Пред да отпатувате

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Еве мал список на работи кои треба да ги направите пред да се упатите кон избраната дестинација. Без разлика дали одите на одмор во некое далечно...

...туристичко место, или пак кај роднините во село, најверојатно и вие сте од тие луѓе кои на секои 5 минути проверуваат дали го земале пасоштот, или полначот за мобилниот телефон.

Што треба да направите пред да се упатите кон избраната дестинација?

Документите кои нема да ви бидат потребни за на пат (здравствена книшка ако патувате во странство, возачка дозвола или картиците кои немате намера да ги користите) немојте да ги носите со себе.
Известете ги вашите соседи дека одите на одмор и оставите им го вашиот број на кој ќе можат да ве добијат “за недај боже”.

Платете ги сите сметки кои ги имате, да не мора да се малтретирате уште првиот ден кога ќе се вратите од одмор со исклучен телефон, интернет, струја, кабловска и слично.
Оставете клучеви од вашиот дом кај вашите роднини, или пријатели и замолете ги повремено да го проверуваат. Исто така убаво е кога ќе се вратите од одмор да вас ве чека топла вода за да можете да се истуширате.
Исчистете го ладилникот и фрлете ја сета храна за која мислите дека може да се расипе. Проверете ја машината за перење алишта, за да случајно не ви останат некои алишта во неа.
Проверете дали сте ги затвориле сите прозорци. Проверете дали сте ги изгасиле сите светла, бојлер, шпорет, пегла...
Исклучете го телевизорот, компјутерот и останатите уреди од струја. Ставете му вода на цвеќето, фрлете го ѓубрето и... може да тргнете и да уживате во одморот!

Дали некои од овие работи вие применувате пред да отпатувате на одмор? Или што правите пред да отпатувате на одмор?
Дали нешто од гореспоменатото го применувате?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Епа пред да патувам последниот ден ми поминува во хаос. Само ставам алишта кои нема ич да ги облечам, она омилено,ова омилено а кога ќе стигнам тамо ме мрзи да ги облечам.
Што е најбитно пред да отидете на патување немој да заборавите да заклучите дома. :D
 

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Обично пред да патувам сум целата во паника зашто пробувам да ги направам сите работи што се напишани горе, а знам дека нешто ќе заборавам :D
Така да, све у свему - трчам ко мува без глава низ стан и не правам ништо ;)
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас секогаш сум се спремал во 5 за 12. А често пати и сум заборавал нешто. Али некои ситници, не којзнае што. На пример ноктарицата сумја заборавил, или стапчињата за чистење уши.