Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

ПАПАГАЛСКИ ШАРЕНАДИ

Откако зградата наречена ,,папагал,, во Центарвиде свој бел ден, во нашиот дом завладеа целосен мрак. Имено, откако нашиот пердувест семеен љубимец, папагалот по име Амазон, ги чу и виде случувањата со поменатата зграда - доживеа вистински шок и падна во длабока депресија. Папагалите се интелигентни, но многу чувствителни суштества. Дружељубиви се и со многу сенс и љубопитност за настаните окулу себе. И нашиот Амазон со нескриено внимание следеше сe окoлу себе, иако, секојпат беше коректен и не завземаше страна. Но, настаните со т.н. ,,папагалска,, фасада, за неговата и онака осетлива душа, го исфрлија од такт. Да се споредува неговата Божја рајска убавина и папагалска красота со мастилните бои на некаква зграда, беше недолично и навредливо како за него лично, така и за сиот негов ендемски вид. Боите на папагалот можат да се споредат единствено со боите на виножитото, и ништо друго.Тој прекрасен пурпур од нијанси и колорит не можи да го креира ниту еден уметник, а камо ли некој молер кој заедно со фасадата сакаше да не фасадира и фасцинира и сите нас. Душевната болка која Амазон ја преживуваше во тие моменти, беше и наша болка. Што можевме друго да сториме?

Најпрво се обидовме да разговараме и да го убедиме сето ова да не го прима толку лично. Бог да чува, во животот на еден папагал има и полоши работи, да речеме да заврши како супа или препариран. Сакајќи да ја ублажиме работата, му објаснивме дека и целата јавност е фрапирана и разочарана од ваквите шарлатански, дилетантски и невкусни изјави и обвинувања на сметка на естетитката, уметноста и архитектурата. Нели, убавото си е’ убаво само по себе, а не работа на нечии вкус, волонтерски невкус, релативност или временост. Нашиот Амазон беше вистински естета и добро ги разбираше овие работи, но, во моментот ништо не можеше да го утеши.

Следните денови не чекаше уште едно изненадување. Откако малку позакрепна од првобитниот шок, Амазон ни соопшти дека е подготвен да тужи за навреда на честа. Од нас побара да му најдеме добар адвокат, додека за неправдата сам ќе се бори на суд. Побара и психијатриско вештачење како би ги докажал последиците од доживеаната траума и болка. Вели, неможел да спие, да јаде, ноќе се препотувал, ослабел, чуствувал засраменост, сонувал како некој сака да му го оттргне кафезот во кој убаво си е сместен, и т.н. За оштета ќе бара милион денари.

Бидејќи работите во овај случај требаше да се гледаат од птичја перспектива, за адвокат најдовме една гуска. Псијхијатриското вештачење го направи едно врапче оти и врапчињата знаат како се вршат овие работи. За судија беше одреден мисир. Доказниот материјал и сите пердувести аргументи му беа предадени на судот на честа, се чекаше само денот на рочиштето.

Деновите кои следеа минуваа во неизвесност и исчекување. Го прашав Амазон, што мисли да прави со милион денари откако ќе ги добие. Ми одговори дека сака да лета во Амазонија, сака да ги посети своите корени, неговата пра татковина. Го прашав, дали навистина ќе лета, или ќе лета со авион, на што ми одговори да не го оптеретувам со такви технички прашања. Се затвори во својот кафез, читајќи го како и обично Робинзон Крузо.

Судскиот процес заврши во корист на нашиот Амазон. Тужената страна ја призна вината и упати јавно извинување. Во знак на добра воља и лична сатисфакција, Амазон како оштета зеде само еден долар. На тој начин целата ситуација доби праведна разрешница и среќен крај. Заради своето џентлеменско однесување, Амазон ги собра симпатиите на јавноста и стана вистинска медиумска личност. Таа вечер, сите заедно се почестивме со сончоглед, пуканки и шише добар шампањ.

Но...,ако мислите дека спокојот во нашиот дом се врати, се лажете. Амазон доживеа вистинска душевна и духовна преобразба. За да ги избриши и последните траги од таа непријатна папагалска фасадна афера, Амазон го смени својот надворешен имиџ. Кај еден од познатите стилисти својот препознатлив папагалски изглед го трансформира во модерен дизајн, оригинален идентитет и стилистичка каприциознозт невидена дотогаш. Од себе ги отстрани сите елементи на ретро и нео стиловите, единствено задржувајќи благ печат на разигран национален романтизам заради традицијата. Како што рече, сакал да постигне авангарден ексклузивитет и есенцијална безвременост. Заради неговата голема популарност и нагласениот кул изглед стана дел од шоу и бизнис круговите. Амазон почна да пројавува и политички амбиции, наметнувајќи се како сериозен консензуален кандидат. Го прашав, врз која платформа ќе ја базира својата кандидатура. Ми одговори, дека, ако некој дваесет и повеќе години можи како папагал да повторува една те иста работа, тогаш тој како вистински папагал би бил нај автентичен носител на таквите папагалски политики. До некаде се сложив со таа констатација, но, истовремено ме облеа пот и мориници. Се ближат претседателски избори. Почнува страв да ме фаќа.

[QUOTE="Grupa Seirdzii, post: 284141, member: 3053"] [U][B]ПАПАГАЛСКИ ШАРЕНАДИ[/B][/U] Откако зградата наречена ,,папагал,, во Центарвиде свој бел ден, во нашиот дом завладеа целосен мрак. Имено, откако нашиот пердувест семеен љубимец, папагалот по име Амазон, ги чу и виде случувањата со поменатата зграда - доживеа вистински шок и падна во длабока депресија. Папагалите се интелигентни, но многу чувствителни суштества. Дружељубиви се и со многу сенс и љубопитност за настаните окулу себе. И нашиот Амазон со нескриено внимание следеше сe окoлу себе, иако, секојпат беше коректен и не завземаше страна. Но, настаните со т.н. ,,папагалска,, фасада, за неговата и онака осетлива душа, го исфрлија од такт. Да се споредува неговата Божја рајска убавина и папагалска красота со мастилните бои на некаква зграда, беше недолично и навредливо како за него лично, така и за сиот негов ендемски вид. Боите на папагалот можат да се споредат единствено со боите на виножитото, и ништо друго.Тој прекрасен пурпур од нијанси и колорит не можи да го креира ниту еден уметник, а камо ли некој молер кој заедно со фасадата сакаше да не фасадира и фасцинира и сите нас. Душевната болка која Амазон ја преживуваше во тие моменти, беше и наша болка. Што можевме друго да сториме? Најпрво се обидовме да разговараме и да го убедиме сето ова да не го прима толку лично. Бог да чува, во животот на еден папагал има и полоши работи, да речеме да заврши како супа или препариран. Сакајќи да ја ублажиме работата, му објаснивме дека и целата јавност е фрапирана и разочарана од ваквите шарлатански, дилетантски и невкусни изјави и обвинувања на сметка на естетитката, уметноста и архитектурата. Нели, убавото си е’ убаво само по себе, а не работа на нечии вкус, волонтерски невкус, релативност или временост. Нашиот Амазон беше вистински естета и добро ги разбираше овие работи, но, во моментот ништо не можеше да го утеши. Следните денови не чекаше уште едно изненадување. Откако малку позакрепна од првобитниот шок, Амазон ни соопшти дека е подготвен да тужи за навреда на честа. Од нас побара да му најдеме добар адвокат, додека за неправдата сам ќе се бори на суд. Побара и психијатриско вештачење како би ги докажал последиците од доживеаната траума и болка. Вели, неможел да спие, да јаде, ноќе се препотувал, ослабел, чуствувал засраменост, сонувал како некој сака да му го оттргне кафезот во кој убаво си е сместен, и т.н. За оштета ќе бара милион денари. Бидејќи работите во овај случај требаше да се гледаат од птичја перспектива, за адвокат најдовме една гуска. Псијхијатриското вештачење го направи едно врапче оти и врапчињата знаат како се вршат овие работи. За судија беше одреден мисир. Доказниот материјал и сите пердувести аргументи му беа предадени на судот на честа, се чекаше само денот на рочиштето. Деновите кои следеа минуваа во неизвесност и исчекување. Го прашав Амазон, што мисли да прави со милион денари откако ќе ги добие. Ми одговори дека сака да лета во Амазонија, сака да ги посети своите корени, неговата пра татковина. Го прашав, дали навистина ќе лета, или ќе лета со авион, на што ми одговори да не го оптеретувам со такви технички прашања. Се затвори во својот кафез, читајќи го како и обично Робинзон Крузо. Судскиот процес заврши во корист на нашиот Амазон. Тужената страна ја призна вината и упати јавно извинување. Во знак на добра воља и лична сатисфакција, Амазон како оштета зеде само еден долар. На тој начин целата ситуација доби праведна разрешница и среќен крај. Заради своето џентлеменско однесување, Амазон ги собра симпатиите на јавноста и стана вистинска медиумска личност. Таа вечер, сите заедно се почестивме со сончоглед, пуканки и шише добар шампањ. Но...,ако мислите дека спокојот во нашиот дом се врати, се лажете. Амазон доживеа вистинска душевна и духовна преобразба. За да ги избриши и последните траги од таа непријатна папагалска фасадна афера, Амазон го смени својот надворешен имиџ. Кај еден од познатите стилисти својот препознатлив папагалски изглед го трансформира во модерен дизајн, оригинален идентитет и стилистичка каприциознозт невидена дотогаш. Од себе ги отстрани сите елементи на ретро и нео стиловите, единствено задржувајќи благ печат на разигран национален романтизам заради традицијата. Како што рече, сакал да постигне авангарден ексклузивитет и есенцијална безвременост. Заради неговата голема популарност и нагласениот кул изглед стана дел од шоу и бизнис круговите. Амазон почна да пројавува и политички амбиции, наметнувајќи се како сериозен консензуален кандидат. Го прашав, врз која платформа ќе ја базира својата кандидатура. Ми одговори, дека, ако некој дваесет и повеќе години можи како папагал да повторува една те иста работа, тогаш тој како вистински папагал би бил нај автентичен носител на таквите папагалски политики. До некаде се сложив со таа констатација, но, истовремено ме облеа пот и мориници. Се ближат претседателски избори. Почнува страв да ме фаќа. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Култура, уметност и наука
Поезија и проза
Раскази - Хумор и Сатира
На врв
Bottom