Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

ИЗБИРАЧКИ СПИСОК ЗА НАБАЈНА

По препорака на Државната изборна комисија и јас ја проверив веродостојноста на избирачкиот

список објавен на Интернет. Кога таму, гледам, и на мојата адреса се појавува непознато лице со

иницијали К.Џ. кое никогаш не живеело тука, ниту сега живее (иницијалите ги ставив заради

доверливост на информациите и пресумција на невиност). Следниот чекор ми беше да се јавам до

Комисијата за изборни нерегуларности и ги информирам за настанатата грешка.

- А, не Господине – ми велат -. Такво лице навистина живее на вашата адреса, еве, овде е заведено.

- Ама како ве молам, не е можно такво нешто, овдека такво лице не постои – сум категоричен.

- Причекајте малку – ми оговорија.

Седам и стрпливо чекам до нивното повторно јавување.

- Господине, од фкрстената проверка во разни бази на податоци се гледа дека лицето со иницијали

К.Џ. живеело на вашата адреса, ама во меѓувреме умрело.

- Ај Господи - викам нервозно -, абе разбирате вие или не. Такво лице овдека нема, ниту пак умрело.

- Несте во право Господине, лицето уште пред да се роди живеело на вашата адреса, а умрело откакo

било прогласено за жив мртовец. Но, како што можи да се види од другите бази на податоци лицето во

меѓувреме оживело и повторно како место на живеење ја навело вашата адреса.

- Оживело !?

- Да Господине, оживело, и сега е на привремена работа во странстово во рамките на владината

програма за одлив на мозоци, но душата, заради преголемата несталгија, му останала тука,

на истата адреса. Зарем вие немате забележано некој фантом да се шета низ вашата куќа ?

Ова ја надмина секоја мерка. Пламнав од бес и почнав да викам.

- Зарем уште и ќе ми речите дека правите проверка за лица и на онај свет, така ли !?

- Да, токму така Господине. Во тек е вкрстена проверка на податоци за лица преминати од пеколот

во рајот, и обратно. Како што можи да се види лицето К.Џ. емигрирало од пеколот во рајот каде што

и таму се води на вашата адреса, а сега моментално работи во државна администрација.

- Работи во администрација, во рајот велите – прашувам ?

- Да Господине, сите што кај нас работат во државна администрација се во рајот. Но..., има уште

едно нешто кое се однесува на вас. Тука е наведено дека во вашата куќа живеат уште 179 лица. Вие

мора да сте некоја голема фамилија.

Ќе паднев во несвест.

- Живеат, живеат, ами како – се обидувам да бидам ироничен -, ако ги пребројам моите предци уште

од пра-пра дедоми Степан, па се до денешен. Но, како е можно сите тие да се најдат на избирачкиот

список како живи гласачи се до денес, јас да ве прашам ?

- Е, тоа си е ваша работа Господине – ми одговорија -. Како, тоа вие ќе и објасните на Специјалната

обвинителка кога ќе ве повика на распит за изборни нерегуларности.

Се шлогирав.

Во транс го слушам звончето на вратата. Готово е’, си помислив, пристигнаа Алфите, идат да ме носат

пред Специјалната. Отворам. Зашеметено го гледам ликот на мојот комшија. Се обидува нешто да ми

објасни, но ништо не разбирам. Ми повторува неколку пати. Демек, неговиот син Тале-Татале требало

да однеси список со десет нови членови во партија. Ама, бидејќи такви живи кандидати повеќе немало,

како кандидат, со иницијали К.Џ., го пријавил моето куче Џеки. Но тука не застанал. Од останатата живина,

како живи гласачи, списокот го надополнил со трите крави, волот, двата јунци, телињата, мачето, магарето,

овчарските пси, педесетина кокошки, а остатокот до 179 го потполнил со сите кози и овци што во моментот

ги затекнал в’(партиско)штало.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 344954, member: 3053"] [B]ИЗБИРАЧКИ СПИСОК ЗА НАБАЈНА[/B] По препорака на Државната изборна комисија и јас ја проверив веродостојноста на избирачкиот список објавен на Интернет. Кога таму, гледам, и на мојата адреса се појавува непознато лице со иницијали К.Џ. кое никогаш не живеело тука, ниту сега живее (иницијалите ги ставив заради доверливост на информациите и пресумција на невиност). Следниот чекор ми беше да се јавам до Комисијата за изборни нерегуларности и ги информирам за настанатата грешка. - А, не Господине – ми велат -. Такво лице навистина живее на вашата адреса, еве, овде е заведено. - Ама како ве молам, не е можно такво нешто, овдека такво лице не постои – сум категоричен. - Причекајте малку – ми оговорија. Седам и стрпливо чекам до нивното повторно јавување. - Господине, од фкрстената проверка во разни бази на податоци се гледа дека лицето со иницијали К.Џ. живеело на вашата адреса, ама во меѓувреме умрело. - Ај Господи - викам нервозно -, абе разбирате вие или не. Такво лице овдека нема, ниту пак умрело. - Несте во право Господине, лицето уште пред да се роди живеело на вашата адреса, а умрело откакo било прогласено за жив мртовец. Но, како што можи да се види од другите бази на податоци лицето во меѓувреме оживело и повторно како место на живеење ја навело вашата адреса. - Оживело !? - Да Господине, оживело, и сега е на привремена работа во странстово во рамките на владината програма за одлив на мозоци, но душата, заради преголемата несталгија, му останала тука, на истата адреса. Зарем вие немате забележано некој фантом да се шета низ вашата куќа ? Ова ја надмина секоја мерка. Пламнав од бес и почнав да викам. - Зарем уште и ќе ми речите дека правите проверка за лица и на онај свет, така ли !? - Да, токму така Господине. Во тек е вкрстена проверка на податоци за лица преминати од пеколот во рајот, и обратно. Како што можи да се види лицето К.Џ. емигрирало од пеколот во рајот каде што и таму се води на вашата адреса, а сега моментално работи во државна администрација. - Работи во администрација, во рајот велите – прашувам ? - Да Господине, сите што кај нас работат во државна администрација се во рајот. Но..., има уште едно нешто кое се однесува на вас. Тука е наведено дека во вашата куќа живеат уште 179 лица. Вие мора да сте некоја голема фамилија. Ќе паднев во несвест. - Живеат, живеат, ами како – се обидувам да бидам ироничен -, ако ги пребројам моите предци уште од пра-пра дедоми Степан, па се до денешен. Но, како е можно сите тие да се најдат на избирачкиот список како живи гласачи се до денес, јас да ве прашам ? - Е, тоа си е ваша работа Господине – ми одговорија -. Како, тоа вие ќе и објасните на Специјалната обвинителка кога ќе ве повика на распит за изборни нерегуларности. Се шлогирав. Во транс го слушам звончето на вратата. Готово е’, си помислив, пристигнаа Алфите, идат да ме носат пред Специјалната. Отворам. Зашеметено го гледам ликот на мојот комшија. Се обидува нешто да ми објасни, но ништо не разбирам. Ми повторува неколку пати. Демек, неговиот син Тале-Татале требало да однеси список со десет нови членови во партија. Ама, бидејќи такви живи кандидати повеќе немало, како кандидат, со иницијали К.Џ., го пријавил моето куче Џеки. Но тука не застанал. Од останатата живина, како живи гласачи, списокот го надополнил со трите крави, волот, двата јунци, телињата, мачето, магарето, овчарските пси, педесетина кокошки, а остатокот до 179 го потполнил со сите кози и овци што во моментот ги затекнал в’(партиско)штало. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom