Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Медијатека
ТВ
Серии и емисии
Предлози за серии
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Ако ништо друго, бар 2020та донесе интересни серии за гледање.

Овие две серии ги изгледав за рекордно брзо време (читај: по еден ден од серија) и би ги препорачала секому.

The Haunting of Bly Manor (2020)

Ако ја имате гледано првата сезона т.е. The Haunting of Hill House (ако не, задолжително), сигурно ќе ви се допадне и оваа, иако не е полна со jump scares ко првата. Но, таа меланхолија е и баш она што ми се допадна (можеби има некои спооори моменти, но простено им е). Ми се допаѓа и што серии ко оваа и AHS даваат различни улоги на истите актери.

За содржината нема што многу да се објаснува бидејќи самиот наслов кажува. Млада жена, бегајќи од своето минато, заминува за Велика Британија каде наоѓа работа како дадилка на две преслатки, но малку чудни дечиња, а набрзо дознава дека не се само дечињата што е чудно во таа куќа. Децата глумат толку предобро и се толку шармантни, што со другаркава се топевме и чудевме на нивниот талент.

На крај, мислењата ни останаа сосема спротивни, освен што се сложивме дека претпоследната епизода беше најдобра, другарка ми ѝ дава 1, јас 4,5.

Таа остана индиферентна, јас дома се изнаплакав на крајот бидејќи приказната ми остави некој слатко-горчлив вкус. Приказна за пожртвуваност, неисполнети желби, страдање, пронаоѓање себеси и безусловна љубов во време кое не е многу далечно, но не дозволувало баш да бидеш она што си.

Крајно, if everything else fails за ваш вкус, бар забавно е да се бараат духовите во позадина, кои се мајсторски скриени.

Ratched (2020)

Oh boy... од каде да почнам пак за оваа. Веројатно најпрвин од тоа што актерската екипа е составена од жени како Сара Полсон, Синтија Никсон и Шерон Стоун (како прекрасно старее женава, леле).

Дејството се одвива во 40тите години на минатиот век, каде Милдред Рачед (Полсон) успешно се протнува ко медицинска сестра во елитна психијатриска устанува и набрзо му влегува под кожа на Др. Хановер - главниот т.е. единствен доктор во Лусија Стејт Хоспитал, кој е опседнат со идејата да направи нешто револуционарно од областа на психијатријата. Тука ја вклучуваме нефамозната лоботомија, хипнозата, како и „лечењето“ хомосексуалност со помош на шок-терапии каде пациентот го фрлаат од врела во ледена вода. Кул.

Сестра Милдред е во болницата поради лична, тајна и мрачна причина, но нејзиниот престој таму ќе ја натера да преиспита многу делови од нејзиниот живот, вклучувајќи го и себеприфаќањето.

За разлика од погорната, во оваа серија може да се случи да трепнеш и да пропуштиш битен детал. Не знам за други, ама јас на моменти се спојував со екранот.

[QUOTE="Electra, post: 372569, member: 229"] Ако ништо друго, бар 2020та донесе интересни серии за гледање. Овие две серии ги изгледав за рекордно брзо време (читај: по еден ден од серија) и би ги препорачала секому. [B]The Haunting of Bly Manor (2020)[/B] Ако ја имате гледано првата сезона т.е. The Haunting of Hill House (ако не, задолжително), сигурно ќе ви се допадне и оваа, иако не е полна со jump scares ко првата. Но, таа меланхолија е и баш она што ми се допадна (можеби има некои спооори моменти, но простено им е). Ми се допаѓа и што серии ко оваа и AHS даваат различни улоги на истите актери. За содржината нема што многу да се објаснува бидејќи самиот наслов кажува. Млада жена, бегајќи од своето минато, заминува за Велика Британија каде наоѓа работа како дадилка на две преслатки, но малку чудни дечиња, а набрзо дознава дека не се само дечињата што е чудно во таа куќа. Децата глумат толку предобро и се толку шармантни, што со другаркава се топевме и чудевме на нивниот талент. На крај, мислењата ни останаа сосема спротивни, освен што се сложивме дека претпоследната епизода беше најдобра, другарка ми ѝ дава 1, јас 4,5. Таа остана индиферентна, јас дома се изнаплакав на крајот бидејќи приказната ми остави некој слатко-горчлив вкус. Приказна за пожртвуваност, неисполнети желби, страдање, пронаоѓање себеси и безусловна љубов во време кое не е многу далечно, но не дозволувало баш да бидеш она што си. Крајно, if everything else fails за ваш вкус, бар забавно е да се бараат духовите во позадина, кои се мајсторски скриени. :) [B]Ratched (2020)[/B] Oh boy... од каде да почнам пак за оваа. Веројатно најпрвин од тоа што актерската екипа е составена од жени како Сара Полсон, Синтија Никсон и Шерон Стоун (како прекрасно старее женава, леле). Дејството се одвива во 40тите години на минатиот век, каде Милдред Рачед (Полсон) успешно се протнува ко медицинска сестра во елитна психијатриска устанува и набрзо му влегува под кожа на Др. Хановер - главниот т.е. единствен доктор во Лусија Стејт Хоспитал, кој е опседнат со идејата да направи нешто револуционарно од областа на психијатријата. Тука ја вклучуваме нефамозната лоботомија, хипнозата, како и „лечењето“ хомосексуалност со помош на шок-терапии каде пациентот го фрлаат од врела во ледена вода. Кул. Сестра Милдред е во болницата поради лична, тајна и мрачна причина, но нејзиниот престој таму ќе ја натера да преиспита многу делови од нејзиниот живот, вклучувајќи го и себеприфаќањето. За разлика од погорната, во оваа серија може да се случи да трепнеш и да пропуштиш битен детал. Не знам за други, ама јас на моменти се спојував со екранот. :D [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Каква боја е снегот?
Испрати мислење
Форум
Медијатека
ТВ
Серии и емисии
Предлози за серии
На врв
Bottom