше да бидам небо за да бидеш ѕвезден сјај? Знаеш што? Ќе те проголтам целосно. Ќе потонеш во темнилата што ти ги создаде. А тие знаат да пливаат .. А уште подобро знаат да испливаат. На површина тогаш кога најмалку ги посакуваш.

Сега ли сфати? После толку време? Сега ли навистна проба? Проба да бидеш помек, почувствителен. По – не ти. Залудно е. Не можеш да направиш дом во луѓето кога е веќе премногу доцна. Мислев некој веќе одамна ќе ти го има кажано тоа. Залудно се каеш. Јас не сакам да се борам. Moите неуморни воини се убиени додека непријателите во мене се во својот највисок зенит. А од мојот поранешен спасувач носам само пеколен гнев на повеќето страдалнички души во тебе, што насилно те одвлечкаа.

Затоа не ми се доближувај повторно како денес. Не. И немој да ме обвинуваш мене. Јас сум само гласник. Гласник кој ќе ти го достави писмото кое ти сам си го прати еднаш не толку одамна.Ќе го достави и ќе си оди. Застрашувачко, чудно и во исто време прекрасно. Писмо што не секој знае да го прочита и да го зашие за срце. Ќе се запрашаш како го дочекав неговиот исход. Како се соочив со развлажнетата горчина, можеби. Дали се сменив? Да, болката обично така делува врз оние што искрено веруваат, за потоа да се сеќаваш како некогаш светеше, ниту зрак потемно од најубавото од сите сонциња.

[QUOTE="Luckky, post: 271561, member: 437"] Постои ли барем една личност што со нејзиното присуство ќе те натера да ја почувствуваш сета болка на светот? Кога ќе му го одземеш небото на сонувачот, тој ќе си создаде свое. А јас сум пак тука, помеѓу моите синтетички ѕвезди. Зарем не ги забележуваш навечер и ти како што ги забележувам јас? Наброј ги. Изброј ги. Изброј ме и мене со нив. Не се сеќаваш ли? Се нурнав помеѓу нив, стегајќи се во моите димензии навнатре, за да ти дадам простор слободно да продолжиш – биди светлост, а јас ќе се снајдам некако со темнината во мене, реков. Сакаше да бидам трагична позадина, за да се појавиш целиот во светлина... За неколку вперени прста тајно да проговорат како си храбар да сакаш некоја која е очигледно тажна. Некоја што не изустува ниту еден единствен збор и чиј поглед безмилосно испраќа молитви кон вечното престројување на ѕвездите. Сакаше да бидам мрачното небо нели? Сакаше да бидам небо за да бидеш ѕвезден сјај? Знаеш што? Ќе те проголтам целосно. Ќе потонеш во темнилата што ти ги создаде. А тие знаат да пливаат .. А уште подобро знаат да испливаат. На површина тогаш кога најмалку ги посакуваш. Сега ли сфати? После толку време? Сега ли навистна проба? Проба да бидеш помек, почувствителен. По – не ти. Залудно е. Не можеш да направиш дом во луѓето кога е веќе премногу доцна. Мислев некој веќе одамна ќе ти го има кажано тоа. Залудно се каеш. Јас не сакам да се борам. Moите неуморни воини се убиени додека непријателите во мене се во својот највисок зенит. А од мојот поранешен спасувач носам само пеколен гнев на повеќето страдалнички души во тебе, што насилно те одвлечкаа. Затоа не ми се доближувај повторно како денес. Не. И немој да ме обвинуваш мене. Јас сум само гласник. Гласник кој ќе ти го достави писмото кое ти сам си го прати еднаш не толку одамна.Ќе го достави и ќе си оди. Застрашувачко, чудно и во исто време прекрасно. Писмо што не секој знае да го прочита и да го зашие за срце. Ќе се запрашаш како го дочекав неговиот исход. Како се соочив со развлажнетата горчина, можеби. Дали се сменив? Да, болката обично така делува врз оние што искрено веруваат, за потоа да се сеќаваш како некогаш светеше, ниту зрак потемно од најубавото од сите сонциња. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom