Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Л О К А Л (КАНАЛИЗАЦИО) Н И И З Б О Р И

Конечно дојде денот на локалните избори. Ќе се бира гр(а)доначалник. Колку типот ќе биде

(не)симпатичен и колку ќе го бива или нема да го бива, ќе се види подоцна, но, за граѓаните

изборот е конечен и нема враќање назад, барем не до следните избори. Заради чувството дека

претставуваат некаков политички субјект, секој граѓанин поединечно тој ден го доживува како

вистински празник. Ќе го даде својот г(л)ас за слобода, спас, отфрлање на јаремот, ќе го дочека

денот на победата, сеедно дали тоа ќе му го ветат од едната или другата страна од политичката

нишалка.

Во тој поглед, и моето семејство не беше никаков исклучок.

Јас, татко ми, мајка ми, братот и сестрата, по линија на граѓанска должност, требаше да се појавиме

на гласачкото место, и по сопствен избор да се определиме за еден од кандидатите. Се разбира,

целосно демократски, со спротивставени меслења, секој против секого до нож.

Мајка ми скокна прва: кандидатите за градоначалници меѓу себе да си тргаат кусо-долго дрвце, па

кој ќе биде нека биде. Лесно и е тоа на мајка ми да го каже кога припаѓа на невладините кои се борат

за мир и толеранција меѓу луѓето, каде што секое дрвце може да се делка како сакаш. Само што од

секое дрвце градоначалник не бидува. Од предизборниот хороскопски знак, мајка ми очекува среќата

на прв поглед да и се насмевне на некоја девица.

Но, што да се прави со татко ми кој припаѓа на националната револуционерна ослободителна партија

за обнова на четите и партизаните. Тој очекува борба, малихери и шмајзери, победа на народот,

оти само народот е тој што може да ја истера државата на чистина. Тој сака градоначалник кој ќе

шири национализам, шовинизам и омраза, а, против кого, секако некој ќе ни се најде на патот.

Со братот и сестрата беше најтешко. Директно се поделија меѓу власта и опозицијата. Веќе подолго

време не седнуваат заеднички на маса, едниот влегува од предната, другиот од задната врата на

куќата, само да не се сретнат. Ќе се виделе, велат, на избори. Судирот е издигнат до нивото на

меѓусебно убивање во појам, со ингениозната идеја за канализација во 21. век.

Јас се определив за неопределените. Која фаца или гримаса ќе се слика за градоначалник, ми беше

сосема сеедно. Но, токму тоа ми даде идеја како неопределен и независен, и јас да се кандидирам

за градоначалник.

Одлуката не беше случајна. Ми се смачи да го гледам тој криминал и корупција од страна на досегашните

градоначалници, па, повикувајќи се на мојата предизборна програма и чесност, дојдов до сигурен заклучок

дека ќе бидам нај соодветниот кандидат за оваа функција.

На денот на изборите доживеав целосен пораз, независно од мојата независност. Се зависеше од зависноста

од политичката олигархија. Покрај големиот број партиски кандидати, моите најголеми противници ми беа

домашните предавници: татко ми, мајка ми, братот и сестрата.

И тие се кандидирале за градоначалници.

П.С.

На сегашните локални избори најмногу се ветува канализација. Ако низ неа протече сиот досегашен политички

отпад и смрдеа, добор е’. Но, да не биде тоа само празно ветување.

На пример:

Прилепчани по четириесет години добија канализација, сега немаат вода.

(афоризмот е позајмен и одамна, но сеуште актуелен).

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 364855, member: 3053"] [B]Л О К А Л (КАНАЛИЗАЦИО) Н И И З Б О Р И[/B] Конечно дојде денот на локалните избори. Ќе се бира гр(а)доначалник. Колку типот ќе биде (не)симпатичен и колку ќе го бива или нема да го бива, ќе се види подоцна, но, за граѓаните изборот е конечен и нема враќање назад, барем не до следните избори. Заради чувството дека претставуваат некаков политички субјект, секој граѓанин поединечно тој ден го доживува како вистински празник. Ќе го даде својот г(л)ас за слобода, спас, отфрлање на јаремот, ќе го дочека денот на победата, сеедно дали тоа ќе му го ветат од едната или другата страна од политичката нишалка. Во тој поглед, и моето семејство не беше никаков исклучок. Јас, татко ми, мајка ми, братот и сестрата, по линија на граѓанска должност, требаше да се појавиме на гласачкото место, и по сопствен избор да се определиме за еден од кандидатите. Се разбира, целосно демократски, со спротивставени меслења, секој против секого до нож. Мајка ми скокна прва: кандидатите за градоначалници меѓу себе да си тргаат кусо-долго дрвце, па кој ќе биде нека биде. Лесно и е тоа на мајка ми да го каже кога припаѓа на невладините кои се борат за мир и толеранција меѓу луѓето, каде што секое дрвце може да се делка како сакаш. Само што од секое дрвце градоначалник не бидува. Од предизборниот хороскопски знак, мајка ми очекува среќата на прв поглед да и се насмевне на некоја девица. Но, што да се прави со татко ми кој припаѓа на националната револуционерна ослободителна партија за обнова на четите и партизаните. Тој очекува борба, малихери и шмајзери, победа на народот, оти само народот е тој што може да ја истера државата на чистина. Тој сака градоначалник кој ќе шири национализам, шовинизам и омраза, а, против кого, секако некој ќе ни се најде на патот. Со братот и сестрата беше најтешко. Директно се поделија меѓу власта и опозицијата. Веќе подолго време не седнуваат заеднички на маса, едниот влегува од предната, другиот од задната врата на куќата, само да не се сретнат. Ќе се виделе, велат, на избори. Судирот е издигнат до нивото на меѓусебно убивање во појам, со ингениозната идеја за канализација во 21. век. Јас се определив за неопределените. Која фаца или гримаса ќе се слика за градоначалник, ми беше сосема сеедно. Но, токму тоа ми даде идеја како неопределен и независен, и јас да се кандидирам за градоначалник. Одлуката не беше случајна. Ми се смачи да го гледам тој криминал и корупција од страна на досегашните градоначалници, па, повикувајќи се на мојата предизборна програма и чесност, дојдов до сигурен заклучок дека ќе бидам нај соодветниот кандидат за оваа функција. На денот на изборите доживеав целосен пораз, независно од мојата независност. Се зависеше од зависноста од политичката олигархија. Покрај големиот број партиски кандидати, моите најголеми противници ми беа домашните предавници: татко ми, мајка ми, братот и сестрата. И тие се кандидирале за градоначалници. П.С. На сегашните локални избори најмногу се ветува канализација. Ако низ неа протече сиот досегашен политички отпад и смрдеа, добор е’. Но, да не биде тоа само празно ветување. На пример: Прилепчани по четириесет години добија канализација, сега немаат вода. (афоризмот е позајмен и одамна, но сеуште актуелен). [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom