Секој убива. Некој со поглед, некој со омраза, некој без чувства, а некој со чувства. Некој од алчност, некој заради моќ... некој заради немоќ. Некои убиваат за да им биде полесно, а некои за да ја почувствуваат болката уште подлабоко. И дали баш сите што ги убиваме навистина умираат? Постои ли нешто што се нарекува бесмртна љубов? Има ли таква љубов да умреш за неа, да се родиш пак за неа? Има ли? Би одел ли секаде каде што одат саканите? Макар и значело да одиш во смрт? Има ли толку храброст во човечките срца да се откажат од сопствените чукања за да го следат оној што го сакаат...
Среќните краеви постојат само во бајките. Крајот никогаш не бил среќен. Кога ќе дојдеш до крајот, си дошол до разделба освен ако не одиш заедно со саканиот. Со крајот доаѓа и изговарањето на зборот збогум, за првпат и последен пат изустен зошто после тоа повеќе ништо ќе нема... Ништо нема да постои... Или можеби ќе постои?
Се прашувам има ли такви љубови, толку силни и ненадминливи кои по секоја цена сакаат да победат макар го достигнале и својот крај?...
Навистина ли толку можеш да се врзеш за некого и да не можеш да го пуштиш никаде без тебе? Што мислите пријатели? Дали и љубовта е само бајка од филмовите или сепак постои? Што би рекле вие? Верувате ли дека љубовта е таква сила што може да оди и после смртта?...
Јас би рекла дека може...
Ништо не може да ја порази. Гази и во темните предели и таму каде ништо НЕМА и ништо не ПОСТОИ... Таа е СЕПРИСУТНА...
Таа е насекаде, во првите погледи и насмевки, во првите солзи и страдања, во сите умирања и раѓања и на крајот, таа е во последните воздишки, во мракот... онаму каде го допираш крајот и го започнуваш невидливиот почеток.
Таа те следи и тогаш кога ти не ја следиш неа зошто од неа не можеш да побегнеш... Оди каде сакаш ако решила да се насели во твојата душа таа ќе те обземе, таа ќе те завладее и заради неа ќе бидеш подготвен на лудилата за кои порано не би ни помислил.
Таа е прегратка која никогаш нема да те пушти... И кога спиеш и кога сонуваш, и кога си буден и кога си тажен и кога имаш илјада причини за крај и кога имаш само една, и кога имаш сили за почеток и кога имаш сила за борба. Таа е тука. И за неа се ќе направиш инаку никогаш нема да знаеш како е да се живее.
И ќе умре оној кој нема да ги убие оние што ги сака. Оној кој нема да се убие себеси, зошто тој и никогаш не живеел. А ќе живеат оние кои барем еднаш умреле љубејќи, оние кои би умреле уште милион пати зошто тие сакаат да живеат, да знаат што е тоа да се живее со полна душа, што значи да си СЕПРИСУТЕН, што значи да те ИМА... и кога те НЕМА...
Таквите сакаат да оставаат траг зад себе, траг што ќе се постила и после 50 години...траг што ништо нема да го избрише... траг што ќе биде втиснат во сеќавањата. Таквите ќе сакаат да знае светот дека тие љубеле... до смрт. И пак да се родат би го избрале истото...
Љубовта е чудна сила...
Не ризикувај да не ја запознаеш...
Таа секако ќе те побара...
А каде ќе те однесе?
Важно ли е?
Што е важно кога љубиш?
Ти знаеш до кого си... И кој е до тебе
и што уште треба да знаеш?
Ќе те носи во рајот
Ќе те носи до пеколот
Ќе те носи до сите краеви... и ќе те раѓа во сите почетоци
Еднаш низ едни очи, другпат низ други...
Но никогаш низ различна душа.
Постојат две половинки на овој свет...
Кога ќе се спојат повеќе ништо не може да ги раздвои.
И само тие можат да се најдат откако повторно ќе се изгубат.
И само тие можат да се разбудат од минатото да продолжат во сегашноста да одат и до иднината.
Тие се СЕПРИСУТНИ...
Тие се парче ЉУБОВ
Тие знаат дека среќните краеви постојат само во бајките.
А дали им треба на нив крај воопшто?
Тие се еден до друг...
И може ќе завршат за сите други
Но едни без други
НИКОГАШ...
Заедно насекаде.
Во почетоците.
Во краевите.
Во животот.
Во смртта.