Ренесанса

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Скулптурата на раната ренесанса

Ренесансната скулптура во Фиренца се јавува во специфични историски и општествено-економски услови, кои накусо можат да се претстават во следниот редослед:

- На преодот од XIV во XV век, главниот град на Тоскана, Фиренца, се наоѓа пред непосредна опасност да биде покорен од Милано, како и другите градови во северна Италија пред него.
- Фиренца се брани на воен, дипломатски и културен фронт за да ја спаси Тоскана од поробување.
- Фиренца станува политички и културен центар со слична улога каква што беше улогата на Атина во времето на Персиските војни.
- Сигурни дека ќе успеат во своите настојувања, фирентинците започнуваат голема битка за довршување на значајните уметнички потфати што се започнати еден век порано, во времето на Џото, а тоа се:
* бронзените врати на баптистериумот
* украсувањето на катедралата со скулптури и
* градењето на куполата од катедралата

Тоа значи дека:
- фирентинците сметаат дека ликовните уметности се важен предуслов за подигање на народниот дух во борбата против освојувачот и дека
- уметникот е признат како мислител, а уметничкото дело како доказ за неговиот творечки дух.

Првата половина на XV век претставува херојска доба на раната ренесанса, чиј почеток е означен преку скулпториските реализации. Скулпторите добиваат можност први да одговорат на повикот на "Нова Атина", преку конкурсот за вратите на баптистериумот.

Постепеното ослободување на готската традиција се одвива со помош на инспирацијата од класичната скулптура, што е започната еден век порано од Никола Пизано.

Никола Пизано (твори 1258/78) е прв значаен уметник од познатото скулпторско семејство од Тоскана. Негово најзначајно дело е крстилницата во Пиза со релјефи на тема од Новиот завет. По своите уметнички својства преставува предвесник на раноренесансната скулптура во Тоскана.

010-nicola-pisano-theredlist.jpg

Џовани Пизано го продолжува делото на својот татко Никола. Натуралистичките детали на неговите скулпутри го заменуваат крутиот формализам, што е присутен во делата на неговиот татко. Тоа особено е видливо на скулптурите изработени за фасадата на катедралата во Сиена.

img_1839.jpg
Андреа Пизано (1920-1348) ги изработува крилата на јужната врата на крстилницата во Фиренца со релјефи на тема од Новиот завет. На нив се уште е присутен средновековниот готски пристап во уметноста, но сепак тие ќе претставуваат поттик за реализација на останатите врати на крстилницата од страна на првиот раноренесансен скулптор Лоренцо Гиберти.

andrea-pisano-south-doors-(life-of-st-john-the-baptist).jpg
Нани ди Банко (околу 1390-1421) е значаен творец за почетоците на раноренесансната уметност во Фиренца. Тој постепено се ослободува од ограничениот средновековен класицизам, што најмногу е видливо на неговата композиција во мермер Четирите светци сместени во ниша на црквата Орсанмикеле во Фиренца. Под силен впечаток на античкиот реализам и на готскиот измачен израз, тој успева нив да ги обедини достигнувајќи го новиот уметнички израз на ренесансниот хуманизам.

Four_Crowned_Saints_Nanni_di_Banco_Orsanmichele.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
ЛОРЕНЦО ГИБЕРТИ (1378-1465)

Гиберти, како и многу други ренесансни уметници, најпрво започнува да се занимава со кујунџинството, преку кое ги изразува своите уметнички претензии. Во 1401/02 година во Фиренца се распишува конкурс за решение на северната врата од баптистериумот пред црквата Санта Марија дел Фјоре. На конкурсот учествуваат познати уметници, меѓу кои и Брунелески, но победува Гиберти.

Северната врата на крстилницата е изработена од позлатена бронза и има 4 x 7 релјефни полиња со сцени од Новиот завет. Сцените сместени во четирилист, поради присуство на готската традиција, се уште ги немаат комплетните карактеристики на ренесансната уметност.

2n_door2.jpg

Источната врата на крстилницата (1425-52) , Лоренцо Гиберти ја изработил 20 години подоцна по нарачка, украсувајќи ја со сцени од Стариот завет, исто така во позлатена бронза. Таа има 2 х 5 релјефни полиња кои ги содржат сите карактеристики на ренесансната уметност. Гиберти нив ги изработува под влијание на својот веќе проучен ученик Донатело, но и под влијание на веќе откриената научна перпектива од Брунелески, неговиот поранешен конкурент. Кога младиот Микеланџело го видел тоа остварување, го нарекол "рајска врата". Како карактеристични сцени може да се издвојат:

- Приказната за Јосеф, на која се прикажани голем број луѓе во различни позиции, со објекти во позадината. И покрај тоа, таа композиција има единственост и грациозност стопени во перпектива.
- Приказната за Јаков и Исак, каде што има нагласена градација на релјефи кои постепено се губат во перпектива.

216176.jpg

Скулптурата Јован Крстител (1414) сместена во ниша на црквата Орсаимикеле. Гиберти ја работа паралелно со неговата прва врата на крстилницата. Затоа, во неа се уште е присутна готската традиција.

q9965858.jpg

Скулптурата Свети Матеј (1420) сместена во ниша на истиот објект е под големо влијание на антиката, но и со извесна модификација на готскиот стил. Тоа е доказ дека преку неа Гиберти се подготвува да ја изработи рајската порта.

first_round_for_schol_031.JPG