Проблеми, кавги и расправии во семејството

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
212
134
653
Здраво на сите. Јас имам 16 години иии да се соочувам со еден гоолем проблем ова лето. Незнам од каде и да започнам бидејќи сум многу изнервиран во моментов... Но еве вака, јас како и сите други тинејџери што прават (учење, дружење, пиење и така натаму) сето истото и јас го правам. Точно јас можеби неможам да се заштитам од некој "силен" мислам од некој кој што има јак грб и им нанесува штета на другите деца од мојот клас. И тоа мислам дека во денешно време ме прави глуп. Повеќето деца така мислат но, но не е така како што мислат тие. И да ова ми предизвика проблеми дома...
Мојот татко е во странство таму работи веќе 8-9 месеци... Пред неколку дена мајками и брат ми (што е помал) заминаа на одмор... Кај таткоми. Оставајќи ме мене дома сам. Да јас треба да одам на пракса бидејќи учам стручно училиште што го послушав татко ми да ја наследам неговата професија... се согласувам добра е но за тие оценки што ги имав јас можев на подобра професија да преминам... не се каам што го учам ова напротив се гордеам бидејќи сум најистакнатиот ученик од мојата генерација . Ноо тука нешто ме копка вака од внатре... за да одам на пракса имам уште еден месец. Не е праведно дури го користам цел еден месец дома да одам и јас кај моите родители? Се прашувам како е можно брат ми што е помал и немирен што прави глупости да го земат а мене не? Да неможевме да немаме доволно финансии да ни извади мојот татко и на двајцата пасош ајде де... НО имаме доволно средства можеше но сепак му изваде само на брат ми. Зошто? Не е само тоа...денес е 2 ден од кога се заминати веќе долго време уназад ги молам мојте родители да ми купат скутер. Но секако се игра секогаш старата игра "НЕМАМЕ ПАРИ" хах... А може да се најде пари за на одмор... Не докажав денес како што реков е 2 ден од кога се заминати излегов со мојте другари кој се понепослушни а кој имаат скутери да се повозиме... Го замолив едниот да ми го даде скутеро да го повозам. Човечки ми го даде, го возев долго време а за тоа време снимав видео и им го пратив на мојте родители да вида... Се јавија и ми го рекоа ова...
Сине зошто се возиш кај децата можиш да направиш триста пакости ова она. И им реков чекајте смирете јас возев а не мојот другар. И почнаа...КАКО Е МОЖНО ТОА!?!?! ЌЕ НАПРАВИШ ТРИСТА ШТЕТИ! ПОСЛЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПЛАЌАШ ова она. И им реков чекајте ништо не се случи се подсмирија малку. И да инаку другарот што ми го даде скутерот е една година помал од мене... Но да се навратиме ги смирив малце и почнаа муабет џомити назимо јас ќе сум пошол таму дека татко ми ко че си дојди ќе извадиме пасош ова она... И да јас се изнервирав ко почнаа да ме теша така и бев као "добро...добро...добро" 15 минути само така му викав и заврши разговорот и почнав да плачам... не дека ми недостигаа туку тоа дека ме ПОДЦЕНУВААТ... Јас дома се му помагам ајде ко ќе е таткоми дома ќе речи остави го детето намира но сега не е таткоми тука и дека само мајками и се помагам... Станувам,сам си постилам кревет (а повеќето деца на моја возраст тоа не го прават), и помагам низ дома метам, чистам, пеглам најразлично и помагам а другите деца тоа не го прават колку што знам (мислам повеќето машки тоа не го прават) и не ми е јасно како тие заслужиле а јас не налет тоа сега и таткоми не е тука и јас скоро сите работи ги бркам по дома освен јадењето... море сега и тоа почнав да го правам ама добро тоа и ми е професијата но нема везе сега тоа. И зошто не ми е јасно да неможат да ми купат кога се во можност? Ве молам помогнете навистина ќе ми значи
Не сакаат . Јас барав телефон од мпите , знаев дека треба да земат со продолжување на договор , знаат дека мојот цркна , и не ми дадоа . Почнаа да ме уценуваат . Сега прашуваат зошто не им одам на гости ( мажена сум ) , дали сум лута . Секако мојот одговор е дека не сум лута , ама имам обврски по дома ( што донекаде е и точно ) и поради тоа не можам да дојдам . Не ти велам дека тоа е решение , меѓитоа , сакам да ти посочам дека има и полошо . Не им реков дајте ми ајфон 10-ка , им реков телефон каков и да е , да функционира како што треба . Поради нивните каприци , јас користам телефон со искршен екран од внатрешна страна , кој има слаб скоро нефункционален звучник , кој се пренасочува кога сакаш да се јавиш на некој ако ти треба 3 ти се пишува 7 , со батерија која се испразнува после 30 минути користење ( иако била на 100% ) . Кредит не знам од кога немам , а татко ми има апарат за кредит и не ми пуштил ниту еднаш откако се омажив . Каков кредит бе , ништо не ми дале . Се што имам тука е на грбот на маж ми и свекрва ми . Јас секој ден активно барам рабпта , меѓутоа не ме вработуваат без искуство и факултет , а јас ги немам двете . Струката од средно ми е уште позаникаде - Техничар за патен сообраќај - каде мајка ми не запиша . Кој ќе ме вработи по таа струка жити се ? Никој .

Потруди се да најдеш работа по училишната струка , ако успееш - ќе се договориш со работодавачот за смени и сл ., исто на училиште ќе си поразговараш со класниот раководител околу потребите за излегување од училиште .. Полесно ќе ти биде кога ќе имаш свои финансии . Тогаш никој нема да ти се меша дали да купиш скутер или кола . Твои пари - твоја одлука . Но ! Гледај само разумно да ги употребуваш ! Немој да одиш по лош пат ! Да си останеш истиот од сега , иако ќе имаш свој џепарлак . Тоа е многу важно . Верувам дека си разумно и воспитано младо момче , и ќе ги оствариш своите цели ! Поздрав и се најдобро :) .
 
  • Like
Реакции: -alf-