Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

И доаѓа време кога сфаќаш дека цел твој свет е изграден од контрасти. Како меката ноќ сега, и џагорливото утро за некој час. Како разиграниот див оган и смирувачката водена површина. Како спонтаната и наивна јас, а пресметливиот и немарлив ти.

Некои работи како да имаат направено заговор против тебе, па постојано будат нешто во нас.

И тогаш беше топол август како и сега. И тогаш не можев да заспијам како и сега. И тогаш се фатив дека размислувам за тебе како што размислувам и сега.

Од таа вечер прво ми текнува на силниот парфем со нота на ванила и на лежерниот краток жолт фустан, уредно подготвен од изутрината за нашата средба. Знам само дека бев пресреќна и тромаво пробував да го сокријам треперењето на рацете, симнувајќи се по скалите. Немаше бакнеж, само долг поглед. Чудно.

Тивко ми шепна во увото - ,,Држи се, Љубов, ова ќе боли повеќе од се до сега”. Страв. Не знаев што ме очекува. А доста работи ме чекаа додека стоев како мало дете пред тебе. Кутрата, само сакав да бидам трезна, свесна дека не сонувам, што попристуна до тебе, а пијана од љубов. Зарем тоа ти беше многу? Можеби малку?

Само бев вљубена и искрена. Всушност, многу повеќе наивна од вљубена. Полна со љубов и широки очекувања од едно тесно и збиено срце.

Како можеш да заборавиш некого, кој те натерал да заборавиш на се' што се случило пред него? Како можеш да избришеш среќа? Каков треба да биде човек да те научи да леташ, а знае дека нема каде да слеташ?

Од време на време ќе слушнам разговор од типот ,,Ја нaпуштив за еден ден да биде среќна, можеби ќе ме мрази но ќе и помине по некое време”. Идиотизам. Не Љубов, нема да биде среќна. Ќе биде ладна, претпазлива и кршлива. Ќе биде бездушна кучка, нечувствителна и проклета. Ќе биде се’, само нема да биде среќна.

Ти победи. Викај од среќа кон небото, јас ќе ја заковам мојата гордост на земјата. Земи се’ од мене, повеќе ништо не чувствувам. Не, не сакам да те чувствувам.

Мразам вкус на ванила, а жолта боја веќе никогаш нема да облечам на своја кожа. Се' е во контраста, Љубов. Ти дадов многу, добив малку. Едно исполнето срце помалку, и едно набилдано его повеќе. Неколку брутално срушени соништа на една обична девојка - повеќе и една љубов која сакала само да те стопли и развесели - помалку.

Не, не сакам одмазда. Одмаздата е за кукавици. Само сакам силно да се заљубиш, Љубов. Ако си способен за љубов. А кармата е кучка...

[QUOTE="Luckky, post: 251941, member: 437"] И доаѓа време кога сфаќаш дека цел твој свет е изграден од контрасти. Како меката ноќ сега, и џагорливото утро за некој час. Како разиграниот див оган и смирувачката водена површина. Како спонтаната и наивна јас, а пресметливиот и немарлив ти. Некои работи како да имаат направено заговор против тебе, па постојано будат нешто во нас. И тогаш беше топол август како и сега. И тогаш не можев да заспијам како и сега. И тогаш се фатив дека размислувам за тебе како што размислувам и сега. Од таа вечер прво ми текнува на силниот парфем со нота на ванила и на лежерниот краток жолт фустан, уредно подготвен од изутрината за нашата средба. Знам само дека бев пресреќна и тромаво пробував да го сокријам треперењето на рацете, симнувајќи се по скалите. Немаше бакнеж, само долг поглед. Чудно. Тивко ми шепна во увото - ,,Држи се, Љубов, ова ќе боли повеќе од се до сега”. Страв. Не знаев што ме очекува. А доста работи ме чекаа додека стоев како мало дете пред тебе. Кутрата, само сакав да бидам трезна, свесна дека не сонувам, што попристуна до тебе, а пијана од љубов. Зарем тоа ти беше многу? Можеби малку? Само бев вљубена и искрена. Всушност, многу повеќе наивна од вљубена. Полна со љубов и широки очекувања од едно тесно и збиено срце. Како можеш да заборавиш некого, кој те натерал да заборавиш на се' што се случило пред него? Како можеш да избришеш среќа? Каков треба да биде човек да те научи да леташ, а знае дека нема каде да слеташ? Од време на време ќе слушнам разговор од типот ,,Ја нaпуштив за еден ден да биде среќна, можеби ќе ме мрази но ќе и помине по некое време”. Идиотизам. Не Љубов, нема да биде среќна. Ќе биде ладна, претпазлива и кршлива. Ќе биде бездушна кучка, нечувствителна и проклета. Ќе биде се’, само нема да биде среќна. Ти победи. Викај од среќа кон небото, јас ќе ја заковам мојата гордост на земјата. Земи се’ од мене, повеќе ништо не чувствувам. Не, не сакам да те чувствувам. Мразам вкус на ванила, а жолта боја веќе никогаш нема да облечам на своја кожа. Се' е во контраста, Љубов. Ти дадов многу, добив малку. Едно исполнето срце помалку, и едно набилдано его повеќе. Неколку брутално срушени соништа на една обична девојка - повеќе и една љубов која сакала само да те стопли и развесели - помалку. Не, не сакам одмазда. Одмаздата е за кукавици. Само сакам силно да се заљубиш, Љубов. Ако си способен за љубов. А кармата е кучка... [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom