Знаете ли што е проблем со денешниве девојчиња?
Премногу дозволуваат Американизацијата да им го испере мозокот. Била силна и независна женска, не и требал маж покрај неа. Оф бе пиле, како да ти кажам, џабе ти се годините, кога мозокот сеуште ти е во тинејџерската доба заглавен. Кога конечно ќе сфатите дека не можете да егзистирате на светов без маж, исто како што мажите не можат да егзистираат без жените. Така е направен светот, така и мора да биде за да опстои. Исто како што и ним им треба понежна половина, девојка кај која што ќе можат да се ослонат, биказ леЦ фејс ит, мажот е глава на семејството, ама жената е вратот, така и тебе ти треба некој кој ќе ти ги прави деновите подносливи во светов изграден од срања.
Никој не ти вели да бидеш паразит, тотално анемично и безгласно послушниче, ами да бидеш жена со големо Ж, која ќе може да се сноси и со кариера и со семејство.
А за да биде иронијата уште поголема, сите вакви, "независни", кога ќе фатат дечко, исчезнуваат од лицето на земјата, забораваат на се друго, ценарот на нивното бивање е околу дечкото за кои се спремни на какви не идиотиштини само за да не ги остават. Па така, силната и независна женска, нема да има време ни за едно кафе.
А мажите пак кои се чукаат со тупаници по гради и се пастуви кои не можат да бидат зауздани и на кои не им треба женска "цицач на пари", не се ништо поарни. Еквивалентно се глупави.