Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Епа поентата ми е дека поради тоа што таговите не работат, можеби не видела што си пишала - ерго ненамерно те игнорирала.

Друга работа, дај сменете ги правилата и ставете што сѐ не смее да се прави.
A ако се каже што се` смее и што се` не смее, ќе ги почитуваш правилата? :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
5 казнени поени а прв ден е членката на форумот? Rly? |-(
Вие си знаете...
Едно од правилата за да се стане член на овој форум е да се стартува така.:D
(ова од искуство.и после по обичај,како си почнал така ќе си продолжиш и се така до земја недогледија)
Игнорирање на модератор?
Нов дојденец на место каде што не функционираат одредени работи,во случајов тагнувањето,што да очекуваме освен да изгледа дека игнорира сиротиот.
Ама ако,момата се тепа пред да оди по вода,џабе е одкако ја скрши стомната.:)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Опомената со казнени поени кои членката ги доби за Игнорирање на модератор ја доби бидејќи отткако и дадов совет во темата СДК/СДП, видов дека продолжи да пишува на истиот начин и дојдов до заклучок дека станува збор за игнорирање. Не сметам дека избрзав со одлуката, макар и така изгледало. Всушност, поминаа минимум 30 минути отткако ја советував и потоа ја доделив опомената. Немав приметено ниту пак некој ме обавестил дека таговите не функционираат. Не станува збор дека ја искористувам мојата позиција како модератор ниту пак дека имам нешто против членот. Најмалку од се се осеќам сирота. Иако беше недоразбирање поврзано со таговите и бидејќи најверојатно членот не го прочитал мојот коментар на време, признавам дека грешката е моја и опомената е избришана. Чисто информативно, 90% од моите опомени пратени кон нови членови пред се, се или без казнени или со 1 казнен поен со рок од траење од еден ден. А понекогаш ги праќам оригиналните казнени опомени без никакви промени, зависи од ситуацијата. Како и да е, немајте гајле, проблемот е решен и таговите сега функционираат.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@MissChievous и јас ги спојувавме мислењата додека бевме во можност, that is додека бевме на служба (читај на интернет) и знаеме дека на секоја минута членката пишуваше по повеќе мислења едно по друго. Можеби не требаше да ја тагнеме, можеби требаше да и` пишеме. КАко и да е, не е ли симптоматично да види како сите останати пишуваат па и таа да се вклопи? И патем негативните поени се минорни и брзо истекуваат. Да не спомнам за опомените кои немаат никаква вредност.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
А што ќе се деси ако така собереме повеќе казнени или какви и да се поени?
И уште нешто форумов да не ќе се реновира или пак ме заебава browser-от?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Опомената со казнени поени кои членката ги доби за Игнорирање на модератор ја доби бидејќи отткако и дадов совет во темата СДК/СДП, видов дека продолжи да пишува на истиот начин и дојдов до заклучок дека станува збор за игнорирање. Не сметам дека избрзав со одлуката, макар и така изгледало. Всушност, поминаа минимум 30 минути отткако ја советував и потоа ја доделив опомената. Немав приметено ниту пак некој ме обавестил дека таговите не функционираат. Не станува збор дека ја искористувам мојата позиција како модератор ниту пак дека имам нешто против членот. Најмалку од се се осеќам сирота. Иако беше недоразбирање поврзано со таговите и бидејќи најверојатно членот не го прочитал мојот коментар на време, признавам дека грешката е моја и опомената е избришана. Чисто информативно, 90% од моите опомени пратени кон нови членови пред се, се или без казнени или со 1 казнен поен со рок од траење од еден ден. А понекогаш ги праќам оригиналните казнени опомени без никакви промени, зависи од ситуацијата. Како и да е, немајте гајле, проблемот е решен и таговите сега функционираат.
Сиротата не беше наменета за тебе,туку општо за новите членови кои додека се прилагодат,чисто да образложам кога гледам дека погрешно ја протолкува реченицата.
Добро е да се опомени,нема зошто лутење,ако не реагиравме и ако не кажевме дека тагот не функционира,ке беа залудни дури толку казнени поени одеднаш.
Целта ми е да се биде поблаго со новите.Не се сите луге на овој свет искусни форумџии.
Супер штом функционираат сега таговите,немаме гајле :)

@MissChievous и јас ги спојувавме мислењата додека бевме во можност, that is додека бевме на служба (читај на интернет) и знаеме дека на секоја минута членката пишуваше по повеќе мислења едно по друго. Можеби не требаше да ја тагнеме, можеби требаше да и` пишеме. КАко и да е, не е ли симптоматично да види како сите останати пишуваат па и таа да се вклопи? И патем негативните поени се минорни и брзо истекуваат. Да не спомнам за опомените кои немаат никаква вредност.
Нели постоеше некаде опција сами да се спојуваат доколку се едно по друго?
Како и да е,се разбравме,ништо страшно,не ја величете работава.:)
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@MissChievous
Не ми беше целта да кажам дека ти злоупотребуваш позиција, напротив сакам да размислувате каква порака оставате со казнување на нови членови со порака „Игнорирање на модератор“, „Играње играчки со модератор“ и сл. Плус како што спомна @Outrider, 5 казнени уште првиот ден не е убава порака за некој кој би сакал да сподели некое мислење.

@melpomena
На многу форуми кои се на иста платформа како овој овозможена е една опција која се вика "merge" и ако некој постира повеќе пати во краток период, автоматски ги собира постовите во еден и после секој пост остава порака нешто како „merged (времето кога е напишан постот)“.