Роман (генерална дискусија)

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Читам книги и тоа читам се... Ретко која книга сум ја одбила ако ми била препорачана. Од чик лит. до трилери, мистерии, криминални романи, авантуристички, па и историски... Единствено ги избегавам психолошките...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас мислам дека еволуирав во поглед на оваа тема.
Порано се радував на лесни, читливи романи во кои горе доле е предвидено што и како ќе се случи уште пред да стигнеш на пола од книгата.
Сега, тешко се кандисувам да читнам нешто такво.
Сега барам скриени пораки, факти, уживам во метафорите, во апстрактивните моменти, во неизвесноста и стравотните животни правила и вистини...
Најверојатно тоа се должи на моето созревање, и тоа е еден нормален процес.

Ги препорачувам Халид Хусеин, Сердар Оскан.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми and lady_blue

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Порано читав се што ќе ми дојде до рака, ми беше сеедно кој писател е или пак што жанр е. Ако некогаш ми биле интересни историски фикции, или пак авантуристички и најобични трилери, сега не би ги читала. Но, последниве неколку години многу ми се смени вкусот за разлика од порано. Имам точна престава што сакам да читам, тешко прифаќам препорака од секој. Би ги издвоила делата на Сабато, Кундера, Хесе, Фаулс, Зафон, Андреевски, Смилевски, Вајлд, Зискинд и на Калвино. Се имам пронајдено во повеќе дела на Кундера, и сега во Херои и Гробови на Сабато. Топла препорака за нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin