Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

(НЕ) ЗДРАВА ИСХРАНА

Ме воодушеви идејата за едукација на нашето население за здрава исхрана. Сигурен сум дека 99% од нашите граѓани не знаат што е тоа. Во земја во која неизменично преовладува медитеранска и континентална клима навистина e чудно луѓето да не знаат што се пиперки, домати, краставици, зелки, кромид, лук и останатиот зарзават кој никне на нашата почва. Добро е штом некој се сетил и тоа да им го кажи. А, што друго освем зеленчук и овошје луѓето овдека јадат. Па, јадат трици и празна слама од ветувања за подобар живот,висок стандард, сигурна иднина, храна со која се подхранува надежта и сити умот. Ако сакал некој да ги спаси своите граѓани од ваков вид исхрана, тогаша секоја му чест. А дотогаш нашите луѓе и понатаму ќе си јадат гравче тавче, толчени пиперки, течна манџа, пржено, дробено, мрсничко, посничко, и останатите чорбалаци од нашата разноврсна и вкусна гастрономија. Но, тоа некому не изгледа доволно здраво.

Статистиките велат дека овдека никојпат толку не се боледувало и умирало како сега. Како виновник се посочува неправилниот начин на исхрана и нездравите животни навики. Не е јасно дали кампањата се води луѓето повеќе да гладуваат отколку што гладуваат, или повеќе да јадат отколку што сега имаат што да јадат. Трката за гола егзистенција и немаштијата, еколошки загадената средина, прехрамбената индустрија која од храната прави отров, се’ се тоа веќе познати фактори кои определбата за здрав начин на живот ја прават невозможна. Стремежот на младите генерации да се биде бек-стеиџ и кул и во какањето и папањето нема ништо заедничко со нашите традиционални кулинарски навики и вредности. Заради овие и многу други причини кампањата здравјето е избор се сведува на единствениот избор: како кому e’ пишано.

Како послушен и лојален граѓанин на нашата држава со (не)поднослива леснотија и глад се приклучив кон кампањата и почнав да живеам здраво.

Трчам, ама кога бегам.

Се хранам здраво, ама голтам и јад и бес.

Се чувам од стрес, ама се тресам од страв.

Не пушам, ама вдишувам смог.

Размислувам позитивно, делувам негативно.

Здравјето навреме го превенирам. „Ало, докторе“, коклу е тоа митото.

Смеата е корисна за здравјето, киселата насмевка за цинизмот.

Хигиената е половина здравје, за менталната хигиена немам можности.

Дигам тегови, да можам да го крепам товарот на животот.

Станав и редовен посетител на продавници за здрава храна. Формулата за дилг и здрав живот е таму, гласи слоганот. И почнав да собирам (тргајќи од фактот дека просечниот животен век за мажи во нашата земја е 72. години). Ако консумирам ладно цедено маслиново масло животот ќе ми се продолжи за шест години. Користењето на тиква и семки од тиква го продолжува животот за пет години. Зеленчукот со зелени и жолти листови го продолжуваат животот за седум, а црвени и сини листови за четири години. Јаткастите плодови за вкупно шест години, а овошјето за десет години. Ако се откажам од месото и месните производи ќе живеам подолго цели дванаесет години, а од млечните производи за десет години. Со откажувањето од белиот леб и користењето на црн леб ќе спечалам уште девет години од животот.

И тука застанав. Престанав да бројам оти бројките се искачија на век, век и половина, што ми изгледаше застрашувачки. Ако пак се одлучам да вегетирам приклучен на климо уред, кој знае уште колку ќе живеам. Крајната опција е да ме балсамираат.

И од многу здравје боли главата. Јапонскиот министер за пензиско и здравствено осигурување се прочу со својата морбидна изјава кога јавно побара од иљадниците свои сограѓани стогодишници, кои својата долговечност ја должат токму на здравиот начин на исхрана, што побргу да умрат како би го растеретиле пензискиот фонд.

Фала му на Господ, такви проблеми кај нас нема. Било заради таксиратите од кои си страдаме и заради кои на онај свет се заминува многу порано, било заради патриотскиот допринос кон својата татковина да не ја изложуваме на големи трошоци, на ум ми доаѓа помислата сега да легнам и да си умрам.

Умри машки, умри здраво – гладувај до смрт.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 303336, member: 3053"] [B](НЕ) ЗДРАВА ИСХРАНА[/B] Ме воодушеви идејата за едукација на нашето население за здрава исхрана. Сигурен сум дека 99% од нашите граѓани не знаат што е тоа. Во земја во која неизменично преовладува медитеранска и континентална клима навистина e чудно луѓето да не знаат што се пиперки, домати, краставици, зелки, кромид, лук и останатиот зарзават кој никне на нашата почва. Добро е штом некој се сетил и тоа да им го кажи. А, што друго освем зеленчук и овошје луѓето овдека јадат. Па, јадат трици и празна слама од ветувања за подобар живот,висок стандард, сигурна иднина, храна со која се подхранува надежта и сити умот. Ако сакал некој да ги спаси своите граѓани од ваков вид исхрана, тогаша секоја му чест. А дотогаш нашите луѓе и понатаму ќе си јадат гравче тавче, толчени пиперки, течна манџа, пржено, дробено, мрсничко, посничко, и останатите чорбалаци од нашата разноврсна и вкусна гастрономија. Но, тоа некому не изгледа доволно здраво. Статистиките велат дека овдека никојпат толку не се боледувало и умирало како сега. Како виновник се посочува неправилниот начин на исхрана и нездравите животни навики. Не е јасно дали кампањата се води луѓето повеќе да гладуваат отколку што гладуваат, или повеќе да јадат отколку што сега имаат што да јадат. Трката за гола егзистенција и немаштијата, еколошки загадената средина, прехрамбената индустрија која од храната прави отров, се’ се тоа веќе познати фактори кои определбата за здрав начин на живот ја прават невозможна. Стремежот на младите генерации да се биде бек-стеиџ и кул и во какањето и папањето нема ништо заедничко со нашите традиционални кулинарски навики и вредности. Заради овие и многу други причини кампањата здравјето е избор се сведува на единствениот избор: како кому e’ пишано. Како послушен и лојален граѓанин на нашата држава со (не)поднослива леснотија и глад се приклучив кон кампањата и почнав да живеам здраво. Трчам, ама кога бегам. Се хранам здраво, ама голтам и јад и бес. Се чувам од стрес, ама се тресам од страв. Не пушам, ама вдишувам смог. Размислувам позитивно, делувам негативно. Здравјето навреме го превенирам. „Ало, докторе“, коклу е тоа митото. Смеата е корисна за здравјето, киселата насмевка за цинизмот. Хигиената е половина здравје, за менталната хигиена немам можности. Дигам тегови, да можам да го крепам товарот на животот. Станав и редовен посетител на продавници за здрава храна. Формулата за дилг и здрав живот е таму, гласи слоганот. И почнав да собирам (тргајќи од фактот дека просечниот животен век за мажи во нашата земја е 72. години). Ако консумирам ладно цедено маслиново масло животот ќе ми се продолжи за шест години. Користењето на тиква и семки од тиква го продолжува животот за пет години. Зеленчукот со зелени и жолти листови го продолжуваат животот за седум, а црвени и сини листови за четири години. Јаткастите плодови за вкупно шест години, а овошјето за десет години. Ако се откажам од месото и месните производи ќе живеам подолго цели дванаесет години, а од млечните производи за десет години. Со откажувањето од белиот леб и користењето на црн леб ќе спечалам уште девет години од животот. И тука застанав. Престанав да бројам оти бројките се искачија на век, век и половина, што ми изгледаше застрашувачки. Ако пак се одлучам да вегетирам приклучен на климо уред, кој знае уште колку ќе живеам. Крајната опција е да ме балсамираат. И од многу здравје боли главата. Јапонскиот министер за пензиско и здравствено осигурување се прочу со својата морбидна изјава кога јавно побара од иљадниците свои сограѓани стогодишници, кои својата долговечност ја должат токму на здравиот начин на исхрана, што побргу да умрат како би го растеретиле пензискиот фонд. Фала му на Господ, такви проблеми кај нас нема. Било заради таксиратите од кои си страдаме и заради кои на онај свет се заминува многу порано, било заради патриотскиот допринос кон својата татковина да не ја изложуваме на големи трошоци, на ум ми доаѓа помислата сега да легнам и да си умрам. Умри машки, умри здраво – гладувај до смрт. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е тревата?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom