Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

ПОЛИТИЧКИ, НАРОДНИ И ДРУГИ САРМИ

Помина празникот Св. Никола, да е напомош.

Како за многу православни верници, овој верски празник е значаен и за прилепчани: речиси секоја

втора куќа во градот го има примено како домашна слава. Према обичаите, во семејството се канат

гости, се подготвуваат посни сармички, грав, риби, се пие вино, се благословува за многу години да

е за сите. Со Бoжја милост, овој правоверник и слуга Божји е прогласен за светител и заштитник

на град Прилеп. Следејќи ја оваа народна и верска традиција, секоја година на овој ден општинските

власти организираат сенародна прослава со присуство на голем број граѓани и гости, на кои им се

нудат прочуeните прилепски посни сармички, со еден ексклузивитет дека сармите, по бројот колку што

во еден турнус биле завиткани, се влезени и во Гинисовата книга на рекорди.

Но, празникот дојде и си замина. Треба да се мисли за понатаму, а што да се мисли ако не за политика.

И така, во вакумот на политичкото затишје кое дојде по бурните настани со промената на власта (до

некоја следна бура), прилепчани, немајќи друга работа, почнале да дебатираат за тоа чии сарми се

подобри: од предходната или сегашната власт.

Неопределените се изјасниле дека разлика нема. На двете страни се работи за главолики зелки, било

солени или недосолени. Зелките обично се носат на рамена, а, откако ќе отстојат во некоја државна

ка(н)ц(елари)а, се сторуваат во кисел и засмрден политички расол за никаква употреба. Расолницата била

така добро заматена, што дури им го заматила умот и видот на народните маси. Тие пак што ја мателе,

обично се гоштевале со дроб сарми и ним омилениот специјалитет (по примерот „кажи ми што јадеш ќе

ти кажам кој си“): запечен расол со свинска глава. Не дека се виткаат сарми, ќе речат неопределените,

туку што се витка. А се витка (не)вистината во трули листови од (судско)правни акти, за пред очите на

граѓаните да се завитка криминалот и корупцијата.

Партиски поделените граѓани биле со поинакво мислење.

Едните тврделе дека сармите од претходната власт се подобри затоа што народот бил виткан во расол

сторен единаесет години, па веќе бил навикнат да трпи секакви главолики засмрдени зелки кои во јавноста

им се сервирале во вид на добро запржена сарма. Расолницата била толку мајсторски засолена така што

секого да ги протера од секаква нужда, од работа, од државата, од барикади, од нивниот единствен живот.

Затоа пак, кога требаше и колку што требаше, сите го почуствуваа вкусот на сармите големи како (нечија)

тупаница, и го осетија мирисот на ветувањето за расол со коска.

Другите тврделе дека сармите од новата власт се подобри. По демократизацијата на сармијадите, граѓаните

можат да јадат и живи сарми, место живи да се јадат меѓу себе како досега. Заради опстанок на сегашната

собраниска растурена сарма, под заштита се чуваат само главоликите незрели зелки во селскиот атар на зајко.

Власта вети дека постот бргу ќе го заборавиме и ќе почнеме да кркаме мрсни сарми, и ако досега ги немаме

ни видено ни намирисано. Конечно, никој повеќе не мора да носи список со десет нови смотани сарми во партија,

или прекумерно да пика празноглави сарми во државната администрација, и дека секој што ќе свитка подмишка

туѓи сарми за дома, ќе оди во затвор (па нека штрајкува со глад или без глад). Отсега натаму, стандардот по

глава на жител ќе се мери по бројот на изедени сарми. Посни, се разбира.

Како епилог, оваа бурна расправија завршила со еден голем консензус на патерица, кога по празникот, сите здушно

се нафрлиле врз она што останало на свети николските трпези и до гуша се тупале со грав и сарми, сеедно од

која власт биле подготвени.

Ad informandum

Према легендата, синоним за прилепските сарми бил Глигурче Поснасарма, еден од најголемите итромани на сите

времиња во градот на мајтапџиите (средина на осумнаесетти век). Неговите мајтап муабети биле раскажувани

надалеку, како на пример кога ги убедил османлиите да не го рушат прилепскиот градски саат затоа што бил изграден

повисоко од џамијата, што не било дозволено. „Аџеба, е’ повисок од џамијата – признал Глигурче Поснасарма -,

ама е изграден накриво, и за сите времиња да носи клетва така да си остане“, и така некако ги смирил лутуте Турци.

Во овој дух, има нешто таинствено останато од тој некогашен мајтаплук на Глигурче Поснасарма со кој прилепчани

до ден денес, сите добродојденци и доборонамерници, ги виткаат во посна сарма, без да се сетат.

ПС.

Прилепските сарми се историски момент за помирување.

На 11. Октомври не биле фрлани бомби, туку сарми.

Добро бе, еден загинал, ама од прејаденост.

Па нели бугарските офицери биле чести гости во прилепските куќи.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 365890, member: 3053"] [B] ПОЛИТИЧКИ, НАРОДНИ И ДРУГИ САРМИ[/B] Помина празникот Св. Никола, да е напомош. Како за многу православни верници, овој верски празник е значаен и за прилепчани: речиси секоја втора куќа во градот го има примено како домашна слава. Према обичаите, во семејството се канат гости, се подготвуваат посни сармички, грав, риби, се пие вино, се благословува за многу години да е за сите. Со Бoжја милост, овој правоверник и слуга Божји е прогласен за светител и заштитник на град Прилеп. Следејќи ја оваа народна и верска традиција, секоја година на овој ден општинските власти организираат сенародна прослава со присуство на голем број граѓани и гости, на кои им се нудат прочуeните прилепски посни сармички, со еден ексклузивитет дека сармите, по бројот колку што во еден турнус биле завиткани, се влезени и во Гинисовата книга на рекорди. Но, празникот дојде и си замина. Треба да се мисли за понатаму, а што да се мисли ако не за политика. И така, во вакумот на политичкото затишје кое дојде по бурните настани со промената на власта (до некоја следна бура), прилепчани, немајќи друга работа, почнале да дебатираат за тоа чии сарми се подобри: од предходната или сегашната власт. Неопределените се изјасниле дека разлика нема. На двете страни се работи за главолики зелки, било солени или недосолени. Зелките обично се носат на рамена, а, откако ќе отстојат во некоја државна ка(н)ц(елари)а, се сторуваат во кисел и засмрден политички расол за никаква употреба. Расолницата била така добро заматена, што дури им го заматила умот и видот на народните маси. Тие пак што ја мателе, обично се гоштевале со дроб сарми и ним омилениот специјалитет (по примерот „кажи ми што јадеш ќе ти кажам кој си“): запечен расол со свинска глава. Не дека се виткаат сарми, ќе речат неопределените, туку што се витка. А се витка (не)вистината во трули листови од (судско)правни акти, за пред очите на граѓаните да се завитка криминалот и корупцијата. Партиски поделените граѓани биле со поинакво мислење. Едните тврделе дека сармите од претходната власт се подобри затоа што народот бил виткан во расол сторен единаесет години, па веќе бил навикнат да трпи секакви главолики засмрдени зелки кои во јавноста им се сервирале во вид на добро запржена сарма. Расолницата била толку мајсторски засолена така што секого да ги протера од секаква нужда, од работа, од државата, од барикади, од нивниот единствен живот. Затоа пак, кога требаше и колку што требаше, сите го почуствуваа вкусот на сармите големи како (нечија) тупаница, и го осетија мирисот на ветувањето за расол со коска. Другите тврделе дека сармите од новата власт се подобри. По демократизацијата на сармијадите, граѓаните можат да јадат и живи сарми, место живи да се јадат меѓу себе како досега. Заради опстанок на сегашната собраниска растурена сарма, под заштита се чуваат само главоликите незрели зелки во селскиот атар на зајко. Власта вети дека постот бргу ќе го заборавиме и ќе почнеме да кркаме мрсни сарми, и ако досега ги немаме ни видено ни намирисано. Конечно, никој повеќе не мора да носи список со десет нови смотани сарми во партија, или прекумерно да пика празноглави сарми во државната администрација, и дека секој што ќе свитка подмишка туѓи сарми за дома, ќе оди во затвор (па нека штрајкува со глад или без глад). Отсега натаму, стандардот по глава на жител ќе се мери по бројот на изедени сарми. Посни, се разбира. Како епилог, оваа бурна расправија завршила со еден голем консензус на патерица, кога по празникот, сите здушно се нафрлиле врз она што останало на свети николските трпези и до гуша се тупале со грав и сарми, сеедно од која власт биле подготвени. Ad informandum Према легендата, синоним за прилепските сарми бил Глигурче Поснасарма, еден од најголемите итромани на сите времиња во градот на мајтапџиите (средина на осумнаесетти век). Неговите мајтап муабети биле раскажувани надалеку, како на пример кога ги убедил османлиите да не го рушат прилепскиот градски саат затоа што бил изграден повисоко од џамијата, што не било дозволено. „Аџеба, е’ повисок од џамијата – признал Глигурче Поснасарма -, ама е изграден накриво, и за сите времиња да носи клетва така да си остане“, и така некако ги смирил лутуте Турци. Во овој дух, има нешто таинствено останато од тој некогашен мајтаплук на Глигурче Поснасарма со кој прилепчани до ден денес, сите добродојденци и доборонамерници, ги виткаат во посна сарма, без да се сетат. ПС. Прилепските сарми се историски момент за помирување. На 11. Октомври не биле фрлани бомби, туку сарми. Добро бе, еден загинал, ама од прејаденост. Па нели бугарските офицери биле чести гости во прилепските куќи. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom