Не знам што ни е проблем да комуницираме бар тука, без таков пристап ко да мислиш ќе те претепа тој што те цитирал, а не дека обичен муабет и размена на мислења е, толку упорно да се наметнуваат ставови, па да се вреѓа, попува, соли памет, па да се мешаат мајки и шајки...
Па некој ако нема исто мислење со тебе е затупен, претупен.. Ок таков е, сега ти со 3 реченици ќе го смениш?
Па јас упорно со глава во ѕид дека моето мислење е тоа правото, па вадам исечоци од весници од 43та, ете Фројд така кажал, така е! И десет луѓе да ме цитираат, десет пати ќе кажам дека Фројд така кажал, така е, само со поинакви зборови, да не е апла веќе.
Па некој сменил мислење, што се случува да и ете јас најпаметна ееее братче еве ти пред 4 години на темава вака си одговорил, и копам барам што кажал па постирам и се гордеам со себеси.
Или двајца се караат, а јас со став ало не е ова пазар форум е, што мразам кога се меша некој е стварно мразам (ако се мешам), алооо пишувајте таму во паметните теми малце, а ти Ристо (еден од карачите) ќе ме молиш пак да ти помогнам како тогаш кога ти дадов 1000 евра на заем кога татко ти беше во затвор, а мајка ти ја отпуштија од работа?!
Ем ги искарав (јеее ќе ме лајкнат повеќе членови) ем си кажав дека сум хуман човек, ем пошто ме изнервира Ристо кажав и дека татко му е во затвор и дека бараат пари на заем, ама неќев жими се не сум таков човек ете пишав и во темата какви луѓе сте и посебно нагласив дека мразам такви!
Многу ми се виде напишаново, а баш имав и уште примери : )
Кои, патем и за мене се однесуваа....