Ретко поставувани прашања за поимот 'просветителство'

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
ШТО СЕ ПРАЗНУВА НА 24. МАЈ?
Ден на словенските просветители и учители Кирил и Методиј.

КОИ БИЛЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ?
Константин (подоцна Кирил) и Михаил (подоцна
Методиј) биле христијански теолози родени во Солун, Романија (постхумно наречена Византија) во 9. век. Нивниот јазик бил средновековен грчки, а знаеле и старословенски. Не е познато со сигурност дали еден од нивните родители бил со словенско потекло, но тоа е секако ирелевантно.
https://en.wikipedia.org/wiki/Saints_Cyril_and_Methodius

КОЕ НИВНО ДЕЛО СЕ СЛАВИ?
Кирил и Методиј создале нова азбука наречена глаголица прилагодена на старословенската фонетика. Со помош на глаголицата, превеле делови од библијата на старословенски и црковната литургија во Моравија (денешна Чешка) ја изведувале на старословенски.

КАКВА ВРСКА ИМААТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ СО КИРИЛИЦАТА?
Кирил умрел во Рим, а години подоцна Методиј во Моравија. Нивните ученици Климент, Наум, Горазд и Ангелари се вратиле на Балканот по смртта на нивните учители. Биле поканети од бугарскиот цар Борис да дојдат во престолнината Плиска (источна Бугарија). Борис им дал задача да го шират христијанството на словенски јазик за да се спречи византиското влијание преку грчкиот јазик во црквите на бугарското царство. Тогаш, старословенскиот јазик станал официјален јазик на бугарското царство.
Климент и Наум ги основале Охридската и Преславската книжевна школа. Преслав се наоѓал во близина на престолнината Плиска, источна Бугарија. Охрид знаеме кај се наоѓал. Тие две школи биле најголемите описменувачки центри кон крајот на 9. век на територијата на бугарското царство. Во Охридската школа, за само 7 години (886-893), Климент научил 3500 ученици да читаат библија и црковни текстови напишани на старословенски јазик со глаголица.
https://en.wikipedia.org/wiki/Preslav_Literary_School
Кирилицата е модифицирана верзија на глаголицата и е создадена кон крајот на 9. век во Преславската школа. Така е наречена во чест на учителот Кирил. За релативно кратко време, кирилицата се проширува до киевска Русија и подоцна станува стандардна азбука во источните православни словенски цркви.

ЗОШТО КИРИЛ И МЕТОДИЈ СЕ СМЕТААТ ЗА ПРОСВЕТИТЕЛИ?
Затоа што поимот 'просветителство' во денешниот православен словенски свет значи описменување, односно обучување на луѓе кои не знаат да читаат и пишуваат, да научат да читаат и пишуваат текстови на одреден јазик и одредено писмо. Кирил, Методиј, Климент, Наум и останатите учеле луѓе да читаат религиозни текстови на глаголица/кирилица и тоа денес се смета за просветителство.

ДАЛИ ПОИМОТ ПРОСВЕТИТЕЛСТВО СЕ РАЗБИРА НА ВАКОВ НАЧИН И ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА?
Не. Просветителството во западна Европа е духовно движење кое започнало некаде кон крајот на 17. век. Поимот просветителство (анг. enlightenment) во западна Европа се разбирал како расветлување на тајните кои отсекогаш биле догма за човештвото. Еден од основните белези на просветителството е обземеноста со науката. Носител на идеите на просветителството била граѓанската класа, која почнала да се еманципира уште во ренесансата. Книжевноста во просветителството е антирелигиозна и антифеудална.
https://mk.wikipedia.org/wiki/Просветителство

ДАЛИ ПРОСВЕТИТЕЛСКОТО УЧЕЊЕ НА КИРИЛ, МЕТОДИЈ, КЛИМЕНТ И НАУМ ПРИДОНЕЛЕ ЗА РАЗВОЈОТ НА НАУКАТА, СЛОБОДНАТА И КРИТИЧКАТА МИСЛА?
Шио ми га Џура.

ДАЛИ ПРОСВЕТИТЕЛСКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА ВО 17. И 18. ВЕК ПРИДОНЕЛЕ ЗА РАЗВОЈОТ НА НАУКАТА, СЛОБОДНАТА И КРИТИЧКАТА МИСЛА?
Апсолутно да. Придобивките од просветителското движење се основата на Европската унија и носител на системот на вредности базирани на човековите права, слободната мисла и науката.

ДАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРАВИ РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ПОИМИТЕ 'ПРОСВЕТИТЕЛСТВО НА ПРАВОСЛАВЕН СЛОВЕНСКИ НАЧИН' И 'ПРОСВЕТИТЕЛСТВО НА ЗАПАДНОЕВРОПСКИ НАЧИН' ОБЈАСНЕТИ ПОГОРЕ?
Доминатно не.

ДАЛИ КАКО ОПШТЕСТВО СМЕ 'ПРОСВЕТЛЕНИ НА ПРАВОСЛАВЕН СЛОВЕНСКИ НАЧИН'?
Да.

ДАЛИ КАКО ОПШТЕСТВО СМЕ 'ПРОСВЕТЛЕНИ НА ЗАПАДНОЕВРОПСКИ НАЧИН'?
Не.
 
Последна промена:

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Да ја направиме темава општо за споделување на информации од областа на историјата и културата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: massimaux