Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

ПРИЛЕПЕ (НЕ)СРЕЌО МОЈА

На зидовите од твојот градски саат, испишан е афоризмот на афоризмите.

„Не радувајсе на моето отчукување – ти врви времето“.

Афоризам или народна мудрост, или – „критика на замајтапениот ум“.

Во чување на сопственото битие – ја воздигнав горделивоста на нашиот примитивизам.

Се накитив со твоите перја – таман колку среќата некаде да ми одлета.

Така ни било пишано – дали некој го видел тој ракопис, или ние се загубивме некаде меѓу редови.

Колку културата пушта гранки нагоре – толку традицијата пушта корење надолу.

Маалска филозофија: оговарањето е мелем за душата - тешко оној што ќе го подбере чаршијата.

Преовладува култура на толеранција - со локални манири на зафрканција.

Че речиш „благодарам“ - че ти го спуштат: „да ти го подарам“.

„Зошто во Прилеп мајмун не игра“ ? – прашуваат само оние кои сеуште не се симнати од дрво.

Прилепски мајтап муабети – со каменот на мудроста чукнати по глава.

Панаѓурите и културата имаат идентични вредности – се за едно евро.

На народот му нудат леб и игри – си игра со лебот и е(ксик)гзистенцијата.

Пивофест се слави – реалноста се пенави.

Маскембал се прави на прочка – симнете ги лицемерните маски ако сакате да ви простиме.

Театарските игри си траат, театралноста стана наше секојдневие -

на сцената се молчи, завесите се спуштени, дијалогот е уплашено шепотење, само мртвите (ликови) се смеат.

Уметност или спектакал - безкорисноста е форма на циркусот.

Станавме жртва на Гинис – рекордите не удрија по глава.

Направивме рекорден број на сармички – дома си ги броиме залаците.

Растурени или смотани – и народот и сармите лесно се варат.

Од сторена зелка глава не бидува – ем кастрена, ем солена-недосолена.

Народе, натупај се грав и сарми – од прдеж промаја не бидува, велат.

Се научивме да виткаме сарми – сега не учат да ја виткаме кичмата, вистината, достоинството...

Градскиот саат-кула и минарето од џамијата, легендите за инаетот, стојат еден до друг –

не не’ поделија тогаш, не делат сега.

Пред историјата застана со ширум отворени порти –

ги затвори со неколку митолошки прикаски, се друго те одмина.

Овдека пукна првата пушка; и сега се пука, ако не во нивните, во нашите –

од ваквите пукотници одличјето на градот херој веќе темнее.

Го разубавивме центарот на градо - окото сјае, окулу окото сето брчки.

Ни ветија, ќе не извлечат од кризата – откако ние ќе се фатиме салам за низата, тутун, зар шо дриго.

Градот од секогаш бил провинција – сега се промовира во провинција за секогаш.

Го баталив светот. Ако ги ублажиш моите попатни страдања, ако го охрабриш моето срце кое понекогаш паѓа во очај,

нема да ми биди жал што останав занавек тука: тоа ќе ми биде нај убавата награда – Прилепе (не)среќо моја.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 299017, member: 3053"] ПРИЛЕПЕ (НЕ)СРЕЌО МОЈА На зидовите од твојот градски саат, испишан е афоризмот на афоризмите. „Не радувајсе на моето отчукување – ти врви времето“. Афоризам или народна мудрост, или – „критика на замајтапениот ум“. Во чување на сопственото битие – ја воздигнав горделивоста на нашиот примитивизам. Се накитив со твоите перја – таман колку среќата некаде да ми одлета. Така ни било пишано – дали некој го видел тој ракопис, или ние се загубивме некаде меѓу редови. Колку културата пушта гранки нагоре – толку традицијата пушта корење надолу. Маалска филозофија: оговарањето е мелем за душата - тешко оној што ќе го подбере чаршијата. Преовладува култура на толеранција - со локални манири на зафрканција. Че речиш „благодарам“ - че ти го спуштат: „да ти го подарам“. „Зошто во Прилеп мајмун не игра“ ? – прашуваат само оние кои сеуште не се симнати од дрво. Прилепски мајтап муабети – со каменот на мудроста чукнати по глава. Панаѓурите и културата имаат идентични вредности – се за едно евро. На народот му нудат леб и игри – си игра со лебот и е(ксик)гзистенцијата. Пивофест се слави – реалноста се пенави. Маскембал се прави на прочка – симнете ги лицемерните маски ако сакате да ви простиме. Театарските игри си траат, театралноста стана наше секојдневие - на сцената се молчи, завесите се спуштени, дијалогот е уплашено шепотење, само мртвите (ликови) се смеат. Уметност или спектакал - безкорисноста е форма на циркусот. Станавме жртва на Гинис – рекордите не удрија по глава. Направивме рекорден број на сармички – дома си ги броиме залаците. Растурени или смотани – и народот и сармите лесно се варат. Од сторена зелка глава не бидува – ем кастрена, ем солена-недосолена. Народе, натупај се грав и сарми – од прдеж промаја не бидува, велат. Се научивме да виткаме сарми – сега не учат да ја виткаме кичмата, вистината, достоинството... Градскиот саат-кула и минарето од џамијата, легендите за инаетот, стојат еден до друг – не не’ поделија тогаш, не делат сега. Пред историјата застана со ширум отворени порти – ги затвори со неколку митолошки прикаски, се друго те одмина. Овдека пукна првата пушка; и сега се пука, ако не во нивните, во нашите – од ваквите пукотници одличјето на градот херој веќе темнее. Го разубавивме центарот на градо - окото сјае, окулу окото сето брчки. Ни ветија, ќе не извлечат од кризата – откако ние ќе се фатиме салам за низата, тутун, зар шо дриго. Градот од секогаш бил провинција – сега се промовира во провинција за секогаш. Го баталив светот. Ако ги ублажиш моите попатни страдања, ако го охрабриш моето срце кое понекогаш паѓа во очај, нема да ми биди жал што останав занавек тука: тоа ќе ми биде нај убавата награда – Прилепе (не)среќо моја. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom