Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

И З Б О Р И

Јас сум за тоа работата прво добро да се осмисли, брат ми инсистира сега и одма, сестра ми вели

дека процесот треба да продолжи, мајка ми се двоуми дали вакво нешто ни треба или не. Татко ми

е наглув (всушност, се прави наглув, како и многумина).

Збор стана откако чувме за договорот на четирите парти 11 Декември да се одреди за датум на

кој ќе се одржат следните парламентарни избори.

По веста, во нашиот дом дојде до вистинска политичка дебата, партиско препукување во кое

противникот се крши до крај.

Јас барав најпрво да се овозможи слобода на говорот за сите ослободени, испуштени и откачени

од одговорност за секој вид слобода.

Брат ми бара на народот одма да му се овозможат избори оти меѓу масите веќе се чувствува глад

за изборни манипулации.

Сестра ми бара преговорите да продолжат оти власта сеуште нема исцрпено се што може да

исцрпи од државата.

Мајка ми сака се да остане по старо оти во нејзиниот живот и така со години ништо се нема

сменето.

Татко ми туку претура некакви црни вреќи и прашува како се отвораат од прислушните разговори.

Во екот на жестоката расправа заборавивме дека 11 Декември не е што и 11 Септември, па да

ни се урнат сите кули од барокна хартија, или 11 Октомври, кога обично пукаме со ќори фишеци

во чест на нашето успешно востание, туку дека на тој датум треба да се одржат фер и демократски

избори на кои народот по кој знае кој пат ќе го даде својот глас и стас и гас за да ја оствари својата

вековна слободоумна воља за неприкосновен водач, тотална држава, идентитет со вкрстени ками,

просперитет во јабана и т.н., и т.н.

По долгата расправија дојдовме до заклучок дека за ова прашање треба да се изјасниме на референдум:

да има избори или не.

Прашањето на референдумот гласеше:

„Дали лубеницата е црвена пред да се пресечи, ако се знае дека црвената боја станува црвена само

откако ќе дојде во допир со светлината“.

Или, поинаку кажано: дали оваа власт ја има победата во раце уште пред да се пресече на избори,

ако се знае дека изборите ќе бидат избори само откако ќе дојдат во допир со светлината на нашето

осмо крако сонце на непокорот.

И покрај очекувањата, референдумот пропадна.

Секоја споредба на изборите со лубеница е не соодветна, бидејќи кај нас лубениците обично се

калемат со тикви, а, кога се во прашање тикви, тука блиску е и ѓаволот, а кој со ѓаволот тикви сади,

нему му служат место глава.

Еден храбар и освестен човек рекол дека најголемата мудрост на ѓаволот е во тоа, да не убеди дека

не постои (Бодлер). А овдека, веќе неколку изборни пасажи, да не речам цела една деценија, ѓаволот

е речиси во секој од нас, и не убедува дека не постои. За малку, ќе му поверуваа дури и оние

(не)освестените.

Татко ми, кој е наглув (всушност, се прави наглув, како и многумина), сеуште претура некакви црни вреќи

и прашува како се отвораат од прислушните разговори.

(Си) го бара(ме) ѓаволот.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 355968, member: 3053"] [B]И З Б О Р И[/B] Јас сум за тоа работата прво добро да се осмисли, брат ми инсистира сега и одма, сестра ми вели дека процесот треба да продолжи, мајка ми се двоуми дали вакво нешто ни треба или не. Татко ми е наглув (всушност, се прави наглув, како и многумина). Збор стана откако чувме за договорот на четирите парти 11 Декември да се одреди за датум на кој ќе се одржат следните парламентарни избори. По веста, во нашиот дом дојде до вистинска политичка дебата, партиско препукување во кое противникот се крши до крај. Јас барав најпрво да се овозможи слобода на говорот за сите ослободени, испуштени и откачени од одговорност за секој вид слобода. Брат ми бара на народот одма да му се овозможат избори оти меѓу масите веќе се чувствува глад за изборни манипулации. Сестра ми бара преговорите да продолжат оти власта сеуште нема исцрпено се што може да исцрпи од државата. Мајка ми сака се да остане по старо оти во нејзиниот живот и така со години ништо се нема сменето. Татко ми туку претура некакви црни вреќи и прашува како се отвораат од прислушните разговори. Во екот на жестоката расправа заборавивме дека 11 Декември не е што и 11 Септември, па да ни се урнат сите кули од барокна хартија, или 11 Октомври, кога обично пукаме со ќори фишеци во чест на нашето успешно востание, туку дека на тој датум треба да се одржат фер и демократски избори на кои народот по кој знае кој пат ќе го даде својот глас и стас и гас за да ја оствари својата вековна слободоумна воља за неприкосновен водач, тотална држава, идентитет со вкрстени ками, просперитет во јабана и т.н., и т.н. По долгата расправија дојдовме до заклучок дека за ова прашање треба да се изјасниме на референдум: да има избори или не. Прашањето на референдумот гласеше: „Дали лубеницата е црвена пред да се пресечи, ако се знае дека црвената боја станува црвена само откако ќе дојде во допир со светлината“. Или, поинаку кажано: дали оваа власт ја има победата во раце уште пред да се пресече на избори, ако се знае дека изборите ќе бидат избори само откако ќе дојдат во допир со светлината на нашето осмо крако сонце на непокорот. И покрај очекувањата, референдумот пропадна. Секоја споредба на изборите со лубеница е не соодветна, бидејќи кај нас лубениците обично се калемат со тикви, а, кога се во прашање тикви, тука блиску е и ѓаволот, а кој со ѓаволот тикви сади, нему му служат место глава. Еден храбар и освестен човек рекол дека најголемата мудрост на ѓаволот е во тоа, да не убеди дека не постои (Бодлер). А овдека, веќе неколку изборни пасажи, да не речам цела една деценија, ѓаволот е речиси во секој од нас, и не убедува дека не постои. За малку, ќе му поверуваа дури и оние (не)освестените. Татко ми, кој е наглув (всушност, се прави наглув, како и многумина), сеуште претура некакви црни вреќи и прашува како се отвораат од прислушните разговори. (Си) го бара(ме) ѓаволот. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom