Не може да биде секој келнер,и за тоа ти треба увежбаност.
На трипати имам одено во еден рибен ресторант вработиле младо момче ги зема чиниите првиот пат му пагаат од раце на земја.
Во ред си реков дека можеби е умор и преголемата гужва...
Втор пат исто му се случува,трет пат исто,ми падна дури смешно
зошто отишол таму а се нема извежбано.
Но овде со таа плата доколку децата се одвојат од родителите нема да се преживее...
Кирии и сметки и за јадење...а за прошетка со друштво со партнер,за превоз ако ти е потребен?
Да бидеме реално овде е тешко да се успее како што кажаа претходно на темава.
На пример во Италија работаат многу помали од 18 години и кога ме имаат прашано дали е исто,добив осудување па вие сте вакви вие сте такви...Му реков нека се проба во Македонија дали ке успее...Занеме кога му ја кажав ситуацијата.
А кога веке разговараме на тема родители вистина е тешко за оној кој ги нема но понекогаш и тие ја преминуваат границата.
Се мешаат во се,претураат во соба и "случајно" ти наогаат дневникот или кондомите
Ова го кажав како пример зошто се има случено во мојата средина.Постои нешто што се вика приватност а тие тоа не го почитуваат.
Се мешаат во секоја каша обидувајки се тие да ти го решат проблемот.
Во ред,ја ценам помошта но доколку сметам дека и сама можам да го решам ке го решам а ако не можам ке побарам.