Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

ЗА ТВРДОКОРНИОТ ПАТРИОТИЗАМ

И се заканив на македонската демократија со сиот мој патриотизам : или ќе се откаже од цврстиот концепт

за двојазична Македонија, или ќе ги олабави конците на мак-популизмот и слободно изразената воља на народот

за заедничка Македонија со тупаници и крв, за после да не биде дека некој се кае.

Оти, ќе прашам, како тоа не смеам да го бранам мојот нео-пагански македонизам и антиквизација, мојот етникум

како папокот на светот, библиското блеење, пардон, бдеење како божји народ, да ја нурнам главата во живиот

песок на македонштината која наместо да го одбере Западот ја одбра Византија па сега, во бароктен манир, виси

на мостот помеѓу надојдените реки на истокот и западот.

Или, како тоа не смеам да ја бранам мојата православна црква, која наместо да ме учи да верувам во Бога, ме учи

дека ние македонците сме последното заблудано стадо кое треба да тргне по патот на Св. Петар кој некогаш врвел

низ нашите краишта, и ги прогласеме неговите стапки за свети по кои ќе одиме сите ние за Господ умот да ни го чува,

или кога ќе застанам пред чудотворните икони и фрески за да побарам Божја милост и прошка затоа што брадести

свештеници ме поведоа на улица и ме учат наместо да ги сакам, да ги тепам ближните свои, или кога се крстам во

(не)биднината на Македонската православна црква (ОП) на архиереи, владици, свештеници и монаси кои како сложни

браќа ги мрсат конците со власта, а ние, духовните чеда, оставени не само во петок и среда, да постиме седум дена

во беда.

Оти, пак ќе прашам, како тоа не смеам да го бранам славното историско минато на големиот војсководец и освојувач

Александар Велики, подоцна наречен Македонски, а сега именуван како аеродромски терминал или асфалтна база и

афтострада, или кога ќе пропаднам во празнината на нашето долго историско вековие во кое не се гледа ни цар ни

владар, ни народ ни држава (добро е што Турците успеале да не сочуваат пет века), па се до фамозниот АСНОМ кога

сме се формирале она што сме сега и какви сме сега. Ми останува само да врескам за коските на нашите, Бог да ги

прости, кои мислеле дека знаат кои се и за кого гинат, за грстот македонски патриоти убиени во грб од свои браќа

и сестри. И да го колнам историското ВМРО за сите неправди и грешки сторени врз Македонскиот народ, затоа што

правеле се’ , но не знаеле да направат држава, како што сите идни генерации на вмро ќе имаат држава, но нема да

знаат да ја сочуваат.Време е оваа толку анахрона додавка, насилно вметната во современото македонско политичко

битие, еднаш за секогаш да ја сместиме во истроријата.

И пак повторно ќе прашам, како тоа не смеам да ја бранам унитарноста на мојата држава-партија, една и единствена,

неделива и заедничка Македонија во која мнозинскиот народ си дозволи својата иднина да ја гради врз вољата на

малцинскиот. Се откажавме од цела една енциклопедија затоа што се загубивме во страниците посветени на нашата

државност, националност, идентитет, јазик, култура, уставност. Го симнавме сето образование до ниво на функционална

неписменост, а албанскиот до ниво на казнена политика ако не се учи, некои велат ако се учи, и воведовме виша

клиентелистичка школа за стекнување знаења, умеења и навики за рушење демократија, слобода и правда. Со мои пари

се гради оваа држава, и имотите туѓи и тендерите наместени и Белизе што смрди на криминал, како што врз мојот грб ќе

се сруши цела држава кога ќе решат да ја срушат. Дали тогаш треба да влезам во Собранието со булдужер за да ја

разчистам ниско-тиражната политичка култура предизвикана од интелектуалци, уметници, административни службеници,

хулигани, будали и криминалци, и да го сравнам нискиот праг на толеранција зашто под тој праг се крие оружјето кое

повикува на готовс. Дали и понатаму ќе ме држат во редот на ослепените и не просветените војници водени од корумпирани

судии оставени на едно око да гледаат кога треба да делат правда за овдека никој пат да ја нема.

На крајот, остана ли нешто од сето ова што треба да бранам кога, напуштен и сам, пијам на екс до дното на сиромаштијата

откако ќе го отворам празниот фрижидер и седнам пред празната трпеза, пред малиот екран и безумната политичка пропаганда

која ме учи дека ми е убаво и добро. Кога ќе почнат да ме хранат со анатомијата на мојата вековна жилавост и владините

рецепти за здрава храна и издржливост со водена диета. Кога ќе паднам во чудниот воскрес на тврдокорен патриот, речиси

тврдоглав, па дури и тапоглав откако, во името на некаква неразбирлива иницијатива за заедничка Македонија, почнав да

размислувам локално, наместо да дејствувам глобално за чиста и европска Македонија.

Зарем ние не заслужуваме подобар живот.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 361799, member: 3053"] [B]ЗА ТВРДОКОРНИОТ ПАТРИОТИЗАМ[/B] И се заканив на македонската демократија со сиот мој патриотизам : или ќе се откаже од цврстиот концепт за двојазична Македонија, или ќе ги олабави конците на мак-популизмот и слободно изразената воља на народот за заедничка Македонија со тупаници и крв, за после да не биде дека некој се кае. Оти, ќе прашам, како тоа не смеам да го бранам мојот нео-пагански македонизам и антиквизација, мојот етникум како папокот на светот, библиското блеење, пардон, бдеење како божји народ, да ја нурнам главата во живиот песок на македонштината која наместо да го одбере Западот ја одбра Византија па сега, во бароктен манир, виси на мостот помеѓу надојдените реки на истокот и западот. Или, како тоа не смеам да ја бранам мојата православна црква, која наместо да ме учи да верувам во Бога, ме учи дека ние македонците сме последното заблудано стадо кое треба да тргне по патот на Св. Петар кој некогаш врвел низ нашите краишта, и ги прогласеме неговите стапки за свети по кои ќе одиме сите ние за Господ умот да ни го чува, или кога ќе застанам пред чудотворните икони и фрески за да побарам Божја милост и прошка затоа што брадести свештеници ме поведоа на улица и ме учат наместо да ги сакам, да ги тепам ближните свои, или кога се крстам во (не)биднината на Македонската православна црква (ОП) на архиереи, владици, свештеници и монаси кои како сложни браќа ги мрсат конците со власта, а ние, духовните чеда, оставени не само во петок и среда, да постиме седум дена во беда. Оти, пак ќе прашам, како тоа не смеам да го бранам славното историско минато на големиот војсководец и освојувач Александар Велики, подоцна наречен Македонски, а сега именуван како аеродромски терминал или асфалтна база и афтострада, или кога ќе пропаднам во празнината на нашето долго историско вековие во кое не се гледа ни цар ни владар, ни народ ни држава (добро е што Турците успеале да не сочуваат пет века), па се до фамозниот АСНОМ кога сме се формирале она што сме сега и какви сме сега. Ми останува само да врескам за коските на нашите, Бог да ги прости, кои мислеле дека знаат кои се и за кого гинат, за грстот македонски патриоти убиени во грб од свои браќа и сестри. И да го колнам историското ВМРО за сите неправди и грешки сторени врз Македонскиот народ, затоа што правеле се’ , но не знаеле да направат држава, како што сите идни генерации на вмро ќе имаат држава, но нема да знаат да ја сочуваат.Време е оваа толку анахрона додавка, насилно вметната во современото македонско политичко битие, еднаш за секогаш да ја сместиме во истроријата. И пак повторно ќе прашам, како тоа не смеам да ја бранам унитарноста на мојата држава-партија, една и единствена, неделива и заедничка Македонија во која мнозинскиот народ си дозволи својата иднина да ја гради врз вољата на малцинскиот. Се откажавме од цела една енциклопедија затоа што се загубивме во страниците посветени на нашата државност, националност, идентитет, јазик, култура, уставност. Го симнавме сето образование до ниво на функционална неписменост, а албанскиот до ниво на казнена политика ако не се учи, некои велат ако се учи, и воведовме виша клиентелистичка школа за стекнување знаења, умеења и навики за рушење демократија, слобода и правда. Со мои пари се гради оваа држава, и имотите туѓи и тендерите наместени и Белизе што смрди на криминал, како што врз мојот грб ќе се сруши цела држава кога ќе решат да ја срушат. Дали тогаш треба да влезам во Собранието со булдужер за да ја разчистам ниско-тиражната политичка култура предизвикана од интелектуалци, уметници, административни службеници, хулигани, будали и криминалци, и да го сравнам нискиот праг на толеранција зашто под тој праг се крие оружјето кое повикува на готовс. Дали и понатаму ќе ме држат во редот на ослепените и не просветените војници водени од корумпирани судии оставени на едно око да гледаат кога треба да делат правда за овдека никој пат да ја нема. На крајот, остана ли нешто од сето ова што треба да бранам кога, напуштен и сам, пијам на екс до дното на сиромаштијата откако ќе го отворам празниот фрижидер и седнам пред празната трпеза, пред малиот екран и безумната политичка пропаганда која ме учи дека ми е убаво и добро. Кога ќе почнат да ме хранат со анатомијата на мојата вековна жилавост и владините рецепти за здрава храна и издржливост со водена диета. Кога ќе паднам во чудниот воскрес на тврдокорен патриот, речиси тврдоглав, па дури и тапоглав откако, во името на некаква неразбирлива иницијатива за заедничка Македонија, почнав да размислувам локално, наместо да дејствувам глобално за чиста и европска Македонија. Зарем ние не заслужуваме подобар живот. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom