Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

ДАЛИ СПАЛНАТА ТРЕБА ДА ИМА УШИ

Заради слабата звучна изолација меѓу становите, се што се случува кај некој сосед,

како да се случува кај сите окулу нив. Се слуша кога се караат и мират, кога плачат и

се смеат, но често, за оние премногу љубопитните, зад тенките зидови како да се слушаат

и притаените еротски звуци на занесените љубовници.

И така, еден ден, ми звони еден комшија на вратата, и, ни срам ни перде, ми вели дека

јас и жената сме биле непристојно бучни од нашата спална соба, и дека треба да поведеме

малку повеќе сметка за тоа. Да ми речеше било што друго одма ќе се извинев, ама ова беше

како гром од ведро небо. Аман бе комшија, му велам, зарем на овие години да ме резилиш

за такви работи !? Да, да, револтирано ми се обраќа, креветот ви крцка цел ден, крц-врц,

крц-врц, се слуша низ цела зграда, срамота е’. А-у, ха-ха, викам и се смеам, абе комшија, во

ова е работата, жената вежба стомачни мускули на една фитнес справа, оттаму крцкањето.

Комшијата малку како да се збуни, ама пак продолжи. А кога на цел глас страсно воздивнува,

оф, оф, тука, тука, е сега ме погоди, и за тоа ќе најдеш оправдување. Не бе приателе, го убедувам,

тогаш со пепељара и го масирам грбот на жената. Ти мене ќе ми фрлаш пепел в очи, ми вика,

а што беше тоа кога пред некој ден хистерично врескаше, одназат клајго, однапред клајго, не е

убаво, деца врват. Абе комшија, слушај ваму, се трудам да му објаснам, тогаш бев качен на една

скала и местев пердина, а жената одоздола туку вика, вака клајго, онака клајго. Море ајде, знам јас,

иронично се смее, а на што личеше ова денеска, сега под турниго, сега под извајго, турниго, извајго.

И ако со трпението бев при крај, учтиво му објаснив дека денеска готвев ручек, па жената, оти

малку подзаборавам, на неколку пати ме потсетуваше да го помрднам капакот од тенџерето да не

претечи манџата.

Не знам уште колку работи ќе ми кажеше, ама пред да му ја треснам вратата, му реков дека

токму тој треба да си поведе сметка за својата спална соба, оти, како што се зборува на окулу, и

оттаму се слушале еротски звуци, само што тоа не бил неговиот глас.

По сиот овој разговор, единствено што можев да заклучам е дека нашиот комшија нашироко ја

разбранувал својата бујна фантазија, а што е уште полошо, сигурно не изоставил да ја разбранува и

имагинарната интригантност на соседите окулу нас, а и пошироко.

(Секоја ноќ имагинарни крави

доаѓаат и стојат до нас во собата

и зјапаат во нас со разочарани очи.

Тоа се кравите на срамот.

Нема да се предадат.

(Поетска песна (секоја ноќ имагинарни крави...), Селима Хил))

Се свртив. Зад мене стоеше жената, насмеана, ведра и секогаш спремна и расположена и на овие

години да си играме зет и невеста. Во занесот, како и обично, повторно ќе си шепотиме, потивко,

потивко, да не’ не слушнат.

Бујната фантазија на комшијата треба да проработи кога не нема.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 368820, member: 3053"] [B] ДАЛИ СПАЛНАТА ТРЕБА ДА ИМА УШИ[/B] Заради слабата звучна изолација меѓу становите, се што се случува кај некој сосед, како да се случува кај сите окулу нив. Се слуша кога се караат и мират, кога плачат и се смеат, но често, за оние премногу љубопитните, зад тенките зидови како да се слушаат и притаените еротски звуци на занесените љубовници. И така, еден ден, ми звони еден комшија на вратата, и, ни срам ни перде, ми вели дека јас и жената сме биле непристојно бучни од нашата спална соба, и дека треба да поведеме малку повеќе сметка за тоа. Да ми речеше било што друго одма ќе се извинев, ама ова беше како гром од ведро небо. Аман бе комшија, му велам, зарем на овие години да ме резилиш за такви работи !? Да, да, револтирано ми се обраќа, креветот ви крцка цел ден, крц-врц, крц-врц, се слуша низ цела зграда, срамота е’. А-у, ха-ха, викам и се смеам, абе комшија, во ова е работата, жената вежба стомачни мускули на една фитнес справа, оттаму крцкањето. Комшијата малку како да се збуни, ама пак продолжи. А кога на цел глас страсно воздивнува, оф, оф, тука, тука, е сега ме погоди, и за тоа ќе најдеш оправдување. Не бе приателе, го убедувам, тогаш со пепељара и го масирам грбот на жената. Ти мене ќе ми фрлаш пепел в очи, ми вика, а што беше тоа кога пред некој ден хистерично врескаше, одназат клајго, однапред клајго, не е убаво, деца врват. Абе комшија, слушај ваму, се трудам да му објаснам, тогаш бев качен на една скала и местев пердина, а жената одоздола туку вика, вака клајго, онака клајго. Море ајде, знам јас, иронично се смее, а на што личеше ова денеска, сега под турниго, сега под извајго, турниго, извајго. И ако со трпението бев при крај, учтиво му објаснив дека денеска готвев ручек, па жената, оти малку подзаборавам, на неколку пати ме потсетуваше да го помрднам капакот од тенџерето да не претечи манџата. Не знам уште колку работи ќе ми кажеше, ама пред да му ја треснам вратата, му реков дека токму тој треба да си поведе сметка за својата спална соба, оти, како што се зборува на окулу, и оттаму се слушале еротски звуци, само што тоа не бил неговиот глас. По сиот овој разговор, единствено што можев да заклучам е дека нашиот комшија нашироко ја разбранувал својата бујна фантазија, а што е уште полошо, сигурно не изоставил да ја разбранува и имагинарната интригантност на соседите окулу нас, а и пошироко. (Секоја ноќ имагинарни крави доаѓаат и стојат до нас во собата и зјапаат во нас со разочарани очи. Тоа се кравите на срамот. Нема да се предадат. (Поетска песна (секоја ноќ имагинарни крави...), Селима Хил)) Се свртив. Зад мене стоеше жената, насмеана, ведра и секогаш спремна и расположена и на овие години да си играме зет и невеста. Во занесот, како и обично, повторно ќе си шепотиме, потивко, потивко, да не’ не слушнат. Бујната фантазија на комшијата треба да проработи кога не нема. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom