Еден ден еден богат човек му дал полна корпа со ѓубре на еден сиромав човек.
Сиромавиот му се насмевнал и заминал со корпата. Ја испразнил, ја исчистил и потоа ја наполнил со прекрасно цвеќе.
Се вратил кај богатиот и му ја вратил корпата. Зачуден, богатиот му рекол:
„Зошто ми ја даваш таа корпа наполнета со прекрасно цвеќе, кога јас тебе ти ја дадов со ѓубре?“
Сиромавиот му одговорил:
„Секој го дава она што го има во своето срце!“