Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Зборовите сами по себе не го прават крајот, туку тонот со кој ќе бидат искажани. А тој, не е истиот. Повторно ги броиш деновите, неспокоју мој. Повторно тој тажен поглед го среќаваат моите очи. Паметен трик.

Моја летна птицо, наскоро ќе летнеш на југ штом почне есента, а на мене ќе ги оставиш само спомените од четири дланки кои се веат на ветрот.

Ќе го оставиш и огненото црвенило на моите образи од твојот допир, ќе ја оставиш босоногата игра низ златниот песок крај бетонот. Есен доаѓа, моја летна птицо. Црвени образи од ветер и суров кал на моите чизми.

Се плашам, моја летна птицо. Лисјата пак ќе ја сменат нашата боја. Златопадот ќе ги покрие бакнежите што ги засадивме онаму кај што растат ситните диви јагоди. Школските дворови повторно ќе се наполнат, а мојот капут нема да биде доволно дебел за да го сопре студот кој ќе надојде. Зарем толку е лесно да долеташ и одлеташ од еден сосема обичен живот?

Повторно ќе заљубиме, моја летна птицо. Но овој пат различно и засебно.

Себично, секој за себе.

Tи ќе го љубиш вечниот југ што неспокојно го бараш, јас ќе го запознаам него покрај езерото додека се топи снежниот бедем надвиснат околу март.

Догледање, птицо со здив на рано лето. Ако сакаш да ме следиш, следи ме во моите соништа. Јас нив ги сонувам во темница, со исклучена ламба. Таму припаѓаш.

Се надевам дека летните птици како тебе одлетуваат засекогаш, а не се враќаат повторно во душевната пролет, барајќи летна несоница за да посејат предвремена есен.

[QUOTE="Luckky, post: 254963, member: 437"] Зборовите сами по себе не го прават крајот, туку тонот со кој ќе бидат искажани. А тој, не е истиот. Повторно ги броиш деновите, неспокоју мој. Повторно тој тажен поглед го среќаваат моите очи. Паметен трик. Моја летна птицо, наскоро ќе летнеш на југ штом почне есента, а на мене ќе ги оставиш само спомените од четири дланки кои се веат на ветрот. Ќе го оставиш и огненото црвенило на моите образи од твојот допир, ќе ја оставиш босоногата игра низ златниот песок крај бетонот. Есен доаѓа, моја летна птицо. Црвени образи од ветер и суров кал на моите чизми. Се плашам, моја летна птицо. Лисјата пак ќе ја сменат нашата боја. Златопадот ќе ги покрие бакнежите што ги засадивме онаму кај што растат ситните диви јагоди. Школските дворови повторно ќе се наполнат, а мојот капут нема да биде доволно дебел за да го сопре студот кој ќе надојде. Зарем толку е лесно да долеташ и одлеташ од еден сосема обичен живот? Повторно ќе заљубиме, моја летна птицо. Но овој пат различно и засебно. Себично, секој за себе. Tи ќе го љубиш вечниот југ што неспокојно го бараш, јас ќе го запознаам него покрај езерото додека се топи снежниот бедем надвиснат околу март. Догледање, птицо со здив на рано лето. Ако сакаш да ме следиш, следи ме во моите соништа. Јас нив ги сонувам во темница, со исклучена ламба. Таму припаѓаш. Се надевам дека летните птици како тебе одлетуваат засекогаш, а не се враќаат повторно во душевната пролет, барајќи летна несоница за да посејат предвремена есен. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom