Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

[spoiler]Што сте ставиле лимит? Не може човек да се искаже. [/spoiler]

Се сеќаваш ли како се смееше на моите шеги

И како тие не беа смешни..

На друго се сеќаваш ли како на мене?

Матно... презриво... речиси задимено

Имавме ли се заедно?

Ми даваше ли се потребно?

Добиваше ли се побарано?

Толку ноќи и утра една иста молитва

На кој и да е веќе ќе му преседне

Ама мене да те сакам не ми преседнуваше

Затоа и ти се чудеше повеќе отколку мојата мајка

Како можам да те сакам без да се заситам

Како гола стојам на студ и давам да ме маваат камшици

Кога ти тогаш не сакаше да ме заштитиш

За и самиот да не се повредиш

Се сеќаваш ли колку ја мразев ноќта што не разделуваше

Кога секој по свој пат ќе си тргнеше

И единствено што имавме беа кавгите

И оние зборови кои беа најтешки за изговарање

Си го имав тоа место во твојот свет и сега жал ми е

Зошто тоа место секогаш беше последно

Зошто немавме повеќе минути заедно

И повеќе тајни не сакаше да откриваш, а сѐ мое знаеше

И знаеше дека за друг не се сеќавам

И дека друг нема да паметам

Кога кај друг ме испраќаше, знаеше дека тебе те сакам

Кога бараше калап за мојата величина, не можеше да најдеш

Зошто бев огромна како вселената

Како лагите што ги кажуваше

Огромна и бескрајна како празнотијата во твоето срце.

Јас висев во твојот свет како алишта што се сушат

На разбеснет северен ветер

А ти сонцето не го даваше ниту за 1000 искрени бакнежи

Се сеќаваш ли кога ме калемеше?

Беше јули, врел и непобедлив

Таа ноќ толку чудна... исплашено мирна лежев под тебе со подадени раце

И чекав да ме носиш таму кај што не сум била никогаш

Да ми покажеш сосема нов свет на сакање и имање

Па немање

И да ми ги затвориш потоа сите тешки капии од твојот живот

Зошто мислеше дека поради грешките

Не сум достојна да ги пречекорам праговите

И да те гледам кога плачеш...

А знам дека ти е мака и дека ти е тешко,

Некогаш и убаво ти беше, но многу ретко

Знаеш дека солзите мои не капеа од болка туку од страв

Зошто се плашев дека ќе нема збор

Со кој потоа ќе ти кажам колку те сакав

И колку ќе те сакам и откако ќе ме нема

И откако ќе те нема...

Се сеќаваш ли кога не заврна дожд

И не завеа снег

Кога лутав и скитав во глуви часови само за да те видам

Кога не ми беше важно дали кучињата ќе ме растргнат

И не ги чувствувам мокрите чорапи зошто ме топлеше твојата рака на вратот кога си ја заборави

Колку повеќе те гонев - толку подалечен ми беше

А кога те чекав сам да ми дојдеш, ти не доаѓаше

Кога доаѓаше, брзо бегаше...

А јас само сакав да спојам две течности

Мојата и твојата!

Две живи струи,

Рацете и нозете!

Да сме така скаменети додека поплава не не однесе и гром не не уништи

Додека Бог не не проколне зошто премногу сме се сакале.

Требаше да си ги споиме разликите,

Да се објасниме,

Да не се лажеме и да не се мамиме.

Се сеќаваш ли како те молев да ми дозволиш

Да ти ѕирнам во душата?

Како те молев да ми дојдеш

Да ти го преведам молчењето?

Како ти го бакнував окцето зошто копнеев да ме гледа само мене

За потоа да сфатам

Дека само мене не ме гледало...

Јас му бев лош другар и учител на срцето

Кога тоа се вљубуваше повеќе отколку што можеше да издржи

Тебе не те болеше мојата болка

Кога плачев под ѕвездите

А од очите ми капеше мастило...

Се сеќаваш ли кога ти реков дека ќе ти бидам жена?

Дека сум планина која никогаш не пропаѓа,

Да се потпреш на неа секогаш!

Дека сум река која никогаш не пресушува,

Да се напоиш од неа секогаш!

Дека сум мајка која никогаш не застанува,

Да се бориме за љубовта заедно!

Дека сум облак кој никогаш не потемнува,

Да земеш малку и од мојата светлина!

Дека сум грешка која никогаш нема да се поправи,

Да се учиш самиот од моите паѓања!

Дека сум неверна и те мамам со песните,

Да се учиш на верност од мене!

Дека сум твоја колку што се твои и очите!!!

Да ме чуваш како што се чуваш себеси!

Се сеќаваш ли?

Или не се сеќаваш?

Зошто јас веќе не можам да се сетам...

[QUOTE="Electra, post: 148351, member: 229"] [spoiler]Што сте ставиле лимит? Не може човек да се искаже. :D[/spoiler] Се сеќаваш ли како се смееше на моите шеги И како тие не беа смешни.. На друго се сеќаваш ли како на мене? Матно... презриво... речиси задимено Имавме ли се заедно? Ми даваше ли се потребно? Добиваше ли се побарано? Толку ноќи и утра една иста молитва На кој и да е веќе ќе му преседне Ама мене да те сакам не ми преседнуваше Затоа и ти се чудеше повеќе отколку мојата мајка Како можам да те сакам без да се заситам Како гола стојам на студ и давам да ме маваат камшици Кога ти тогаш не сакаше да ме заштитиш За и самиот да не се повредиш Се сеќаваш ли колку ја мразев ноќта што не разделуваше Кога секој по свој пат ќе си тргнеше И единствено што имавме беа кавгите И оние зборови кои беа најтешки за изговарање Си го имав тоа место во твојот свет и сега жал ми е Зошто тоа место секогаш беше последно Зошто немавме повеќе минути заедно И повеќе тајни не сакаше да откриваш, а сѐ мое знаеше И знаеше дека за друг не се сеќавам И дека друг нема да паметам Кога кај друг ме испраќаше, знаеше дека тебе те сакам Кога бараше калап за мојата величина, не можеше да најдеш Зошто бев огромна како вселената Како лагите што ги кажуваше Огромна и бескрајна како празнотијата во твоето срце. Јас висев во твојот свет како алишта што се сушат На разбеснет северен ветер А ти сонцето не го даваше ниту за 1000 искрени бакнежи Се сеќаваш ли кога ме калемеше? Беше јули, врел и непобедлив Таа ноќ толку чудна... исплашено мирна лежев под тебе со подадени раце И чекав да ме носиш таму кај што не сум била никогаш Да ми покажеш сосема нов свет на сакање и имање Па немање И да ми ги затвориш потоа сите тешки капии од твојот живот Зошто мислеше дека поради грешките Не сум достојна да ги пречекорам праговите И да те гледам кога плачеш... А знам дека ти е мака и дека ти е тешко, Некогаш и убаво ти беше, но многу ретко Знаеш дека солзите мои не капеа од болка туку од страв Зошто се плашев дека ќе нема збор Со кој потоа ќе ти кажам колку те сакав И колку ќе те сакам и откако ќе ме нема И откако ќе те нема... Се сеќаваш ли кога не заврна дожд И не завеа снег Кога лутав и скитав во глуви часови само за да те видам Кога не ми беше важно дали кучињата ќе ме растргнат И не ги чувствувам мокрите чорапи зошто ме топлеше твојата рака на вратот кога си ја заборави Колку повеќе те гонев - толку подалечен ми беше А кога те чекав сам да ми дојдеш, ти не доаѓаше Кога доаѓаше, брзо бегаше... А јас само сакав да спојам две течности Мојата и твојата! Две живи струи, Рацете и нозете! Да сме така скаменети додека поплава не не однесе и гром не не уништи Додека Бог не не проколне зошто премногу сме се сакале. Требаше да си ги споиме разликите, Да се објасниме, Да не се лажеме и да не се мамиме. Се сеќаваш ли како те молев да ми дозволиш Да ти ѕирнам во душата? Како те молев да ми дојдеш Да ти го преведам молчењето? Како ти го бакнував окцето зошто копнеев да ме гледа само мене За потоа да сфатам Дека само мене не ме гледало... Јас му бев лош другар и учител на срцето Кога тоа се вљубуваше повеќе отколку што можеше да издржи Тебе не те болеше мојата болка Кога плачев под ѕвездите А од очите ми капеше мастило... Се сеќаваш ли кога ти реков дека ќе ти бидам жена? Дека сум планина која никогаш не пропаѓа, Да се потпреш на неа секогаш! Дека сум река која никогаш не пресушува, Да се напоиш од неа секогаш! Дека сум мајка која никогаш не застанува, Да се бориме за љубовта заедно! Дека сум облак кој никогаш не потемнува, Да земеш малку и од мојата светлина! Дека сум грешка која никогаш нема да се поправи, Да се учиш самиот од моите паѓања! Дека сум неверна и те мамам со песните, Да се учиш на верност од мене! Дека сум твоја колку што се твои и очите!!! Да ме чуваш како што се чуваш себеси! Се сеќаваш ли? Или не се сеќаваш? Зошто јас веќе не можам да се сетам... [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Машко - женски теми
Љубов и секс
Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)
На врв
Bottom