Пропорционални или прогресивни даноци?

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Една од најголемите дилеми на макроекономски план во целиот свет е тоа дали треба да се користат пропорционалните или прогресивните даноци. Мислењата по ова прашање се релативно поделени. Некои развиени земји, како што се САД, Нов Зеланд, Франција и Австралија го имаат прифатено принципот на прогресивни даноци, што всушност значи дека постојат различни даночни стапки во зависност од примањата кое ги остварува лицето. На пример, грубо кажано, доколку едно лице остварува приход од 10.000 денари ќе биде оданочувано со даночна стапка од 10% додека друго, кое остварува 17.000 денари ќе биде оданочувано со 15%. За разлика од нив, пропорционалните даноци, преставуваат процент од приходите што се наплаќал без разлика од висината на примањата, па така, лицата и со 10.000 и со 17.000 денари приходи ќе бидат оданочувани со иста даночна стапка.

Нашата земја, како и повеќето земји во светот, го користи принципот на пропорционални даноци, а пропорционалниот данок во Македонија изнесува 10%.

Прашањето што сакам да го поставам е, дали Македонија треба да продолжи со политиката на пропорционални даноци или треба да се воведе системот на прогресивни даночни стапки?

Јас сметам дека и двата пристапи имаат свои предности и негативности. Пропорционалните даноци се поедноставни за примена и пресметка, и нивното имплементирање е далеку поекономично, но сепак од друга страна премногу ги оптоваруваат оние кои се наоѓаат на егзистенционалниот раб. На пример, доколку едно лице остварува примања во износ од 10.000 денари, даночната стапка е 20%, на тоа лице всушност на располагање му остануваат 8000 денари. Од друга страна, лицата со приходи од 25.000 денари му остануваат на располагање 20.000 денари, со примена на иста даночна стапка.
Негативната страна на прогресивните даноци би била психолошката бариера од премин од едно скалило во друго (На пример лице со примања од 10.000 денари да плажа 10%, а додека друго, со примања од 10.001 денари веќе ќе се оданочува со 15%), како и фактот што побогатите ќе бидат демотивирани да вложуваат во бизнисите, бидејќи со поголемиот приход, следат и поголеми даноци за плаќање. Позитивната страна би била праведната распределба на даноците во зависнот од примањата на домаќинствата.

Македонија дефинитивно треба да ги воведе пропорционалните даноци доколку сака да негува имиџ на социјална држава. Сега секако, тука се и другите фактори како стабилната редистрибуција на приходите од даноците, бидејќи џабе е стабилен и здрав даночниот систем ако распределбата потрфлува. Проблемите со психолошките бариери, кои веќе ги спомнав лесно можат да се надминат со низа на даночни олеснувања и ослободнувања (како што се ослободувањата на даноците на корпорации во одреден период, економските субвенции од државата и сл).
 

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
43
Пишувај кирилица
jas sum ekonomist, finansiski menaxer i skoro edna dekada bankar. Ubeden sum deka vo Makedonija postoi golema statisticka neusoglasenost. Grubo kazano, dokolku imame ramna potrosuvacka kosnicka, togas progresivnoto odanocuvanje e opravdano. Primer, Ljupco zarabotuva 10000 mkd i plaka 10% danok na dohod, ili 1000 mkd. Nikola zarabotuva 12000 den, i poradi pragot postaven na 10000 mkd treba da plati 15% danok, ili 1260 mkd. Dali e ova fer pri isti trosoci za zivot? :)
E, za ova ima edna anegdota koja veli: vladata koja go pljacka nikola za da mu plati na ljupco, sekogas moze da smeta na uslugite na ljupco :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Поимот фер и поимот данок се меѓусебно исклучиви. Помало зло и данок...веќе би било нешто :D
Веројатно прогресивниот би бил помало зло за мнозинството граѓани.
Нели по земјите каде што има таков данок има праг под кој не се плаќа ништо, па минимално па нешто повеќе со раст на доходот...

Македонија социјална држава?