Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Медијатека
ТВ
Серии и емисии
Предлози за серии
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

The Borgias.

Временски сместено во Италија при крајот на 15тиот и самиот почеток на 16тиот век, во временски опсег од 3-4 години (Барем така изгледа). Значи ренесансна Италија, градови-држави како Фиренца, Ромања, Венеција и големи кралства како Франција, Шпанија, Неапол и секако Светата Римска Држава. Класична борба кој би седнал на тронот, многу интриги, сплеткарења, афери, секс, (не)моралност (за тие прилики), итн...

Зошто е добро да се погледне серијава:

- Историски иако е малку искривена, приближно многу добро ги оцртува тогашните прилики.

- Снимано е на лице место (in situ) (Рим, Неапол) без додавки на многу специјални ефекти и шминка. Сепак ова не е акционен филм туку чиста драма.

- Реални политички околноси. Мислам дека главен извор им е Макјавели, како и онака му посветија и неколку епиознда улога.

- Реална слика и прилика на тогашната католичка црква. Многу е погрешно тоа што во учебниците се споменува дека католичката црква не ја поттикнувала ренесансата и хуманизмот. Од друга страна цркава сама по себе како корумпирана институција го отсликува сиот тој разврат меѓу благородништвото, свештениците и обичната раја.

Што има „вишак/мањак“ серијата:

- Иако се состои го мноштво глумци од европско тло, направена е за америчка публика. Некаде во средината на втората сезона се осеќа тој стандарден амерички „шљам“ на индивидуалност - каде буквално се` зависи од моментумот и индивидуата. Фрлено е светло само на одредени поединци и нивните животни приказни, недостасува малку повеќе историчност - факти.

- Преголемиот акцент удрен за ЛГБТ, инцест и лезбејството (иако црквата ги забранувала тогаш). Мислам дека со тоа се обиделе да додадат малку повеќе каприциозност (демек вау контроверзии(, но реално за ова ново општество станува здодевно. Пак ќе кажам, го имам ова заприметено повеќе во амерички блокбастер филмови отколку во некој култен.

Актерската екипа е солидна, со Џереми Ајронс како еден од главните протагонисти, без ништо повеќе да додадам одлично си ја изигра улогата како Папа Александар VI. Чезаре Борџа, од друга страна, десната рака на Папата, со многу поголеми амбиции од еден обичен Кардинал. Прв пат го гледам глумецов, но би погледал уште некое филмче со него дефинитивно. Лукреција... Ја направија многу мека во филмот (во реалноста сечела глави), но ако ја видиш не може да те остави рамнодушен. Нејзината наивност го одзема сечиј здив на големите благородници, вклучувајќи го и на Чезаре. Каталина Сфорца, во првите 2 епизоди мислев дека оваа улога би и била соодветна на Лукреција. Нескротлива дури и во најтешките моменти, she never bows to anyone unless she has some interests in it. Миќелето, или десната рака на Чезаре. Асасин парекселанс. На крајот многу работи се испревртија со него, но шта је ту је. Одлично си изглуми човекот.

Зошто серијата запре со снимање:

Затоа што реално им` снема идеи. Голема грешка направија што ја разводнија прикаската. Во време кога имаш конкуренција налик на Game of thrones, подобро е да бидеш краток и јасен отколку да се тркаш со една толку популарна серија во битка која сигурно немаш шанса да победиш. Поентата на Борџии беше да има конкретност со мала доза на сплеткарење, а не обратно - сплеткарењето да биде лајф мотивот во серијата. Тука ја направија капиталната грешка. Секој кој би ја гледал, после 2та сезона веќе би му станало монотоно со сплетките.

Зошто ја препорачувам? Бидејќи иако има ставено одредена америчка извештаченост, самата серија има свој историски шмек. Животот тогаш е одлично пресликан, одредени историски поединости се поклопуваат совршено, религијски е неутрална, со подеднакво фрлање на критика на црквата како инститиуција но и величење на моќта на папата.

Ако ништо друго, првата сезона е совршен вовед во животот на еден жител од ренесансата.

Од мене има оценка 4/5.

[QUOTE="Saladin, post: 335198, member: 272"] The Borgias. Временски сместено во Италија при крајот на 15тиот и самиот почеток на 16тиот век, во временски опсег од 3-4 години (Барем така изгледа). Значи ренесансна Италија, градови-држави како Фиренца, Ромања, Венеција и големи кралства како Франција, Шпанија, Неапол и секако Светата Римска Држава. Класична борба кој би седнал на тронот, многу интриги, сплеткарења, афери, секс, (не)моралност (за тие прилики), итн... Зошто е добро да се погледне серијава: - Историски иако е малку искривена, приближно многу добро ги оцртува тогашните прилики. - Снимано е на лице место (in situ) (Рим, Неапол) без додавки на многу специјални ефекти и шминка. Сепак ова не е акционен филм туку чиста драма. - Реални политички околноси. Мислам дека главен извор им е Макјавели, како и онака му посветија и неколку епиознда улога. - Реална слика и прилика на тогашната католичка црква. Многу е погрешно тоа што во учебниците се споменува дека католичката црква не ја поттикнувала ренесансата и хуманизмот. Од друга страна цркава сама по себе како корумпирана институција го отсликува сиот тој разврат меѓу благородништвото, свештениците и обичната раја. Што има „вишак/мањак“ серијата: - Иако се состои го мноштво глумци од европско тло, направена е за америчка публика. Некаде во средината на втората сезона се осеќа тој стандарден амерички „шљам“ на индивидуалност - каде буквално се` зависи од моментумот и индивидуата. Фрлено е светло само на одредени поединци и нивните животни приказни, недостасува малку повеќе историчност - факти. - Преголемиот акцент удрен за ЛГБТ, инцест и лезбејството (иако црквата ги забранувала тогаш). Мислам дека со тоа се обиделе да додадат малку повеќе каприциозност (демек вау контроверзии(, но реално за ова ново општество станува здодевно. Пак ќе кажам, го имам ова заприметено повеќе во амерички блокбастер филмови отколку во некој култен. Актерската екипа е солидна, со Џереми Ајронс како еден од главните протагонисти, без ништо повеќе да додадам одлично си ја изигра улогата како Папа Александар VI. Чезаре Борџа, од друга страна, десната рака на Папата, со многу поголеми амбиции од еден обичен Кардинал. Прв пат го гледам глумецов, но би погледал уште некое филмче со него дефинитивно. Лукреција... Ја направија многу мека во филмот (во реалноста сечела глави), но ако ја видиш не може да те остави рамнодушен. Нејзината наивност го одзема сечиј здив на големите благородници, вклучувајќи го и на Чезаре. Каталина Сфорца, во првите 2 епизоди мислев дека оваа улога би и била соодветна на Лукреција. Нескротлива дури и во најтешките моменти, she never bows to anyone unless she has some interests in it. Миќелето, или десната рака на Чезаре. Асасин парекселанс. На крајот многу работи се испревртија со него, но шта је ту је. Одлично си изглуми човекот. Зошто серијата запре со снимање: Затоа што реално им` снема идеи. Голема грешка направија што ја разводнија прикаската. Во време кога имаш конкуренција налик на Game of thrones, подобро е да бидеш краток и јасен отколку да се тркаш со една толку популарна серија во битка која сигурно немаш шанса да победиш. Поентата на Борџии беше да има конкретност со мала доза на сплеткарење, а не обратно - сплеткарењето да биде лајф мотивот во серијата. Тука ја направија капиталната грешка. Секој кој би ја гледал, после 2та сезона веќе би му станало монотоно со сплетките. Зошто ја препорачувам? Бидејќи иако има ставено одредена америчка извештаченост, самата серија има свој историски шмек. Животот тогаш е одлично пресликан, одредени историски поединости се поклопуваат совршено, религијски е неутрална, со подеднакво фрлање на критика на црквата како инститиуција но и величење на моќта на папата. Ако ништо друго, првата сезона е совршен вовед во животот на еден жител од ренесансата. Од мене има оценка 4/5. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Медијатека
ТВ
Серии и емисии
Предлози за серии
На врв
Bottom