Колку ме нервираат оние родители што си ги мачат децата да бидат успешни уште од мали нозе.
Па тие се уште мали не знаат што сакаат од животот и место да ги остават да уживаат во детството, да се пронајдат сами тие ги тераат да прават нешто за кое не се ни свесни, дете ко дете на се ќе се израдува, ама тоа што ќе го искомплексираат и што еден ден сите тие комплекси од глава ќе му се удрат и на детето и на родителите ко воопшто да не ги интересира. Битно они да си се пофалат колку паметно силно дете имаат, да им завидуваат сите околу дека нивното дете е единствено, а дали детето тоа навистина го сака кој го прашува.
А да не зборам па кога е спорт во прашање посебно агресивен спорт и си ги пуштаат децата уште од мали нозе да си го уништат здравјето.
Додуша и јас мислев дека е убаво уште од мали нозе да се тренира било што, ама сепак секој спорт си има своја тежина и не секој спорт е за деца, никако! Подобро да црта, да пее, да игра, да живее па кога ќе му дојде време само да си каже што сака од животот.
п.с. Не сакам некого несвесно да навредам, сепак децата се гордост на родителите и со постигнат успех и без постигнат успех. Ова морав да го пишам бидејќи има еден што ни го знам ни го познавам ама ете некако ми се најде меѓу пријателите на фејсбук после па испадна и дека сме имаме заеднички познајници мање битно, толку многу си го величи детето што не е свесен колку му наштетува. Тоа дете ќе се научи дека никогаш нема да може да изгуби, а за најдобро не е најдобро и да стане еве секогаш ќе има некој што ќе биде подобар или со повеќе среќа, ќе го совлада и ете ти проблем.