Преголемата претенциозност при избор, читање на литературно дело

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога некој писател не ни се допаѓа, доволно ни е едно негово дело по некоја логика, и да го прогласиме за писател кој не сакаме да го читаме. Бар така правам јас, а верувам и повеќето, ако не и сите.

И сега, ако вас Коељо ви е човек со дела без никакви уметнички вредности, тогаш зошто сте ги читале сите негови дела?
Дали тоа значи дека можеби ви се допаѓа бар малце за да прочитате повеќе негови дела, ама не можете да признаете баш поради тоа што не е прифатен од оние кои којзнае како си зеле за право да кажуваат што е добра а што лоша литература и е карактеризиран како шунд, па со тоа што ќе кажете слободно дека некоја книга ви се допаднала ќе ви залепи етикета на просечен човек без вкус?
Само онака спомнав...

Точно е, секоја книга си има читател, секој си има различни вкусови, секој поинаку доживува и тоа што можеби некој во Алхемичарот си ја пронашол својата животна филозофија не го прави ништо подоле од оној што чита книги од големи умови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Saladin

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас им давам шанса на писателите барем со две книги. За мене е тоа правилно.
Хоуп, пред 5 години ми се допаѓаа книгите на Паоло, ама како што кажав, во свое време биле читани. Чувствувам дека ги одраснав, а во меѓувреме прочитав многу други книги и направив споредба, па сега слободно си земам за право да не го препорачувам него туку нешто друго, според мене поквалитетно.
Читам за себе, не за масата да ме прифати. Мислам тоа е правилно.
Слободно залепи ме со каква сакаш етикета, имаш право да ме обележиш онака како ме доживуваш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас би се сложила со еден член погоре , дека ова е некако со голем замав застапено во сите делчиња на современото живеење. Но ,темата тука е за книги, да не навлегувам во други сфери , го имам приметено да...јас дури сум запрепастена од ова помодарство кое се тера во врска со книгите како и со модата еве , баш некако слично ми делуваат тие работи. Кога во еден момент правиш можеби некаков муабет за некаков цитат на Фројд или Кафка од друга страна и кога сфаќаш дека соговорникот или критичарот просто се нафрла со зборови , зборови со изразито високо потекло, висок стил на пишување а сето тоа тебе ти изгледа како ,, чавка со сиџим,, да се изразам просто . Не е поентата да се докажуваме или да си мериме капацитети, а особено да прифаќаме работи затоа што некој паметен тоа го читал па така сега проповеда. Да се разбереме, конструктивниот критицизам е едно....плагијаторството сосема друго. И така се се врти у круг, ние испаѓаме хејтери , тие испаѓаат префинети. Книгата не те ограничува, не ја ограничувај ни ти неа...само со читање и постојана потрага доколку не негуваш некој посебен стил можеш самиот себе да се пронајдеш. Ве молам , да не робуваме на наметнати кругови на наметнати социјални правила....еве авторот на темата го спомнал Достоевски( сите сме го читале го читаме , има што да се дискутира тука...ама има и еден тон модернисти и еден тон деца што пишале книгиче кое ќе те откорне коа ќе го прочиташ. Ако се најдеш у нешто макар да е тоа некаков стих, драма , трилер или овој Коељо - девојчињава шо го сакаат, нема суд тука, јас тука се пронаоѓам , јас го доживувам ,јас сакам да го анализаирам да го проучувам тоа и тоа дело....јас слободно без страв влегувам во дискусија и ги бранам моите ставови ако тоа е тоа што мене ме жари . Ете тоа , ако дозволиш личниот интегритет да го загубиш ако воопшто си го имал...не знам сеа разни луѓе разни стории ама по цена на social climbing ....ќе биде младата критичка маса...бацила је све низ рјеку. Само со малку повеќе верба и работа околу себе и околу својот стил , можете да дојдете до израз и всушност да бидете задоволни од себе. Тогаш the front row of socialites ќе остане само тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Секој писател има нешто да понуди, да пренесе некаква порака на одредена маса на читатели. Не сакам многу да ги оценувам книгите, и кога треба да дадам оценка како на пример на GoodReads од кога ќе прочитам книга се мислам одредно време. Книгите или ми се допаѓаат или не. Читам се. Никогаш не ми било пресудно туѓото мислење дали некоја книга би ми се допаднала, и никогаш не читам само за да се вклопам во друштво или да се најдам во муабет. Баш заради тоа што се работи за вкусови. Но, од друга страна подобро е да се чита нешто одколку ништо.
Јас немам правило од една или две книги. Или читам или не.
Конкретно за Паоло, пак се навраќам на тоа дека секој писател си има одредена публика. Кај нив го ужива статусот на култен писател, додека кај други на квази писател, или пак кај трети нема никаков статус. Се е до перцепцијата и вкусот. Книгите што ги имам прочитано од него, поодамна, не ми оставиле некој посебен впечаток, ги имам прочитано само заради тоа што ми се нашле при рака. Истото и за Винка. Зависи од стилот на писателот, кај некого ми е доволно една книга, а кај некој или две или три.
Воопшто не се согласувам за лепењето етикети. Ако според мене Паоло е просечен писател тоа не значи дека луѓето што го читаат се просечни читатели без вкус. Исто ако некој го чита Достоевски тоа не го прави гениј.
Хоуп* , ако прочитам две - три книги од ист автор, тоа не значи дека потајно ми се допаѓа стилот, туку само им давам шанса на книгите.