Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
.... Тoj: Не сум те видел вака насмеана веќе долго време…Заборавив како светкаа твоите очи кога ме гледаше… Taa: Јас се сеќавам – ти сам се откажа од нив. Тoj: Ти беше мала, бараше многу внимание, јас сакав да се чувствувам слободен… Таа: Сега си слободен. Тој: Не, сега сум само осамен… Таа: Зошто? Тој: Затоа што никој нема веќе потреба од моето внимание… Таа: Зошто ме гледаш така? Тој: Се гледам себе си во твоите очи. Таа: И што гледаш во нив? Тој: Гледам колку многу си ме сакала и колку те болело… Таа: Како го виде тоа? Тој: Ме гледаш со истиот празен поглед со кој јас тогаш те гледав, а сега јас те гледам така како што ти ме погледна кога свати дека си ме загубила засекогаш!
Ми треба денот да има 27 часа. Ах, очајно ми треба.
И сонце ми треба. Чисто за да почне да произведува организмов витамин Д.
Ми треба троа сон.
Ми треба некоја гума за бришење на умор.
Ми треба љубов и внимание, што ни самата не можам да си го пружам.