На темава можете да поставувате рецепти за некој пијалоци.
Јас ќе ви дадам предлог за неколку,па може да пробате и да ми кажете колку била успешна рецептата

- Рецепти за 3 најпознати коктели во диетална форма
Во шејкер за коктели искомбинирајте: Сок од брусница - 237 милилитри, Вотка- 178 мл, 5 коцки мраз, Свеж сок од лимон – 58 мл, 1 лажичка рендана кора од портокал .Затворете и добро протресете. Течноста сипете ја во 4 чаши за мартини, декорирани со парче лимон со кората на него.
Овој рецепт содржи: 110 калории по порција, 0 гр масти, 4 гр јаглехидрати, 0 гр влакна, 0 гр протеини.
Mojito
Состојки: 4 зелени лимони пресечени на резанки, Половина чаша нане и 4 гранчиња за декорација, Четвртина чаша шеќер, 2 лажички рендана кора од лимон ,Газирана вода – 448 мл, Рум – 178 мл и Коцки мраз
Во сад ставете делчиња од зелен лимон, листови нане, шеќер и кора од лимонот. Пасирајте го нането, шеќерот и кората од лимонот со дрвена лажица за да се ослободи џус и да се измешаат вкусовите. Ставете газирана вода и рум. Поделете ја течноста во 4 чаши, претходно наполнети со мраз и декорирани со гранчиња нане.
Овој рецепт содржи: 151 калорија по порција, 0 гр масти, 14 гр јаглехидрати, 0 гр влакна, 0 гр протеини.
Sex on the beach
Состојки : Вотка – 237 милилитри, Светол сок од слива – 237 мл, Сок од брусница - 237 мл, Сок од портокал - 237 мл, 1 кафена лажичка екстракт од бадем, 4 парчиња портокал за декорација и Коцки мраз
Наполнете голем сад со мраз и во него сипете ги сите состојки. Потоа поделете ја содржината на 4 чаши, секоја од нив декорирана со по парче портокал по желба.
Овој рецепт содржи: 201 калорија по порција, 1 гр маст (0 е заситени), 15 гр јаглехидрати, 1 гр влакна, 1 гр протеини.
- Рецепт за коктел - Камикази шутери
- 60 ml вотка
- 15 ml ликер од портокал
- неколку капки лимонов сок
Ставете ги состојките во коктел шејкерот со многу мраз. Измешајте добро. Потоа сипете ги во шутер чаши.
- Ликер од портокал
1500 грама Шеќер
1500 милилитри Ракија
2500 грама Портокал
1500 милилитри Вода
2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
Излупете ги портокалите и исчистете ја кората од белите делови за да не горчи.
Ситно исецкајте ја кората, па ставете ја во поголем стаклен сад (тегла) со широк отвор.
Налејте ја ракијата и додадете два ванилни шеќера или стапче ванила, па затворете го садот.
Ставете го на темно место да отстои 14 дена.
По 14-те дена во 1,5 Л. вода сварете 1,5 кг. шеќер додека не почне да станува по малку густа.
Малку оладете, па налејте во садот со кората од портокал.
Повторно држете на темно место 14 дена со повремено протресување на садот.
По истекот на времето процедете го ликерот.
- Сангрија
Традиционална сангрија:
Состојки
1 шише црвено вино (1 литар)
½ чаша бренди
½ чаша свежо цеден сок од портокал
¼ чаша шеќер
1 портокал, исечен на тенки кругови
1 лимон, исечен на тенки кругови
1 зелен лимон (лимета), исечен на тенки кругови
1 јаболко, исечено на тенки полумесечинки
1 чаша газирана вода
мраз
Во голем бокал ставете ги виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот и мешајте додека шеќерот не се раствори.
Додајте го исечканото овошје и ставете го бокалот во фрижидер. Оставете го барем неколку часа.
Извадете го бокалот од фрижидер, додајте ја газираната вода и служете во чаши со мраз.
Сангријата секогаш се служи ладна.
Од овошје можете да користите портокали, лимони, лимета, јаболка, праски, јагоди, боровинки, ананас, манго, грозје, диња и сл.
Наместо шеќер можете да ставите мед.