Работи што сакате да ги направите пред да умрете...
Речиси од се може да избегате, но од смртта не можете да избегате колку и да се криете таа ќе ве најде..Ах малце на поведрата страна, јас сум уште млад верувам животот е пред мене и престојат многу рабoти кој што сакам да ги направам пред да ме стигне и да ми го даде :redcarded. Ах толку многу работи, желби и многу макотрпна работа и труд што ме чека за да го остварам тоа што го сакам или дел од него.. Еве ја мојата листа:
- Да имам убав и стабилен брак и деца
- Куќа на планина од дрво во традиционален Јапонски стил
- Добра работа
- Велосипед некој јак, дека повеќе ги сакам нив, а и поздрави се..
- Да посетам некој земји кој што ги сакам: Црна Гора, Јапонија, Хрватска, Кореја, Србија, Белорусија, Русија, Украина, Монголија, Кина.. итн.
- Да оставам нешто по кое би бил паметен
- Да отидам на месечината или некаде надвор од Земјината топка (ова нема да дочекам со сигурност)
- Да имам многу тетоважи
- Колекција на оружје и пиштоли