Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

11 ДЕКЕМВРИ

Јас не брзав. Прво си го испив кафето на раат, па, со чувство на лична самоувереност,

тргнав да го дадам својот глас, убеден дека со денешните избори ќе се оствари мојата

шарено лика обоена визија за подобра иднина на нашата татковина.

Брат ми уште од сабајле претураше по визбата. Го бараше античкиот шлем и знаме.

Замина со фалангата, извикнувајќи : Александар е наш, сакаме Барок. Неговиот поглед кон

иднината се темели врз реставрација на светите букви на партијата, која во пресудните

историски времиња од минатото, па еве се до денес, стана најголемиот виновник што

нашиот народ сеуште живее во климави времиња.

Сестра ми цело сабајле се шминка и никако да се нашминка. Но затоа ја шминка реалноста

окулу себе, користејќи разни интернет портали, кликови, твитови, статуси, сајтови.

Нејзината иднина ја гледа во намерата да кликне и да кидне надвор од државата.

Татко ми со кантар уште вага на која страна да се определи. Тегот повеќе му паѓа на левата,

но тој е појак со десната рака. Својата иднина ја гледа во центарот - за кардиологија.

Мајка ми е неопределена и нема намера да гласа оти си има многу поважни работи дома.

Нејзината иднина ја гледа од денес до дури само утре, во кујната

Несомнено дека на овој толку долго очекуван ден сите посакувавме да се случат фер,

демократски и кредибилни избори, и ако секој од нас требаше да даде свој личен придонес

за остварување на оваа цел.

Па така, сите тргнавме нешто да придонесеме.

Мене ми требаа само два три чекори од преродбата па да се сопнам од растурената и

малку преостаната држава како легализирана дивоградба. Единствено по што можев

да ја препознам беа анакроно стилизираните фасади и канонади на бесот и стресот

заради ненормалност, криминал и корупција. Со членовите од Партијата на скитници

ги пребаравме сите контајнери, депонии и секакво друго ѓубре кое шета на окулу, случајно

да не налетаме на некакви црни вреќи, фантоми, мртви души, гласачки тела.

Брат ми, откако изборите ги прогласи за смрт или живот, дента воскресна цела една

плејада на гробари, за да закопа живи луѓе. Ги наполни гласачките кутии со фантазмагорични

гласови кој хистерично вриштеа и пиштеа: лидеру наш, ти што го оживи клиентелизмот,

од нас мртво родените, фала ти до смртта твоја.

Сестра ми продолжи со шминкање на изборни монтажи, камуфлажи и секакви други стејлинзи

на разни изборни фаци и лудаци.

Татко ми го понесе товарот на третиот блок и останатите цигли, малтер и преостанат шут.

На избори си понесе своерачно пенкало со вградена камера – и пригушувач. Сакаше во

тишина да го „опали“ својот глас. И онака, во тишина, злокобно, да си запее: „Леле војната,

мамо војната, војната тригодишната“.

Мајка ми готвеше манџа.

Сите заедно се сретнавме после пладне дома. Гласањето беше во тек, а изборните резултати

далеку од својата завршница. Можевме мирно да седнеме и да дискутираме за манџата.

- Ова е добра манџа, - реков - но со вкус на неизвесност.

- Не, - рече брат ми - ова е манџа со вкус и мирис на запршка каква што само ние можеме

да запржеме.

- Не е добро аранжирана. – се вмеша сестра ми – Манџата не е само манџа, треба добро

и да изгледа.

- Сол, фали сол, -викаше татко ми – манџата ептем е невкусна.

Каква и да беше, изборната манџа надвор сеуште вриеше.

Дома, мајка ми, откако ја постави трпезата, ни ја сервираше нејзината манџа.

Рече дека не чека „Македонска салата“, а после следи - „Босански лонец“.

Станавме и со брзање истрчавме на улица. Исплашени и таму „Македонската салата“

да не почне да врие во „Босански лонец“.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 357268, member: 3053"] [B]11 ДЕКЕМВРИ[/B] Јас не брзав. Прво си го испив кафето на раат, па, со чувство на лична самоувереност, тргнав да го дадам својот глас, убеден дека со денешните избори ќе се оствари мојата шарено лика обоена визија за подобра иднина на нашата татковина. Брат ми уште од сабајле претураше по визбата. Го бараше античкиот шлем и знаме. Замина со фалангата, извикнувајќи : Александар е наш, сакаме Барок. Неговиот поглед кон иднината се темели врз реставрација на светите букви на партијата, која во пресудните историски времиња од минатото, па еве се до денес, стана најголемиот виновник што нашиот народ сеуште живее во климави времиња. Сестра ми цело сабајле се шминка и никако да се нашминка. Но затоа ја шминка реалноста окулу себе, користејќи разни интернет портали, кликови, твитови, статуси, сајтови. Нејзината иднина ја гледа во намерата да кликне и да кидне надвор од државата. Татко ми со кантар уште вага на која страна да се определи. Тегот повеќе му паѓа на левата, но тој е појак со десната рака. Својата иднина ја гледа во центарот - за кардиологија. Мајка ми е неопределена и нема намера да гласа оти си има многу поважни работи дома. Нејзината иднина ја гледа од денес до дури само утре, во кујната Несомнено дека на овој толку долго очекуван ден сите посакувавме да се случат фер, демократски и кредибилни избори, и ако секој од нас требаше да даде свој личен придонес за остварување на оваа цел. Па така, сите тргнавме нешто да придонесеме. Мене ми требаа само два три чекори од преродбата па да се сопнам од растурената и малку преостаната држава како легализирана дивоградба. Единствено по што можев да ја препознам беа анакроно стилизираните фасади и канонади на бесот и стресот заради ненормалност, криминал и корупција. Со членовите од Партијата на скитници ги пребаравме сите контајнери, депонии и секакво друго ѓубре кое шета на окулу, случајно да не налетаме на некакви црни вреќи, фантоми, мртви души, гласачки тела. Брат ми, откако изборите ги прогласи за смрт или живот, дента воскресна цела една плејада на гробари, за да закопа живи луѓе. Ги наполни гласачките кутии со фантазмагорични гласови кој хистерично вриштеа и пиштеа: лидеру наш, ти што го оживи клиентелизмот, од нас мртво родените, фала ти до смртта твоја. Сестра ми продолжи со шминкање на изборни монтажи, камуфлажи и секакви други стејлинзи на разни изборни фаци и лудаци. Татко ми го понесе товарот на третиот блок и останатите цигли, малтер и преостанат шут. На избори си понесе своерачно пенкало со вградена камера – и пригушувач. Сакаше во тишина да го „опали“ својот глас. И онака, во тишина, злокобно, да си запее: „Леле војната, мамо војната, војната тригодишната“. Мајка ми готвеше манџа. Сите заедно се сретнавме после пладне дома. Гласањето беше во тек, а изборните резултати далеку од својата завршница. Можевме мирно да седнеме и да дискутираме за манџата. - Ова е добра манџа, - реков - но со вкус на неизвесност. - Не, - рече брат ми - ова е манџа со вкус и мирис на запршка каква што само ние можеме да запржеме. - Не е добро аранжирана. – се вмеша сестра ми – Манџата не е само манџа, треба добро и да изгледа. - Сол, фали сол, -викаше татко ми – манџата ептем е невкусна. Каква и да беше, изборната манџа надвор сеуште вриеше. Дома, мајка ми, откако ја постави трпезата, ни ја сервираше нејзината манџа. Рече дека не чека „Македонска салата“, а после следи - „Босански лонец“. Станавме и со брзање истрчавме на улица. Исплашени и таму „Македонската салата“ да не почне да врие во „Босански лонец“. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom