Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Во здраво тело здрав дух
Здравје и состојба на духот
Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Ај јас да пробам за Аркантос.

Еднаш спомнав дека јас си го викам Тате поради тоа што викаше дека бил форумски татко на некој член. Небитно. Ова моето е повеќе stating the facts отколку некоја којзнае каква анализа, ама ај ќе пробам.

Аркантос, дете на 90-тите, дете на пропаднат брак и дете израснато без татко. Сето ова има голем удел во оформувањето на личноста која стои позади тоа име. Претпоставувам дека фразата „безгрижно детство“ за него е само обична фраза. Чинам има спомнато дека има сестра, па растењето покрај две женски особи без машка фигура го направило она што му пишува под никот.

Филолог кој што поголемо внимание придава на значењето на зборовите отколку нивната форма. Му лежат португалски и шпански најверојатно затоа што се некако најзвучни при искажување чувства и звучат меко (за разлика од британски или германски). А и тој е таков, човек што се потпира на емоции и што се препушта на истите без да се прашува премногу каде би го одвеле. Ужива во такви нешта. Мислам и дека лесно се приврзува кон некои ствари и лесно може да им придаде емоционално значење на најобични предмети.

Понекогаш го покажува бунтовникот во себе, ама тоа се само моменти засенети од романтичарот иако јас повеќе сакам кога се бунтува, па макар било и без некоја поента за мене. Интересен е кога води инает, инаетот го води повеќе од инает кон самиот себе за да си покаже дека е цврст отколку кон „противникот“. Има доволно самодоверба и доволно упорност кога ќе запне да заврши тоа што замислил, има пишано во какви услови живеел дур студирал и со што сѐ се помирил но на крај испливал од таму и завршил. Не ужива во досада и сака да се држи до некоја поразлабавена агенда... нешто ко груб план за активности што ми кажува дека не сака баш многу да гледа хаос околу себе.

Мојата слика за Аркантос вели дека е човек кој често знае да премолчи и да си голтне некој збор отколку да каже веднаш тоа што мисли и тоа ми повлекува дека е човек што се грижи да остави добар впечаток и мисли на туѓите чувства па понекогаш „се жртвува“ за туѓо добро. Неговите ставови ми изгледаат на недоволно цврсти и подложни на промени, иако минимално молдирање сепак доволно е за да се разликува од оригиналот. Не е некое злопамтило ама има понекогаш ситуации кои што не ги опростува и чека шанса за да врати, но повеќе сака мир и прогледува низ прсти. Не е некој ситничар и не внимава многу на детали, побитна му е крупната слика отколку деталите.

Го интересираат митови и легенди, приказни, романи... сака да чита и претпоставувам дека веќе има нешто пишано иако не го споделува барем засега. Книгите му се скривалиште од реалноста, книгите му се светост. Попрво би измрзнал од студ отколку да запали некоја книга, тоа затоа што емоционалната вредност на предметите е поголема од нивната сурова вредност како предмети. Не спомнав дека ја слуша Џенис Џоплин затоа што е тоа што го опишував погоре, пацифист кој се потпира на емоции.

Мозокот на Аркантос е преокупиран со емоции уште од мали нозе за да би можел да се развие повеќе логичкиот дел. Да не се разбереме грешка, не сметам дека е глуп човек, туку човек кој што повеќе значење придава на емоционалното отколку рационалното па затоа логичкиот капацитет никогаш не го достигнал својот потенцијал и веројатно никогаш нема да го достигне затоа што годините за развивање на тој дел веќе заминале. Којзнае, ако доволно запне можеби ќе се случи и тоа ама тогаш тоа би бил некој друг лик, не овој досега што го опишував.

[QUOTE="existence, post: 334258, member: 621"] Ај јас да пробам за Аркантос. Еднаш спомнав дека јас си го викам Тате поради тоа што викаше дека бил форумски татко на некој член. Небитно. Ова моето е повеќе stating the facts отколку некоја којзнае каква анализа, ама ај ќе пробам. Аркантос, дете на 90-тите, дете на пропаднат брак и дете израснато без татко. Сето ова има голем удел во оформувањето на личноста која стои позади тоа име. Претпоставувам дека фразата „безгрижно детство“ за него е само обична фраза. Чинам има спомнато дека има сестра, па растењето покрај две женски особи без машка фигура го направило она што му пишува под никот. Филолог кој што поголемо внимание придава на значењето на зборовите отколку нивната форма. Му лежат португалски и шпански најверојатно затоа што се некако најзвучни при искажување чувства и звучат меко (за разлика од британски или германски). А и тој е таков, човек што се потпира на емоции и што се препушта на истите без да се прашува премногу каде би го одвеле. Ужива во такви нешта. Мислам и дека лесно се приврзува кон некои ствари и лесно може да им придаде емоционално значење на најобични предмети. Понекогаш го покажува бунтовникот во себе, ама тоа се само моменти засенети од романтичарот иако јас повеќе сакам кога се бунтува, па макар било и без некоја поента за мене. Интересен е кога води инает, инаетот го води повеќе од инает кон самиот себе за да си покаже дека е цврст отколку кон „противникот“. Има доволно самодоверба и доволно упорност кога ќе запне да заврши тоа што замислил, има пишано во какви услови живеел дур студирал и со што сѐ се помирил но на крај испливал од таму и завршил. Не ужива во досада и сака да се држи до некоја поразлабавена агенда... нешто ко груб план за активности што ми кажува дека не сака баш многу да гледа хаос околу себе. Мојата слика за Аркантос вели дека е човек кој често знае да премолчи и да си голтне некој збор отколку да каже веднаш тоа што мисли и тоа ми повлекува дека е човек што се грижи да остави добар впечаток и мисли на туѓите чувства па понекогаш „се жртвува“ за туѓо добро. Неговите ставови ми изгледаат на недоволно цврсти и подложни на промени, иако минимално молдирање сепак доволно е за да се разликува од оригиналот. Не е некое злопамтило ама има понекогаш ситуации кои што не ги опростува и чека шанса за да врати, но повеќе сака мир и прогледува низ прсти. Не е некој ситничар и не внимава многу на детали, побитна му е крупната слика отколку деталите. Го интересираат митови и легенди, приказни, романи... сака да чита и претпоставувам дека веќе има нешто пишано иако не го споделува барем засега. Книгите му се скривалиште од реалноста, книгите му се светост. Попрво би измрзнал од студ отколку да запали некоја книга, тоа затоа што емоционалната вредност на предметите е поголема од нивната сурова вредност како предмети. Не спомнав дека ја слуша Џенис Џоплин затоа што е тоа што го опишував погоре, пацифист кој се потпира на емоции. Мозокот на Аркантос е преокупиран со емоции уште од мали нозе за да би можел да се развие повеќе логичкиот дел. Да не се разбереме грешка, не сметам дека е глуп човек, туку човек кој што повеќе значење придава на емоционалното отколку рационалното па затоа логичкиот капацитет никогаш не го достигнал својот потенцијал и веројатно никогаш нема да го достигне затоа што годините за развивање на тој дел веќе заминале. Којзнае, ако доволно запне можеби ќе се случи и тоа ама тогаш тоа би бил некој друг лик, не овој досега што го опишував. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е Сонцето?
Испрати мислење
Форум
Во здраво тело здрав дух
Здравје и состојба на духот
Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)
На врв
Bottom